20241130 12 1024x768.jpeg

НАСТАН ЗА ПОДИГАЊЕ НА СВЕСТА ЗА НАСИЛСТВОТО: НАЧИНИ ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА И ПРЕВЕНЦИЈА

„ПРЕКИНИ ГО МОЛЧЕЊЕТО, ЗАПРИ ГО НАСИЛСТВОТО“

На 30 ноември 2024 година, во општина Могила се одржа едукативна работилница со предавања на теми за подигнување на свеста за насилството: Начини за идентификација и превенција. Настанот беше дел од Меѓународната кампања „16 дена активизам за елиминација на насилството врз жените и семејното насилство“.

Работилницата ја водеа Каролина Димеска, самостојна инспекторка од Отсекот за превенција при СВР Битола, и Мелек Ј. Текешаноска, помошник-инспекторка од ОВР Прилеп – НККР – ОК. Тие ги запознаа присутните со методи за препознавање на различните форми на насилство, како и со мерките за превенција и заштита што се на располагање на жртвите.

Настанот нагласи дека едукацијата е клучен фактор во борбата против насилството. Се испрати јасна порака дека секој има право на живот без страв и насилство и дека борбата против насилството е заедничка одговорност.

Настанот ја потврди важноста на едукацијата како средство за подигнување на свеста за личната безбедност и зајакнување на колективната одговорност во борбата против насилството. Учесниците беа поттикнати да бидат активни носители на промени, со цел да се создаде општество ослободено од насилство.

Искрена благодарност упатуваме до СВР Битола и ОВР Прилеп, предавачите и сите присутни .

Овој значаен настан е дел од заедничкиот проект „Гласот и учеството на жените и младите во: Креирање јавни политики и овозможувачка средина за граѓанско учество.“ се спроведува од „Женска граѓанска иницијатива АНТИКО“, Скопје и проектните партнери Здружението „СЕКОГАШ СОЖИВОТ“– с. Канатларци – Прилеп и „ЗОК АДРИОН“, Желино.

Поддржан од Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas.

Цивика мобилитас е проект на Владата на Швајцарија, кој го спроведуваат МЦМС,НИРАС и ФЦГ. Мислењата кои се изразени овде се на Здружението “Секогаш Соживот„ не нужно ги одразуваат ставовите на Швајцарската Влада, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор