Поддршка и солидарност од „Меѓаши“ за The Agenda the Child Association (Gündem Çocuk Derneği) од Турција

Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ упати реакција до членовите на Комититетот за права на детето при ООН, до меѓународните организации и мрежи за заштита на правата на детето, до амбасадите и медиумите во врска со затворањето на партнерската организација The Agenda the Child Association и уште 375 граѓански организации во Турција. Реакцијата е подолу.

До Членовите на Комитетот за правата на детето при ООН, до меѓународните организации и мрежи за заштита на правата на детето, до амбасадите, до медиумите.

Предмет: Поддршка и солидарност за The Agenda the Child Association (Gündem Çocuk Derneği) од Турција и сите други 375 граѓански организации кои се забранети и затворени во Турција
 
Почитувани,
Со ова обраќање ја изразуваме нашата загриженост и огорченост за затворањето на 375 граѓански организации во Турција. Една од нив е и The Agenda the Child Association (Gündem Çocuk Derneği) од Турција која е партнерска граѓанска организација на Првата детска амбасада во светот Меѓаши и која исто така ги штити и застапува детските права. Активностите на The Agenda the Child Association (Gündem Çocuk Derneği) се прекинати од страна на Турската влада за период од 3 месеци почнувајќи од 11.11.2016 година.
 
Првата детска амбасада во светот Меѓаши како меѓународна организација чија мисија е застапување и заштита на правата на детето како и зајакнување на граѓанското движење за правата на децата, дава целосна поддршка за продолжување на работата на The Agenda the Child Association од Турција (Gündem Çocuk Derneği). Воедно и итно бараме од турските власи да ја преиспитаат оваа одлука, да ја повлечат забраната за The Agenda the Child Association (Gündem Çocuk Derneği).
 
Ова барање и информација за потешкотиите кои ги има The Agenda the Child Association ќе биде проследено до сите Европски и светски мрежи за заштита на детските права во кои Првата детска амбасада во светот Меѓаши членува, како и до сите надлежни институции, сите тела на Обединетите нации, до амбасадаите во Република Македонија, Комитетот за заштита на детски права, како и домашните и светските медиуми.
 
Во солидарност со нашата партнерска организација од Турција, заедно продолжуваме во оваа борба за одбрана на достоинството, дигнитетот и работата на The Agenda the Child Association (Gündem Çocuk Derneği) и сите други 375 граѓански организации кои се затворени! Секое дете е важно и секое дете заслужува да има некој што ќе го подигне гласот за него, ќе ги штити неговите права, а тоа денес не е можно без организации каква што е The Agenda the Child Association (Gündem Çocuk Derneği)!
 
Во прилог следуваат обраќањето на The Agenda of the Child Association со барање за поддршка и солдидарност и написи во печат во Турција за оваа органзиација.
Написи: 1, 2, 3
 
М-р Драги Змијанац Директор и основач на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ

Продолжи со читање

  • Елаборат за четириесетите – XL Средби на извидници Велес 2026

    Почитувани извидници, извидничкиот одред “Димитар Влахов” од Велес одбележувајќи ја седмата деценија на постоење на извидништвото во Велес и Денот на Државноста на Македонија, Ве поканува на традиционалните XL Средби на извидници 2026. Во периодот од 1975 до 2026 година, успевaме да организираме четириесет Средби на извидници од кои последните…

  • Ново регионално партнерство: Здружението започнува проект поддржан од Western Balkans Fund и Европската Унија

     Со голема чест и задоволство споделуваме дека Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености е добитник на грант од Фондот за Западен Балкан (Western Balkans Fund), кофинансиран од Европската Унија! На 24 и 25 јуни 2026 година во Тирана, Албанија, присуствувавме на дводневната партнерска работилница и свечената церемонија…

  • Успешно реализирана XXVI Вардарска регата “Гемиџии 2026“

    Иако регатата се одвива по 26-ти пат, ова е трета година во која пловидбата заврши во Солун, идентично како онаа на велешките трговци во минатото. Чамците растоварени, пловењето успешно завршено, се сумираат впечатоците од Вардарска регата „Гемиџии“ која по 26-ти пат ја оживеа традицијата и патшествието на велешките трговци во…

  • Од отпад до производ: Како био-отпадот станува дел од нашето секојдневие

    Био-отпадот претставува органски отпад кој потекнува од домаќинствата, пазарите, градините и прехранбената индустрија. Во оваа категорија спаѓаат остатоци од овошје и зеленчук, талог од кафе, лушпи од јајца, лисја и трева.
    Иако најчесто се третира како отпад, био-отпадот претставува вреден ресурс. Во контекст на циркуларната економија, тој се користи како суровина за создавање нови материјали, енергија и производи што повторно се враќаат во економскиот циклус.

    https://unsplash.com/photos/person-holding-eco-not-ego-signage-_kB9NKpErH4
    Во традиционалниот модел, био-отпадот најчесто завршува на депонии, каде што при разградување без кислород се создава метан – силен стакленички гас кој придонесува за климатските промени. Во циркуларниот пристап, истиот отпад се третира како ресурс и се трансформира во компост, биоматеријали, природни ѓубрива и иновативни производи. На овој начин се намалува количината на отпад, се намалуваат емисиите и се поттикнува развој на зелени технологии и локални бизниси.
    Овој пристап е тесно поврзан со пораката „Eco, not ego“, која потсетува дека одржливите избори ја ставаат еколошката одговорност пред краткорочната индивидуална удобност. Со тоа, био-отпадот се гледа не како проблем, туку како почеток на нов циклус на вредност, обновување и одржлив развој.

    Примери на продукти изработени од био-отпад

    Биопластика и дизајн-предмети од талог од кафе – Coffeefrom (Италија): Италијанскиот стартап Coffeefrom го претвора искористениот талог од кафе во биопластика и композитни материјали кои се користат за дизајнерски производи, пакување и индустриска примена, покажувајќи дека дури и секојдневниот отпад може да добие нова вредност.

    (Извор: EU-Startups, август 2025 – eu-startups.com | Renewable Matter – renewablematter.eu)

    Биоразградливо пакување од мицелиум и земјоделски отпад – Grown.bio (Холандија): Компанијата Grown.bio користи мицелиум и земјоделски отпад за производство на целосно биоразградливи пакувања и изолациски материјали кои нудат одржлива алтернатива на пластиката и стиропорот.

    (Извор: European Circular Economy Stakeholder Platform – circulareconomy.europa.eu | Saladplate, октомври 2025 – saladplate.com)

    Еко-кожа од манго отпад – Fruitleather Rotterdam (Холандија): Fruitleather Rotterdam го рециклира отпадот од манго што не ги исполнува пазарните стандарди и го претвора во издржлив вегански материјал кој се користи за изработка на чанти, паричници и други модни производи.

    (Извор: Plant Based News, мај 2025 – plantbasednews.org | Nature Biotechnology, 2025 – nature.com)

    Фото:https://unsplash.com/photos/a-pile-of-garbage-sitting-on-top-of-a-grass-covered-field-pprCuLQopHw
    Овие примери покажуваат дека отпадот не мора да биде проблем кој треба да се отстрани. Со соодветна креативност, технологија и визија, тој може да стане вреден ресурс кој создава нови производи, нови работни места и помало влијание врз природата.
    Циркуларната економија нè учи дека секој материјал има потенцијал за нов живот. Наместо да гледаме на био-отпадот како нешто без вредност, можеме да го препознаеме како можност за иновации и одржлив развој. Токму во оваа промена на перспективата лежи клучот кон поодржлива иднина.
     
    Оваа статија е подготвена во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, спроведуван од Центарот за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Еко Логик и Флорозон – Центар за еколошка демократија, со поддршка од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.
    Содржината на оваа статија е единствена одговорност на Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Еко Логик и Флорозон – Центар за еколошка демократија и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.
    Автори: Јасмина Петровска, Еко Логик и Ана Серафимова, Еко Логик

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор