1 2048x1536 Mcms.jpeg

Волонтерите и граѓанските организации – заедно за поголемо влијание

На 27-28 ноември 2024 година, во Битола се одржа работилница за волонтерство и развивање на програми за волонтирање, организирана во рамки на проектот ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2.

Оваа работилница беше спроведена како последователна активност на онлајн Обуката за волонтерство, со цел да се продлабочи разбирањето за вредностите на волонтерството и да се зајакнат капацитетите на граѓанските организации за управување со волонтери.

Учесниците ја нагласија важноста на волонтерството како двигател  за позитивни општествени промени. Преку ангажирање волонтери, организациите добиваат поддршка, а волонтерите можат да стекнат нови вештини и да ја зајакнат поврзаноста со заедницата.

2 980x551 MCMS

При ангажирање на волонтери се многу важни процесите. За оваа цел се прави еден циклус на ефективен волонтерски менаџмент кој што личи на проектен циклус. Овој циклус ни дава информација дали сите фази се опфатени и влијаат една на друга.

Дел од организациите нагласија дека немаат време, ниту ресурси да воспостават ваков систем, но обучувачот Златко Талевски предложи алтернативна опција за организациите кои немаат доволно ресурси за вакви процеси, односно  ангажирање волонтери за да го водат тој циклус.

„Волонтерите се нашата сила и мораме да внимаваме како го воспоставуваме овој систем во нашите организации. Сите проблеми настануваат кога не ги следиме овие чекори“ изјави обучувачот Златко Талевски.

Најголема дискусија се разви на сесиите за мотивирање на волонтерите. Учесниците споделија лични искуства и практични совети.  Ќерим Бајрами од здружението МРИКА, Куманово, ја истакна љубовта кон средината и заедницата како извор на мотивација за волонтерите, додека Драгица Вучковиќ од „Екодрводекор“ сподели дека нејзиното волонтерски активизам започнал од обично хоби.

„Јас на времето започнав со волонтирање преку хоби, сметам дека секој човек може да најде мотивација и од идејата за корисно да го пополни своето време“ изјави Драгица Вучковиќ од Екодрводекор.

3 980x551 MCMS

На работилницата учесниците се едуцираа и за правни аспекти на волонтирањето. При разгледувањето на Законот за волонтирање беа презентирани детали кој се може да биде организатор на волонтерската работа. Законот за волонтирање го ограничува ангажирањето волонтери во приватни (профитни) компании, за да се спречи злоупотреба на трудот. Приватни компании можат да ангажираат само практиканти, кои мора да бидат платени согласно законот. Организатори на волонтерска работа можат да бидат здруженија на граѓани и фондации, верски заедници и религиозни групи, органи на државната власт, јавни установи, единици на локалната самоуправа и Градот Скопје.  

 „На времето се организираа многу волонтерски работни акции, кои на сите ни се останати во позитивна меморија. Многу млади учестуваа во овие работни акции, и имаа можност да се стекнат со практична работа, да развијат нови вештини и искуства, нови контакти и да се социјализираат“ сподели Мавроди Карпичаров од ЗПП „Лирас“ Штип.

4 980x551 MCMS

Доколку ја пропуштивте оваа работилница, ве покануваме да се пријавите на следниот настан „Да разговараме за МЛАДИТЕ И ВОЛОНТИРАЊЕТО“ кој ќе се одржи на 5 декември 2024 година во Штип, по повод Светскиот ден на волонтерите. Регистрирајте се на следниот линк.

Работилницата беше организирана во рамки на проектот „ЕУ поддршка за Граѓанскиот ресурсен центар – фаза 2“, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Националната фондација за развој на граѓанско општество Граѓански ресурсен центар, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Медиа плус, Штип и Асоцијација за демократски иницијативи – АДИ, Гостивар.


Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Македонски центар за меѓународна соработка

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор