„Дарежлив Вторник“ на 3 декември
Со голема радост, заедно со ЦСИ Надеж, Легис, Еквалис, Отворена Порта и Крик, ве покануваме да ни се придружите на хуманитарниот настан „Дарежлив Вторник“, кој ќе се одржи на 3 декември 2024, каде што, во рамките на нашата акција „Љубовта зборува таму каде што системот молчи“, ќе ја продолжиме нашата мисија за поддршка и промена.
Целта на оваа акција е собирање средства за организирање на работилница за родители, насочена кон подигање на свесноста за превенција и рана детекција кај младите кои употребуваат дроги.
На првата работилница, учесниците креираа уникатни маици со инспиративни пораки, кои служат како поттик за промена. Сега, со вашата донација, можете да добиете подарок – маица или друг уникатен предмет како знак на благодарност. Вашата поддршка е повеќе од донација – таа е чин на љубов и инспирација за промена.
Повикајте цимер, пријател или партнер, за да се дружиме, разговараме, сликаме на платно, изработуваме најразлични мотиви и дизајни со кои ќе ги пренесеме идеите и пораките за поддршка, љубов и прифаќање.
3 декември 2024
Лабораториум
Почеток во 18:00 часот