Завршна конференција на Мрежата за заштита од дискриминација

Завршна конференција на Мрежата за заштита од дискриминација

Денеска се одржи завршната конференција на Мрежата за заштита од дискриминација, насловена „Разбивање стереотипи, разоткривање невистини и трасирање на патот за родова еднаквост“.
Конференцијата ја посветивме на потребите од унапредување на родовата еднаквост во време на намалена политичка волја и антиродови кампањи кои сѐ повеќе го наметнуваат дискурсот служејќи се со пропаганда, дезинформации и говор на омраза.
– На првиот панел зборувавме за дискриминацијата кон жените од руралните средини, со фокус на нивното исклучување од правото на платено отсуство поради раѓање, бременост, мајчинство, болест и повреда.
На панелот го промовиравме документарното видео изработено во соработка со Види Вака „Земјоделки- светулки на маката и ги презентиравме клучните наоди и заклучоци од анализата „Меѓународни стандарди и компаративни практики за остварување на правото на парични надоместоци заради привремена спреченост за работа поради болест, повреда, бременост, раѓање и мајчинство“.
И покрај тоа што повеќе од 70 здруженија и мрежи побараа законско решавање на овој проблем, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утвдри дискриминација и препорача на надлежните министерства да направат законски измени, а Собранието едногласно го поддржа законското решение, веќе пола година Комисијата за здравство не го става законот на дневен ред.
– Вториот панел, насловен „Влијанието на антиродовите кампањи кон политиките за унапредување на родовата еднаквост“, имаше за цел да ја прикаже состојбата со антиродовите движења и опасностите од нивното влијание кон политиките за родова еднаквост и недискриминација.
– Кревката политичка волја по прашањата за родова еднаквост дополнително исчезна под влијание на антиродовите дивижења, каде Македонската православна црква ја гледаме како клучен актер.
Оттука, на панелот дискутиравме за потребите од дополнителна мобилизација и градење на резилиентност на движењето за родова еднаквост и донесувачите на одлуки со цел продолжување на напорите за унапредување на женските права, сексуалното и репродуктивно здравје и правата на ЛГБТИ луѓето.

Продолжи со читање

  • Членовите на Советот на МЦМС ја истакнаа клучната улога на МЦМС во граѓанскиот сектор

    Советот на Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) на 28 април 2026 година одржа редовна седница, на која беше разгледан и усвоен Годишниот извештај на организацијата за 2025 година, наративен и финансиски, заедно со Извештајот од независниот ревизор.

  • МЛАДИНСКА ШКОЛА ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ И ЛОКАЛЕН АКТИВИЗАМ

    Млади гласови, конкретни чекори: 21–24 април 2026, СкопјеУчесници од: Скопје · Штип · Битола · Струга · Крива Паланка · Центар Жупа Школата за родова еднаквост и локален активизам обедини седум млади луѓе од шест различни општини, со различни искуства и позадини, но со заедничка […]
    The post МЛАДИНСКА ШКОЛА ЗА РОДОВА ЕДНАКВОСТ И ЛОКАЛЕН АКТИВИЗАМ appeared first on Myla.

  • Европски зелен договор и Зелена агенда за Западен Балкан

    Како Европскиот зелен договор влијае врз нашата иднина? Што значи Зелената агенда за Западен Балкан за младите, бизнисите и заедниците? На настанот кој се одржа во соработка со СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ – Кавадарци присуствуваа многу млади лица, претставници од општините, училиштата и институциите. Заедно имавме можност да дискутираме и да научиме нешто повеќе за Европскиот зелен договор и Зелената агенда за Западен Балкан. Без суштински реформи, јасна визија и политичка волја, Европскиот зелен договор за нас останува повеќе декларативна цел отколку реално достижен пат. Додека сè уште се бориме со основни системски слабости, зборуваме за Европскиот зелен договор како да сме подготвени за иднината, а не сме ги решиле проблемите на сегашноста. Зелената транзиција бара институции, инвестиции и одговорност – три столба што кај нас сè уште не се доволно цврсти за исполнување на европските стандарди. Зелена иднина започнува денес! Да бидеме дел од решението – не од проблемот. Фотографии:

  • Брифинг за медиуми: Македонија каска во превенцијата на рак на грло на матка

    На 28.04.2026 година ЕСЕ одржа брифинг за медиуми на кој беа презентирани наодите од мониторингот на спроведувањето на Програмата за скрининг на рак на грлото на матката. Анализата покажува дека Македонија е далеку од потребниот опфат на жени со скрининг, неопходен за навремено откривање и превенција на ова заболување. Во…

  • Соопштение за медиуми – Македонија каска во превенцијата на рак на грло на матка

    Македонија заостанува во борбата против рак на грло на матка и е далеку од исполнување на целта за опфат на 70% од жените со скрининг до 2030 година со цел целосно искоренување на смртноста од оваа болест, поставена од Светската здравствена организација. Главна причина за ваквата состојба е што Програмата…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор