ФРЛЗ штип

Повик за доставување на понуди од експерти за спроведување на истражување за механизмите за граѓанско учество

До: Сите заинтересирани

Дата: 22.03.2023 година

Предмет: Повик за доставување на понуди од експерти за спроведување на истражување за механизмите за граѓанско учество како и тенденциите за граѓанското учество во рамки на проектот „Организациска поддршка за зајакнување на локалната демократија“ Реф. Бр. 0000010749.

Почитувани,

Фондацијата за развој на локалната заедница Штип Ве поканува да доставите понуда за испорака на услуги за спроведување на истражување и подготовка на сеопфатна анализа за користењето на механизмите за граѓанско учество и директна демократија во локалната самоуправа и нивното влијание во процесот на децентрализација.

Периодот на имплементација е 10 месеци, во период од 15.04.2023 до 15.02.2024 година.

Анализата треба да ја опфати територијата на целата држава, а како целни групи во основа се сите 81 општина, вклучувајќи го Градот Скопје, ЗЕЛС, Министерството за локална самоуправа, Центрите за развој на планските региони во сите региони од државата, граѓанските организации и граѓаните.

Условите за работа, целите и очекуваните резултати од ангажманот детално се опипани во документот „Услови за работа“ (во прилог на ова барање). 

Понудата треба да ги содржи следниве информации:

На повикот имаат право да се пријават сите заинтересирани правни и физички лица, резиденти на Р. Северна Македонија. Повеќе детали за условите и начинот на пријавување можете да најдете во документот ,,Услови за работа”.

Сите заинтересирани лица може да се пријават самостојно или како тим од истражувачи, при што неопходно е најмалку главниот истражувач да ги исполнува сите услови наведени во точка 8. Доколку се работи за правно лице, неопходно е да се достават биографии од сите истражувачи кои ќе бидат вклучени во истражувањето.

Понудата се доставува во електронски на следнава адреса: btrendova@frlz.org.mk со назнака: „За тендер Реф.бр.0000010749” или во затворен коверт, по пошта или на рака во архивата на Фондација за развој на локалната заедница Штип, на Ул. Маршал Тито бр.37 4/2 , 2000 Штип.

На надворешната страна на ковертот наведете: За тендер Реф.бр. 0000010749 и текстот „да не се отвора пред сесијата за евалуација”.

Документацијата која се поднесува во копија треба да е заверена од добавувачот со печати потпис од одговорното лице, со назнака „Верно на оргиналот”.

Докумените во понудата доставени по е-пошта треба да се скенирани и со печат и потпис од одговорното лице.

Понудата треба да се достави во рок од 15 дена од денот на прием на барањето, но не подоцна од 05.04.2023 година, до 16:00 часот.

Со почит,

Љубица Трендова

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор