IMG 26e31818a38fc343f6750d40ccd1da32 V

Со телефонската апликација „Дибра он“ до поголемо граѓанско учество

Центарот за одржлив развој на заедницата (ЦОРЗ) од Дебар на 8 февруари 2023 година одржа  јавна трибина, на која ја презентираше мобилната апликација „Дибра он“ наменета за пријавување комунални проблеми. Трибината се одржа во просториите на општината и на неа покрај заинтересираните граѓани, учествуваа и градоначалникот, претседателот на Советот, советници на општинскиот совет, претставници на Јавното комунално претпријатие „Стандард“, претставници на граѓанските здруженија и на општинската администрација.

Техничките можности на апликацијата ги презентираше Адиса Мулареџа од организацијата  „Ротера“ која ја подготви апликацијата. Таа им даде инструкции на присутните како да ја инсталираат во електронските уреди и како да ја користат. Со помош на оваа мобилна апликација, граѓаните ќе имаат можност да пријават комунален проблем со текст, слика или географска положба. Проблемите поврзани со водоснабдувањето, канализацијата, инфраструктурата, осветлувањето или заштитата на животната средина ќе бидат евидентирани во апликацијата и таа ќе ја алармира општината и надлежните органи и компании.  Во дискусијата што следуваше, присутните зборуваа за преносот на информациите, за додавање нови компоненти итн.

IMG-26e31818a38fc343f6750d40ccd1da32-V

„Апликацијата е многу атрактивна и потребна алатка преку која може да заштедиме време и многу лесно да дојдеме до потребните услуги“, рече Блета Села, член на Советот на општината и додаде дека со тек на време, таа ќе треба да се прилагоди за да можат да ја употребуваат сите граѓани без разлика на нивната возраст или степенот на образование. Градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука и претседателот на Советот, Фухат Спахиу ја подржаа апликацијата и истакнаа дека таа ѝ е потребна на општинската администрација исто колку и на граѓаните. На овој начин, локалната власт е поблиску до граѓаните и ѝ дава можност да ја зголеми транспарентноста и отчетноста.

И за Илбер Муладаути, апликацијата многу добро направена, „но“, вели тој, „мислам дека е потребно дополнително промовирање во разни медиуми. Треба дури и да се провери дали има потреба за посебна едукација за нејзината примена (во училиштата, институциите и др.)“.

Сите предлози за подобрување ќе бидат земени предвид за да може граѓаните да добијат функционална алатка што ќе ја користат постојано.

Трибината и подготовката на апликацијата беа овозможени со проектот  „Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија“ на Владата на Швајцарија кој го спроведува Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), а грантовите ги администрира Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

IMG-3e5d5eb6de8e2a1219aef8cbd29e0a81-V

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор