Image 6 MCMS

Младите од Прилеп се мобилизираа за Младинскиот центар да стане реалност

Младински Совет Прилеп, на 20 декември 2022 година во делот на Стара Чаршија во Прилеп организираше Инфо ден за да влијае на подигнување на јавната свест кај младите како и кај креаторите на политики за нивна поголема одговорност и транспарентност во локалната заедница. Овој настан е дел од нивниот проект „Биди креатор на својата автономна зона – Младински центар“.  

Иако наменет за сите граѓани, овој настан имаше посебен фокус на младите, бидејќи тие имаат најголема потреба од oтворање на Младински центар. Инфо денот беше организиран за да се обезбеди поголем ангажман на граѓаните, поттикнување на поголема вклученост на заедницата и како и нејзина мобилизација во барањето политичка одговорност и транспарентност од избраните претставници и потсетување на локалните власти за нивните дадени ветувања.

Волонтерите на Младински совет Прилеп и мобилизаторите на заедницата го применија методот Булевар на мислења (Opinion Boulevard) каде преку видливо поставени табли, младите имаа можност да ги дадат своите мислења за нивната перцепција дали постапувањето на локалната самоуправа кон прашањето за отворање Младински центар е задоволително и дали сметаат дека истото е во процес на спроведување. Младите имаа  можност да дадат мислење и за тоа каков тип на активности и услуги треба да нуди Младинскиот центар. 

„Младинскиот центар им е потребен на младите за да можат дел од своето слободно време да го поминат на интересен и креативен начин. Младинскиот центар во Прилеп е ветен од  Градоначалникот, но се уште не е исполнет“, рече Андреј Тошески, мобилизатор на заедницата.

Image_6-MCMS

„Ние како млади луѓе имаме интереси и сакаме овие интереси да ги споделуваме, да се вмрежуваме со други луѓе. Место каде што ќе можеме да разговараме за своите омилени книги и филмови, место каде ќе играме видео игри, разменуваме идеи, мисли, место каде ќе има свирки и слично. Ова е она што ни е потребно. Па затоа сме денес овде, за да ја подигнеме свеста на младите и локалните власти, односно, да им докажеме на младите дека ние ја имаме иднината во раце и од нас зависи се. Затоа, да се избориме Младинскиот центар да стане реалност,“ изјави Марија Димитриоска, мобилизатор на заедницата.

Преку оваа активност директно беа мобилизирани 70  млади од општина Прилеп, а индиректно околу 100 граѓани. Младински Совет Прилеп ги сумираше мислењата и перцепциите на младите во вид на препораки, кои подоцна, по спроведувањето на останатите два Инфо денови кои ќе се реализираат во јануари 2023 година, ќе бидат преточени во Позициски документ кој ќе биде доставен до Градоначалникот и Советот на Општината и јавно промовиран на веб страните на Младински Совет Прилеп и Радио Пулс.

Спроведувањето на инфо денот на Младински Совет Прилеп е овозможено со проектот „Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија“ на Владата на Швајцарија кој го спроведува Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), а грантовите ги администрира Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор