02cb8d29 5f63 4c4e 8ee7 75d9b1731e42 crop MCMS

Младите од Тетово ќе ги детектираат и пријават загадувачите на животната средина

На еднодневната обука за младински активизам што ја организираше Центарот за едукација и развој (ЦЕД) учествуваше 21 младо лице од Тетово. Обуката се одржа на 27.12.2022 година во конференциската сала на РЦСОО Моша Пијаде како дел од проектот „Активни млади низ транспарентна општина“. Таа им овозможи на младите да ги подобрат вештините во детектирање и пријавување загадувачи на животната средина.

02cb8d29-5f63-4c4e-8ee7-75d9b1731e42_crop-MCMS

Идејата за обуката беше да се стимулира младинскиот активизам од еколошки аспект. Младите се поканети во следните два месеци да ги детектираат загадувачите на животната средина и да ги пријават на официјалната веб-страница на општина Тетово – Тетово еко извештај или Е-репорт. Организаторите очекуваат официјалните еколошки институции да реагираат на пријавите.

„Обуката ни овозможи подобро да се запознаеме со техниките на младински активизам, да бидеме посвесни од еколошки аспект и да бидеме совесни граѓани“, нагласи Фестина Мустафа, мобилизаторката на заедницата. „Откривањето и пријавувањето потенцијални загадувачи е навистина важно, не само за нас, туку и за целиот град. Свеста за чиста еколошка средина мора да започне од нас“, рече Мухамет Усеини, учесник на обуката. 

Центарот за едукација и развој ќе продолжи со своите активности и по откривањето на загадувачите, се очекува тие да бидат дел од изложбата и јавно да се покаже кои се главните загадувачи во Општина Тетово. 

Спроведувањето на оваа обука е овозможено со проектот  „Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија“ на Владата на Швајцарија кој го спроведува Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), а грантовите ги администрира Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор