Слика 1 MCMS

Обуката ги инспирираше учесниците да ја прашаат општина Делчево за некои од предизборните ветувања

Вкупно 19 претставници на 14 граѓански организации од Делчево беа дел обуката „Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер“ која се одржа на 23 декември 2022 година во просториите на КХАМ Делчево.  Со вештините стекнати на обуката се зајакнува капацитетот на организациите во користење на оваа алатка која може да им обезбеди повеќе информации важни за нивното работење. Таа исто така им обезбедува аргументирано да застапуваат во интерес на своите целни групи.

Слика_1_MCMS

 Главното ветување за граѓанските организации во предизборниот период беше креирањето стратегија за соработка со ГО за периодот 2022 – 2025 година. Покрај тоа, локалната власт вети  дека континуирано ќе ги зголемува средствата наменети за поддршка на организациите кои ќе се доделуваат транспарентно. На ова се должат и реакциите на учесниците на обуката дека веќе две години не е објавен повик за финансирање на граѓански организации, а од друга страна, преку Советот на општината, повремено се доделуваат средства за некои организации. 

Пред оваа обука, учесниците не биле свесни за можностите што им ги нуди пристапот до информации од јавен карактер. Изненадена од ова сознание, Перса Стојанова од  здружението „Пијанечки глас“ праша „Значи јас можам следната недела да поставам прашање до Општината, колку средства се доделени и на кои граѓански организации во периодот од јануари до крајот на ноември 2022 година?“. Слично беше размислувањето и на активистот  Харис Јашаров. „Значи имам право да побарам копија од фактурите за санирање на мојата улица?“. 

Сите се согласија дека оваа алатка е корисна како за организациите така и за граѓаните. Тие заклучија дека е потребно да се направи притисок врз општината да ги исполни ветувањата кои ги дала. КХАМ Делчево и учесниците се договорија следните две обуки „Буџетски мониторинг“ и „Отворени финансии“, да се одржат веднаш по завршувањето на празниците.

Спроведувањето на оваа обука е овозможено со проектот  „Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија“ на Владата на Швајцарија кој го спроведува Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), а грантовите ги администрира Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор