работилница3 MCMS

Детската градинка во населба Точила во Прилеп што побрзо биде завршена и да ги прими заинтересираните дечиња

Граѓаните на Прилеп упатија пораки до носителите на одлуки во градот за важноста од исполнувањето на нивните ветувања дадени за време на предизборната кампања, но и во текот на практикувањето на власта во годината што измина. Преку иновативната иницијатива „Информирај се – делувај за промени!“ што ја спроведува здружението „Мултимедиа прес, тие особено се осврнаа на изградбата и ставањето во употреба на детската градинка во населба Точила во Прилеп. 

работилница3_MCMS

На работилницата што се одржа на 20 декември 2022 година, во Градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп учествуваа 18 граѓани. Тие се информираа, дебатираа, прашуваа, и ги искажаа своите ставови за решавање на проблемот со овој многу важен објект за граѓаните. Учесниците зборуваа воопшто за важноста од згрижување на децата во градинка, а потоа и за решавање на проблемот со недостатокот на сместувачки капацитет за згрижување на децата од предучилишна возраст. На дел од овие прашања се осврна Елеонора Костовска Јованоска, стручно лице за ран детски развој. Мултимедиа прес сака да ја мобилизира заедницата во општината и да ја зајакне граѓанската свест за иницирање на политичка одговорност и транспарентност на локалните власти по ова прашање. Доизградбата на детската градинка во населбата Точила во Прилеп беше предизборно ветување на актуелната локална власт и се најде и во Развојната програма и Буџетот за 2022 г. „Во Прилеп се гради градинка по 40 години, а над 200 деца секоја година се на листата на чекање за згрижување во градинката „Наша иднина“. Доизградбата на градинката првично беше проектирана на 110 милиони денари, а сега достигна цена од 133 милиони денари и се уште не е функционална“, рече Елизабета Филипоска од Здружението Мултимедиа прес. 

Граѓаните прашаа кога ќе профункционира детската градинка во населбата Точила, во Прилеп.  

„Не сакаме новата детска градинка во населбата Точила да биде уште еден „споменик“ како и други објекти во градот кои не се функционални. Бараме ветеното да се реализира и децата да бидат згрижени,“ рече Лилјана Ѓорѓиоска. „Носителите на одлуки во локалната заедница и политичките субјекти кои што преферираат да дојдат на власт треба да нудат реални проекти кои ќе можат да ги остварат со Буџетот на Општината што го имаат на располагање“, истакна Гоце Блажески.  

 На работилницата „Мобилизирање на заедницата за иницирање доизградба на детската градинка во населба „Точила“ Прилеп, беа подготвени насоки за изготвување онлајн петиција со која ќе се делува врз локалната власт за реализирање на ова предизборното ветување.  Ирена Стерјоска Локвенец, заменик градоначалник, советник и претседател на Комисијата за финансирање, буџет и локален економски развој при Советот на Општина Прилеп одговараше на прашањата на присутните. 

Спроведувањето на оваа работилница е овозможено со проектот  „Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија“ на Владата на Швајцарија кој го спроведува Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), а грантовите ги администрира Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС).

Продолжи со читање

  • Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество на средба со организациите во Куманово

    На 1 октомври 2026 година претставници на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество се сретнаа со граѓанските организации и активистите од Североисточниот регион. Средбата беше посветена на улогата, работата и соработката со Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, како значаен механизам за унапредување на дијалогот меѓу институциите и граѓанските организации.

  • OТВОРЕНО ПИСМО | Дали претседателката Сиљановска-Давкова легитимира организации поврзани со движења против правото на абортус?

    Мрежа за заштита од дискриминација испраќа отворено писмо до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод нејзината неодамнешна средба со претставнички на здружението „Јас сум жена“. Со […]

  • Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина

    Од 5 до 7 октомври, во Приштина се одржа Civil Society & Think Tank Forum 2026, официјалната платформа на граѓанското општество во рамки на Берлинскиот процес, на кој учествуваше и Finance Think. Во текот на трите дена, низ повеќе тематски дискусии, претставниците на граѓанските организации и тинк-тенковите од Западен Балкан имаа можност да дадат свои […]
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина first appeared on Finance Think.
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина appeared first on Finance Think.

  • Граѓанското општество од Западен Балкан го даде својот придонес во пресрет на Самитот на Берлинскиот процес

    Овогодишниот Форум на граѓанското општество и тинк-тенк организации (CSF 2026) се одржа во Приштина од 5 до 7 октомври. Форумот, како официјална платформа на граѓанскиот сектор во рамките на Берлинскиот процес, уште еднаш ја потврди незаменливата улога на граѓанскиот сектор како мост меѓу граѓаните, експертската заедница и донесувачите на одлуки.

  • Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе

    Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе На 4 и 5 октомври 2026 година, во просториите на ООУ „Гоце Делчев“ во Свети Николе, се одржа базична обука за прва помош, организирана со поддршка на Operation Florian од Велика Британија. На обуката учество земаа членови од три доброволни противпожарни друштва: ДПД Свети Николе, ДПД…

  • ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ

    Вчера (7.10.2026 година) на Пленарна седница на Собранието на Република Северна Македонија, на прво читање беа разгледани предлог измени и дополнувања на Законот за животната средина. Веќе за 13.10.2026 година е закажана седница на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање на […]
    The post ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ appeared first on Myla.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор