Finance think

ФТ Став бр. 57 (Став на Група ЦИВИТАКС) за предложената даночна реформа

Министерството за финансии објави неколку важни промени во даночниот систем, со намера поголем дел од нив да почнат да се применуваат почнувајќи од 1 јануари 2023 година. Групата ЦИВИТАКС, основана во 2018 година, како неформална група од 14 основачки и 29 придружни влијателни граѓански организации и физички лица, се произнесува со следниот генерален став.

Граѓанските организации обединети во групата ЦИВИТАКС во неколку прилики, а и преку Блупринтот од 2016 година, укажуваа дека не се исцрпени внатрешните јавни извори за поголема ефикасност и ефективност со управувањето на јавните ресурси на државата, односно во рационализацијата на расходната страна на буџетот на државата.

Впрочем, тоа е потврдено и со загубени 23 милиони евра буџетски средства од страна на извршната власт, како и дополнителни 108 милиони евра за дополнителни трошоци и непредвидени работи поради неефикасно и неефективно работење и од последните извештаи на Државниот завод за ревизија само во последниот месец:

  • Ревизијата на успешност на мерките за поддршка од кризата предизвикана од Ковид-19, меѓу другото, укажува дека поради недостиг од контрола врз државните институции како и неефикасност во реализирање на целите, во буџетските приходи се „загубени“ 23 милиони евра.
  • Ревизијата на успешност пак на задолжувањето на субјектите од јавниот сектор јасно покажува дека во управувањето со јавните инвестиции: „… отсуствува системска правна рамка, постапки и процедури, надлежни институции и дефинирани индикатори за систем за мониторинг и надзор на спроведувањето на јавните инвестиции…“, и неефикасноста и неефективноста се потврдува со немање целосна слика и системски пристап, значајни отстапувања, застој, како и недостиг од аналитички пристап. Од ваквите проекти, ревизијата утврдила дополнителни трошоци за провизии и камати од 58 милиони евра, како други 40 милиони евра за непредвидени и дополнителни работи.

НАЈАВЕНИТЕ „ДАНОЧНИ РЕФОРМИ“, СЕ ПОБЛИСКУ ДО ДЕФИНИЦИЈАТА НА АД-ХОК МЕРКИ НАЈВЕРОЈАТНО ПОТТИКНАТИ ОД НУЖНОСТ, НО НЕ И ОД ЖЕЛБА ЗА РЕФОРМИ

Граѓаните очекуваат најпрво да добијат подобрени и поквалитетни јавни услуги, транспарентен и отчетен систем, со јасни, издржани и предвидливи долгорочни политики пред да се соочат со даночни измени кои се базираат повторно на ад-хок и не-системски чекори. Истражувањата за даночна одговорност на Центарот за Економски Анализи – ЦЕА, членка на Групата ЦИВИТАКС, покажаа дека даночните обврзници во Северна Македонија не сакаат да ја гледаат својата врска со државата како жртва и принуда од страна на предаторот/држава, туку како процес на размена од заеднички интерес.

Граѓаните сакаат да се чувствуваат повеќе како корисници на услуги отколку како гласачи. Чувството за злоупотреба на средствата на обврзниците од страна на властите влијае негативно врз степенот на даночниот морал како одговор на перцепцијата за неодговорно трошење на даночните средства и се одразува во низок степен на доверба во институциите. Даночните обврзници во најголем дел немаат доверба во државните институции и сметаат дека доколку би плаќале повисоки даноци истите само може да бидат злоупотребени, а не и дека ќе бидат инвестирани во подобрен квалитет на јавните услуги.

И, конечно, најавените „даночни реформи“, се поблиску до дефиницијата на ад-хок мерки најверојатно поттикнати од фискална нужност, но не и од желба за реформи, бидејќи не се базираат на економски и финансиски анализи кои се транспарентни и стратешки врамени кои ќе обезбедат предвидливост за сите засегнати страни. Овие ткн. „даночни реформи“ се фокусираат и се базираат само на зголемување на даночна база заради фискални цели. Даночни реформи се повеќе од прибирање на приходи во централниот буџет. Даночни реформи треба да бидат најмалку заради фискален ефект, а повеќе за: ефикасен и еднаков третман на економски оператори, обезбедување на еднаков даночен товар на даночните обврзници и отстранување на пазарни девијации, јасно дефинирање на даночни цели, стабилност и предвиливост на даночниот систем, јасно кодифициран административен даночен систем во законската и подзаконската регулатива кој овозможува максимизирање за усогласување со даночната регулатива од страна на даночните обврзници, јасна поврзаност на даночниот систем со фискалните, економските и социјалните цели во државата, итн.

Оттука, Група ЦИВИТАКС укажува на недоследности, недоречености, нетранспарентност и недостаток на стратешки пристап за да навистина се влезе во даночни реформи.

НЕДОСТАСУВА КОНСУЛТАЦИЈА СО ЦЕЛОСНИ И ИСТОВРЕМЕНО-ДОСТАПНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА СИТЕ

Даночните измени, од кои дел имплицираат важни промени во даночниот систем, не се објавени официјално, туку во јавноста проциркулира презентација која Министерството за финансии ја користело на досега-изведените средби со бизнис секторот. Граѓанскиот сектор, како важен чинител во процесите на реформи на јавните финансии и особено во делот на зголемување на транспарентноста и отчетноста на носителите на политиките, остро протестира што Министерството за финансии инклузивноста ја сведува на целно, дозирано и постепено лиферување информации, со потенцијално разногласие помеѓу она што е напишано во споделената презентација и впечатокот кој може да се стекне од интервјуата на министерот.

Земајќи го предвид ова, Групата ЦИВИТАКС се произнесува околу предложените даночни измени, групирани во неколку точки.

ОПШТЕСТВЕН КОНСЕНЗУС ЗА ПОГОЛЕМИ И ПОШИРОКООПФАТНИ ДАНОЦИ

  1. Според проценките на домашната експертска јавност и меѓународните финансиски институции, сивата економија во Северна Македонија изнесува од 25% до 40% од БДП. Истражувањата за сивата економија од Finance Think – Институт за економски истражувања и политики, членка на Групата ЦИВИТАКС, даваат проценка за поконзервативен но се’ уште висок удел на сивата економија од 23.2% во 2020 година. Дури и да се земе тој процент, сивата економија изнесува околу 2.5 милијарди евра, на која ако се земат предвид сегашните даночни оптоварувања, се доаѓа до износ од околу 650 милиони евра годишно кои треба да се слеат во државниот буџет, но не се слеваат затоа што државата не успева во борбата со сивата економија.

Притоа, Стратегијата за формализација на сивата економија 2018-2022 има стагнантен или никаков прогрес, дури и за повеќето од мерките не постои податок дека тие се отпочнати да се спроведуваат и, се’ вкупно, нема владин документ-извештај кој демонстрира кој е напредокот во борбата со сивата економија. Тоа не’ враќа во периодот од пред 5 години, кога јавната дебата укажуваше дека за да може државата да премине кои поголеми и пошироки даночни зафаќања, неопходно е да се покажат резултати од борбата со сивата економија. Оттука, Групата ЦИВИТАКС бара Владата да елаборира за напредокот во борбата со сивата економија, во смисла на остварени резултати, пред да може квалитетно да се дискутира за какви било даночни измени.

  1. Поврзано со борбата со сивата економија, даночните измени предлагаат консолидација на даночните ослободувања во законите за данок на личен доход, за ДДВ и за добивка, промена која Групата ЦИВИТАКС генерално ја поддржува.
  2. Групата ЦИВИТАКС остро се спротивставува на намерата да се воведат придонеси на договори за привремено и повремено вршење работа, од повеќе причини.
    1. Прво, Владата на Груевски во 2015 година воведе придонеси на вакви договори, кои беа иницијална каписла на протестите и периодот којшто следеше, по што Владата ја поништи промената по шестмесечна примена. Сегашната намера да се воведат придонеси на договорите за привремено и повремено вршење работа е решение кои припаѓа на друго време во кое и сегашната владејачка партија, а тогашна опозиција, истото го напаѓаше и критикуваше.
    2. Второ, во 2019 година, Групата ЦИВИТАКС работеше со Министерството за финансии и Управата за јавни приходи за создавање Водич за подобро информирање на физичките лица за данокот на додадена вредност (линк од УЈП), според кој надоместоците од договорите за привремено и повремено вршење работа се сметаат за промет од давање услуги и влегуваат во пресметката на прагот за ДДВ. Со сегашната намера за определување придонеси на овие договори, третманот на надоместокот се менува од промет од извршени услуги во приход од работа. Ваквото произволно и паушално менување на правниот (и даночниот) третман на надоместоците од договорите за привремено и повремено вршење работа е сериозно удирање по правните темели и флагрантно поткопување на владеењето на правото.
    3. Трето, без анализа на тоа кои се лицата кои вршат привремена и повремена работа, дејноста во која тоа го прават, нивниот профил и сл., секое решение е однапред осудено на малверзации и, во крајна линија, неможност за имплементација.

Оттука, Групата ЦИВИТАКС не прифаќа воведување придонеси на надомест од повремена и привремена работа и обидот го смета за флагрантно поткопување на владеењето на правото во Северна Македонија.

  1. Групата ЦИВИТАКС го поздравува отстранувањето на прагот за неплаќање социјални придонеси на доходот од вработување, што беше наше барање од ноември 2018 година.
  2. Групата ЦИВИТАКС ја поздравува дебатата за прогресивниот данок на личен доход. Ставот на Групата ЦИВИТАКС е дека во перспектива Северна Македонија треба да цели кон одредена прогресивност кај доходите на граѓаните и компаниите, меѓутоа оваа дебата треба да се отвори многу порано, најмалку на почетокот на годината, да трае, со вклученост на засегнатите страни и граѓанското општество, до постигнување целосно прифатливо решение. Притоа, инсистирање на решение за прогресивен данок на доход во услови на повеќекратна криза, во овој период во која земји како Шпанија и Полска воведуваат дополнителен данок на екстра-профитабилни дејности кои таквите профити ги оствариле во време на криза, е најблаго речено поразително за носителите на политиките.

 Покрај ова, нашиот став изнесен во ноември 2018 година, пренесен подолу, останува непроменет, што само потврдува дека во периодот измеѓу, не настанале промени кои ќе овозможат пошироко прифаќање на било какви даночни измени.

 ОПШТЕСТВЕН КОНСЕНЗУС ЗА ТРОШЕЊЕТО НА НАРОДНИТЕ ПАРИ

  1. Владата мора да поработи на ефикасноста на расходната страна на буџетот, на зголемена одговорност и отчетност, на зголемување на казнивоста на злоупотреба од висока корупција и целосно одробување на државата, како што е елаборирано од почетокот на овој став. Групата ЦИВИТАКС очекуваше демонстрирање резултати во оваа насока.
  2. Владата мора да работи на намалување на нејзината улога на пазарите за да остави средствата да бидат ефикасно алоцирани од економските оператори. Разните субвенции може да бидат од краткорочен карактер и не смеат да бидат трајна определба бидејќи на тој начин се нарушува ефикасноста на пазарната економија, се преферираат неефикасни пазарни оператори, се дискриминираат оператори кои можат да се соочат со пазарните сили, поради што, на крајот и ефикасните и неефикасните оператори завршуваат неуспешно. Групата ЦИВИТАКС ја повикува Владата недвосмислено да го искаже својот став во однос на субвенционирањата, и особено оние кои зафаќаат големи буџетски средства, пред да премине кон дополнителни даночни зафаќања.
  3. Владата мора да го намали бројот на регулаторните тела и разни буџетски корисници од прва линија кои не ја извршуваат функцијата за која постојат и ќе мора да го консолидира обемот на јавниот сектор. Владата мора да го намали државниот апарат и мора да ја зголеми ефикасноста на јавната администрација до степен кога мора да има и отпуштања на оние кои не можат да ги совладаат потребните вештини и знаења за да одговорат на потребите на граѓаните.

Основачки членки на Група ЦИВИТАКС кои во краток рок дадоа согласност:

  1. Центар за економски анализи
  2. Finance Think – Институт за економски истражувања и политики
  3. Центар за даночна политика
  4. Институт за општествени и хуманистички науки
  5. Фондација Отворено општество – Македонија
  6. Транспаренси Интернешнл – Македонија
  7. Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија
  8. Евротинк – Институт за европски стратегии
  9. Центар за управување со промени

Продолжи со читање

  • Учество на осмата меѓународна регата Сава Наутик во Брчко – БиХ

    Претставникот на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, Владимир Ивановски Вуцо и од Вардарска регата “Гемиџии“ Владимир Стојанов и Томе Шескокалов во периодот од 28-30.8.2026 год. на покана на здружението ИКС центар (X centar) од Брчко Дистрихт – БиХ земаа учество на осмата меѓународна туристичка рега “Сава наутик“. На оваа…

  • Погледнете го нашето ново промотивно видео и откријте како органскиот отпад може да стане вредна суровина!

    Преку силен фокус на циркуларната економија и еколошката едукација, сакаме да ги поттикнеме граѓаните на итна акција за правилно сортирање на отпадот — клуч чекор кон здрава животна средина и ублажување на климатските промени. Главни ѕвезди во видеото се наставниците и учениците од основните училишта каде што ги одржавме нашите едукативни работилници. Тие јасно порачуваат: со менување на секојдневните навики и активен граѓански ангажман, секој од нас има моќ да донесе позитивни промени во општеството!
    Ова видео е дел од промотивнтаа дигитална кампања со едукативно-информативни содржини за придобивките и начините за искористувањето на потенцијалот на органскиот отпад.
    Оваа видео е подготвено во рамките на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“, спроведуван од Resource Environmental Center – REC North Macedonia Центарот за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија, Eco – Logic и Center for Environmental Democracy – Florozon Флорозон – Центар за еколошка демократија, со поддршка од Владата на Швајцарија и Embassy of Switzerland in North Macedonia преку програмата Цивика мобилитас #CivicaMobilitas.
     
    Содржината на оваа видео е единствена одговорност на партнерите во проектот и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија #CHinMK, Цивика мобилитас #CivicaMobilitas, или организациите што ја спроведуваат.

  • Европски младински камп во Михелштат: Заедно растеме и создаваме лидери

    Програми Европски младински камп во Михелштат: Заедно растеме и создаваме лидери Кампот Михелштат во Германија беше домаќин на Европскиот младински камп, кој собра 135 учесници од 15 земји. По долго патување, а за некои и пристигнување во Михелштат низ серија на предизвикувачки услови, младите и нивните лидери се обединија околу заедничката тема: “Growing together – rooted in values – rising as leaders“, односно „Растеме заедно – вкоренети во вредностите – се издигнуваме како лидери“. Кампот понуди динамична програма исполнета со различни курсеви, интерактивни работилници и можности за размена на знаења и искуства. Курсевите беа задолжителниот дел и опфаќаа повеќе теми поврзани со менталното здравје, лидерството, активности на отворено поврзани со изградба на куќарки на дрва, обработка на темата “Do no harm” како методологија против било каков вид на насилство, односи со јавност, техники за раскажување приказни, театарски пристап во работата со млади и дигитално образование. Младите учесници и младинските работници активно придонесуваа со сопствените идеи, практики и перспективи, создавајќи простор во кој сите можеа да учат едни од други. Во фокусот беше заедничкото учење за иднината на младинската работа, како и развивањето лидерски способности засновани на вредности, соработка и меѓународно разбирање. Покрај едукативниот дел, програмата беше збогатена со многу креативни и забавни активности. Учесниците имаа можност да бидат дел од интернационален музички бенд, да создаваат уметност низ различни работилници за рачни изработки, цртање и сликање, работилници за дизајнирање восочни свеќи како и склопување и дизајнирање на куќарки за мали птици, да учествуваат во работилници за пеење (ten sing), да посетуваат сесии за релаксација и да учествуваат во спортски активности на терените на кампот во Михелштат. Дури и високите температури не ги спречија учесниците да учествуваат на сите овие настани, но и да уживаат во посетата на локалниот базен. За учесниците, покрај овие обврски, вклучена беше и прошетка до адреналински парк и возење на мал, планински ролеркостер, како и патување со брод по реката Мајна до блискиот град Милтенберг. Од Македонија имаше вкупно 7 претставници. Во изминатите четири години, овој камп прерасна во важно место за средба на европското ИМКА движење. Тој не претставува само меѓународен собир, туку простор каде што младите градат пријателства, споделуваат искуства и се инспирираат стекнатото знаење да го пренесат во своите земји и локални организации. Овој камп служи за сплотување на младинските работници низ камповите во Европа и е особено значаен за нашата земја од аспект на тоа што нуди споделување на искуства поврзани со камп културата која што ИМКА во Битола и во Македонија неуморно се труди да ја издигне на едно повисоко и препознатливо ниво за сите наши локални учесници, волонтери и поширока публика. * Пред да дојдам на кампот во Михелштат немав некои преголеми очекувања. Се надевав дека ќе запознаам нови луѓе, ќе стекнам пријатели и ќе разменам мислења со млади од различни земји. На крајот, сето тоа се исполни, па дури и ги надмина моите очекувања. Најинтересен и највпечатлив дел за мене беше курсот за лидерски вештини. Таму научив многу корисни работи за комуникацијата, тимската работа и начинот на кој еден лидер може позитивно да влијае на другите. Сигурно ќе ги применам овие знаења и во мојата заедница. За време на кампот стекнав поголема самодоверба во споделувањето на моите мислења и научив како подобро да ги разбирам и почитувам луѓето околу мене. Ова искуство ми помогна да пораснам како личност и да станам поотворен кон нови идеи и перспективи. Дефинитивно би го препорачал Михелштат кампот на секој млад човек кој сака да стекне нови искуства, да создаде меѓународни пријателства и да научи нешто корисно и вредно за својата иднина. Никола Гелов Кога првпат слушнав за кампот во Михелштат, сè ми дојде многу неочекувано. Бев пресреќна кога дознав дека и моите другарки добија можност да учествуваат, бидејќи знаев дека заедно ќе доживееме едно незаборавно искуство. Секој ден на кампот ми беше интересен на свој начин. Имав можност да научам многу нови работи и да запознаам луѓе од различни средини. Особено ми се допадна курсот по пеење. Таму научив дека не треба да се плашиме да пробаме нешто ново. Ако никогаш не се обидеме, нема да знаеме што можеме да постигнеме. Секој човек има свој талент и свој начин на изразување, а токму тоа нè прави посебни. Едно од највозбудливите искуства за мене беше активноста во Tree House. Искрено, пред да дојдам на кампот мислев дека тоа не е нешто што би го направила во мојот град. Но, овде решив да излезам од мојата зона на удобност и да пробам нешто ново. На крајот, многу се забавував и бев горда на себе што се осмелив да учествувам. Од курсот по пеење научив и една важна животна лекција: дека не треба да ги осудуваме другите. Секој може да направи нешто на свој начин и тоа не го прави помалку вреден. Наместо да критикуваме, треба да ги прифатиме и почитуваме разликите меѓу луѓето. Кампот ме научи да се дружам со сите, да бидам поотворена и да не донесувам брзи заклучоци за другите. Сфатив дека секој човек има своја приказна и дека сите заслужуваат почит, разбирање и поддршка. Најважната порака што ќе ја понесам со себе е дека треба да бидеме храбри и да не се плашиме од нови предизвици. Нема глупави прашања и нема неуспеси кога учиме нешто ново. Секое искуство е можност да пораснеме и да станеме подобра верзија од себе. Дефинитивно би им го препорачала Михелштат кампот на сите млади кои имаат можност да учествуваат. Пријателствата, чувството дека сте дел од едно големо семејство, новите искуства и сè што се учи таму се нешта што тешко можат да се доживеат на друго место. Тоа е искуство кое засекогаш останува во сеќавање. Јована Кирјаковска   Бидејќи и претходно имав учествувано на два меѓународни кампа надвор од Македонија, дојдов во Михелштат со високи очекувања и чувство на возбуда. Од моите претходни искуства знаев дека ме очекува нешто посебно, а кампот ги надмина сите мои очекувања. Она што најмногу ми се допадна беше разновидноста на курсевите и работилниците. Тие создадоа можност сите учесници да се запознаат подобро, да се дружат и да учат едни од други.

  • ENSURE истакнат како значајна иницијатива за идната подготвеност на првите одговорни служби

    ENSURE истакнат како значајна иницијатива за идната подготвеност на првите одговорни служби На 27 јуни 2026 година, Кирил Михајлов, командир на Доброволното противпожарно друштво Свети Николе, учествуваше на панел-дискусија во Скопје посветена на противпожарната заштита и подготвеноста за вонредни состојби. Во рамки на дискусијата беа разгледани дел од клучните предизвици со кои се соочуваат противпожарните…

  • Реални искуства од шумските пожари во функција на подобра подготвеност преку ENSURE

    Реални искуства од шумските пожари во функција на подобра подготвеност преку ENSURE Доброволното противпожарно друштво Свети Николе продолжува да придонесува кон целите на проектот ENSURE преку своето директно учество во сложени интервенции на шумски пожари во Северна Македонија. За време на големиот пожар во Општина Македонски Брод, тимот на ДПД Свети Николе беше ангажиран како…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор