Сајт Илустрации

СТУДИЈА НА ЈАВНИ ПОЛИТИКИ: РЕЗИМЕ НА ТРОЈНА АНАЛИЗА „МАКЕДОНСКО-БУГАРСКИОТ СПОР КАКО СРЖ НА СЛЕПАТА УЛИЦА ВО ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕУ“

Извршно резиме

Ние тврдиме дека за да се заобиколи бескрајниот циклус на обиди за решавање на историски спорови, кои, како што научивме преку примерите на земјите од Вишеград (вклучувајќи го и полско-германскиот спор), никогаш не се вистински решени како такви, мора да се транспонираат на политичко ниво и да се решат преку повеќе-тематскиот пристап на студии на политики. Останувањето во историската дискурзивна рамка го оневозможува осмислувањето на политички средства и политики кои можат да го решат проблемот. Дополнително, сметаме дека поставувањето на проблемот како „историски спор“ е погрешно бидејќи спорот го опфаќа и јазикот (македонскиот јазик), на еднакво рамниште со историјата. Така, проблемот со кој се соочуваме е многу сличен како оној помеѓу Северна Македонија и Грција и треба да се води како таков: тоа е конфликт кој се однесува на: историјата, јазикот, наследството и според тоа се сведува на културен конфликт и страв од „културно присвојување“, парафразирајќи го проф. д-р Костас Дузинас на конференцијата „Авении на соработка“ (организирана од ИОХНС на 3 и 4 декември 2021 година), и треба да се адресира како таков. Моделот на политички средства како тоа да се изведе, може да се најде во Членот 7 од Преспанскиот договор. Сепак, процесот на имплементација треба да биде споредлив со тој од Преспа и повеќето држави од Вишеградската група (вклучувајќи ги: полско-германскиот, полско-украинскиот, полско-рускиот, германско-францускиот и останати примери што биле дел од или изградени врз Вишеградските процеси на помирување): а) треба да биде отворен процес на културно помирување, б) како што советуваат нашите експерти од Вишеград, историјата не треба да биде дел од ниту еден правно обврзувачки документ, бидејќи, цитирајќи ја Марта Шпала, „историјата никогаш не се решава, но сепак може да се постигне значителен напредок во помирувањето“, на тој начин единствениот временски ограничен документ од правна природа треба да биде „рамка на помирување“ што ќе содржи историски спор и поврзани ревизии на наставните програми како дел од него, но не се сведува на него. Младинската соработка би можела да биде битен аспект на процесот на културно зближување, а поставена е и добра почетна точка, многу подобра од имплементацијата на Преспанскиот договор во неговата почетна фаза, како што нѐ информираа младинските организации кои беа дел од конференциската програма на „Авении на соработка“.

Сумирано, македонско-бугарската „слепа улица“ може да се надмине со формулирање на проблемот во смисла на културен конфликт со неговите политички средства и политики за решавање, со акцент на образовните политики како интердисциплинарно поле (не само фокусирање на историјата) согласно најновите водичи на УНЕСКО, културните политики и политиките на зајакната економска соработка.

Нашите препораки се подолу, но ќе ги повториме во ова исто така резиме за да се овозможи полесно следење на разработената анализа.

Препораки

  • Првата препорака е повеќеслојна и презентирана преку 4 под-препораки. Првата препорака ја гледаме како предуслов за кој било функционален Патоказ за имплементација. Двете држави треба да воспостават јасна дистинкција помеѓу културните, историските (колку што се науката или академските институции) и политичките категории на дискусија и соодветните политички решенија кога станува збор за спроведувањето на Договорот, на следниов начин:
  1. Треба да се осмислат културни политики во функција на решавање на културниот конфликт и да се понудат решенија во однос на културните и образовните политики низ различните дисциплини (литература, уметност, историја) ;
  2. Со цел да се адресираат како политичките така и академските засегнатости вгнездени во наставните програми на двете земји, какви што се проблемот на содржината но и јазикот кои потхрануваат ксенофобија, како и политичката култура на двете земји, треба да се воспостават образовни политики што ја вклучуваат мултиперспективноста како метода;
  3. Историографијата или педагогијата не треба да се очекува дека ќе испорачаат решение за конфликтот во прашање, туку современите образовни политики;
  4. Применување на образовни и политики од областа на меѓународните односи кои би можеле да ги афирмираат неспорните врски во историјата, без разлика дали таквата историја се нарекува споделена или заедничка – потврдувајќи ги како врска на континуитет помеѓу заедничкото минато, но исто така, се надеваме, и заедничката иднина;
  • Бинационалната мултидисциплинарна комисија и креаторите на политики треба да бидат потпомогнати во ревидирањето на наставните програми од страна на образовни експерти усогласени со УНЕСКО; згора на тоа, Комисијата треба да се реформира и да сe замени со панел за образовни политики и разрешување културни конфликти наместо комисија за „историски вистини“.
  • Бугарското собрание треба да биде свесно дека член 1 алинеја 5 од неговата Декларација од октомври 2019 година е во спротивност со реалноста што произлегува од Преспанскиот договор потпишан во 2018 година, кој не е само билатерален, туку erga omnes правен акт, направен со авторитетот на Обединетите нации. Друга причина за оваа препорака произлегува од вредноста на добрососедството – дури и ако правниот erga omnes аргумент не постоеше, именувањето на јазикот на соседот со името што му го дале е предуслов за добра волја наместо избегнувањето на неговата употреба (особено кога терминот „уставен јазик“ нема јасна референца како што е објаснето понатаму во анализата.) Затоа, и двете страни треба да го третираат овој акт како ништовен.
  • Резолуцијата на македонското Собрание, изгласана на 29 јули 2021, треба да се поништи или да биде заменета со друга која би содржела политички формулации – наместо националистичка проза и да биде во духот на добрососедските односи како предуслов за приклучување на Европската унија, целосно ослободена од опасниот и непријателски дискурс на романтичниот национализам.
  • Двата парламенти треба да се воздржат од изгласувања декларации, резолуции, декрети и други документи што ја определуваат „историската вистина“ со што директно се нарушува академската слобода на научните заедници во двете земји.
  • Наместо тоа, двата парламенти и државните институции треба да се фокусираат на политиките за решавање културни конфликти, кои не се сведуваат само на културата туку се поврзани и со инфраструктурни проекти проекти кои ќе овозможат забрзана комуникација (патување) преку границите, притоа помагајќи во имплементацијата на другите аспекти од договорот како што е подобрена економска соработка.
  • Треба да се стави силен акцент на младинската соработка како најефикасната и најефективната форма на културно помирување.

Студијата на јавни политики: Резиме на тројна анализа „Македонско-бугарскиот спор како срж на слепата улица во проширувањето на ЕУ“ во целост прочитајте ја ТУКА.

Продолжи со читање

  • Метаморфозис го одбележува Меѓународниот ден за универзален пристап до информации – 28 септември преку промоција на резултати од Индексот на отвореност на извршната власт

    Според Индексот на отвореност за 2024 година, исто како и претходната година, Владата на Северна Македонија е најотворена институција меѓу групите од извршната власт, министерства и органи на државната управа, исполнувајќи 77,32 % од критериумите. Во споредба со претходната година има забележано пад од минимален 1 отсто, кој се повторува втора година по ред. Фондација […]
    The post Метаморфозис го одбележува Меѓународниот ден за универзален пристап до информации – 28 септември преку промоција на резултати од Индексот на отвореност на извршната власт first appeared on Metamorphosis.

  • Програма за Текстилијада #9

    📢 ТЕКСТИЛИЈАДА 9 – Штип03–04 октомври 2025 📅 Петок, 03.10.2025 10:00 – Отворање на „Текстилијада 9“ – Откривање на мурал „Иднината

  • МЛАДИТЕ УЧЕА КАКО ДА ВРШАТ МОНИТОРИНГ НА РЕЧНИТЕ КОРИТА

    Младите од Општина Карпош, Општина Зелениково и Општина Ѓорче Петров, учеа како да вршат мониторинг на речните корита.

    Вчера, во Домот на култура во општина Ѓорче Петров се одржа едукативен настан посветен на мониторинг на водните текови, во организација на граѓанските организации Resource Environmental Center – REC North Macedonia, Center for Environmental Democracy – Florozon и Еко Логик.

    Настанот е дел од проектот „Брза проценка на водотеците на Западен Балкан – Фаза 2“, поддржан од U.S. Forest Service and Department of Defense EUCOM and Forest Service International Foundation.

    Настанот започна во 09:30 часот со едукативна сесија, по што следеше практична теренска вежба на реката Лепенец. Таму младите учесници и претставници од општините имаа можност директно да ја применат СВАП методологијата (Stream Visual Assessment Protocol) и да научат како се проценува состојбата на едно речно корито. Дополнително, беа идентификувани и жешки точки долж реката Лепенец.

    Целта на овој настан беше да ги запознае младите и претставниците од општините со современи методи за проценка на квалитетот на водните текови, да ги зајакне капацитетите на локалните чинители – институции, граѓански организации и експерти, како и да поттикне поширока јавна дискусија за заштита и одржливо управување со водните ресурси.

    Настанот беше наменет за млади на возраст од 15 до 30 години како и за претсавници од општините од општините Карпош, Зелениково и Ѓорче Петров, кои преку интерактивна едукација и теренска работа стекнаа нови знаења и вештини за мониторинг и заштита на речните корита.

  • Младите од општина Карпош, општина Зелениково и општина Ѓорче Петров,  учеа како да вршат мониторинг на речните корита

    Скопје, 24 септември 2025 година Вчера, во Домот на култура во општина Ѓорче Петров се одржа едукативен настан посветен на мониторинг на водните текови, во организација на граѓанските организации Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ) – Северна Македонија, ФЛОРОЗОН – Центар за еколошка демократија и Еко Логик. Настанот е дел од проектот „Брза проценка […]

  • Локалната самоуправа сè уште далеку од вистинска отвореност – просекот порасна на 40%

    Фондација Метаморфозис и Рурална Коалиција ги претставија наодите од Процената на доброто владеење во единиците на локалната самоуправа во Република Северна Македонија изготвена преку Индексот на отвореност за 2025 година на тематскиот форум „Отворена општина – активна заедница“. Процената претставува длабинска анализа на работата на локалната самоуправа која дава резиме на вкупните перформанси на локалната […]
    The post Локалната самоуправа сè уште далеку од вистинска отвореност – просекот порасна на 40% first appeared on Metamorphosis.

  • Пријави се за коучинг сесија за справување со родово базирано сајбер насилство во Штип

    Иницијатива за европска перспектива во партнерство со ГО Заеднички вредности а во рамки на проектот Младите жени против онлајн насилство, започнува спроведување на групни коучинг сесии во 4 градови низ земјата (Скопје, Куманово, Штип, Струмица).  ✨ Што добиваш?🔹 Специјално развиена програма за коучинг🔹 Мултисекторско учење: правници, психолози и експерти за сајбер-безбедност Повикот…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор