|

ЗДРУЖЕНИЕ НА ГРАЃАНИ: „ЧЕИЈНЏМЕЈКЕРС“ – ГЕВГЕЛИЈА

Вкупен буџет: 946.000 MKД

Времетраење: 01.03 -30.09.2022 (7 месеци)

КОНСТИТУЕНТИ

Сите граѓани и сите правни лица во Општина Гевгелија

ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС

Организирање на одржливо постапување со отпадот на територија на Општина Гевгелија

ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА

Достапноста на чистата, незагадена животна средина е круцијално човеково право генерирано од правото на живот. Со оваа акција ќе се иницираат добри практики и иновации на полето на постапувањето со отпад на територија на Општина Гевгелија. Преку соработка на Општина Гевгелија и ЈКПД Комуналец, Гевгелија ќе воспостави одржлив систем за постапување со отпад на целата територија. Истовремено ќе се создаде поголема свесност кај граѓаните за правилно и одржливо постапување кон животната средина и отпадот со што ќе се промени нивното однесување.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел:

Заштита на воздухот, водите и почвите од загадување, преку намалување на количината на емисии на загадувачки материи во медиумите на животна средина во општина Гевгелија.

Специфична цел/и:

Правилно и одржливо постапување со отпадот во општина Гевгелија од страна на физичките и правните лица.

РЕЗУЛТАТИ            

  1. Поголема свест кај граѓаните за правилно и одржливо постапување кон животната средина и промена на нивното однесување кон неа;
  2. Организиран синџир на селектирање и рециклирање отпад;
  3. Професионална и одговорна работа на инспекциските и контролните институции да евидентираат и да постапуваат во однос на физичките и правните лица – загадувачи;
  4. Промена на практиките на постапување со отпадот од страна на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ – Гевгелија, надлежно за управување со отпад;
  5. Елиминирање на дивите депонии;
  6. Намалување на загаденоста на воздухот, почвите и водите во Општина Гевгелија.

АКТИВНОСТИ

  1. Подигање на јавната свест за правилно постапување со отпадот;
  2. Акции за поттикнување на намалување на количините на произведен домашен отпад;
  3. Обучување на граѓаните на основните навики на селектирање на отпадот во секој дом;
  4. Организирање на активности за производство на рециклирани материјали, суровини од отпадот;
  5. Волонтерски акции за чистење на дивите депонии.

Продолжи со читање

  • Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп

    Вкупен буџет: 5.347.857 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 30 јуни 2026  година Специфична тема: Родова еднаквост Партнери: Конституенти: Проектот е насочен кон различни групи и актери во Пелагонискиот регион, со специфичен фокус на маргинализираните заедници и клучните чинители вклучени во промовирањето на социјалните промени и справувањето со…

  • Хелсиншки комитет за човекови права – Скопје

    Вкупен буџет: 5.547.802 МКД Специфична тема: Социјална инклузија Период на реализација:  1 јули 2024 – 30 јуни 2026 година Партнери: Конституенти: Жените од маргинализирани заедници во Скопскиот плански регион кои се во поголем ризик од нееднаков третман поради нивна специфична положба или лична карактеристика. Посебен фокус ќе се стави на…

  • ФИНАНЦЕ ТХИНК – Институт за економски истражувања и политики, Скопје

    Вкупен буџет: 5.600.000 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 31 октомври 2026 година Специфична тема: Образование Партнери: Конституенти: Граѓани, жители на Скопскиот регион; млади од Скопскиот регион; носители на политики за образование, здравство, економски, социјални и политики за млади (МОН, БРО, МЗ, ИЈЗ, МТСП, АВРМ, МФ, МЕ и…

  • Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ) – Северна Македонија Скопје

    Вкупен буџет: 5.500.000 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 31 октомври 2026 година Специфична тема: Климатски промени/ Животна средина Партнери: Конституенти:  Учениците од 7до 9 одделение од Општинските основни училишта (ООУ) на Скопскиот регион, како идни двигатели во општеството. Учениците и околу 2500 граѓани ќе имаат пристап до корисни печатени…

  • Центар за развој и промоција ПРОМО ИДЕА – Струмица

    Вкупен буџет: 5.589.950 МКД Период на реализација:  1 јули 2024 – 31 август 2026 година Специфична тема: Млади Партнери: Конституенти:  Младите во Југоисточниот регион на Република Северна Македонија, поделени во две подгрупи: од 18 до 21 година и од 21 до 29 години, независно од нивниот социоекономски статус, вклучувајќи ученици, студенти, фриленсери,…

  • Центар за помош на лица со ментален хендикеп ПОРАКА Неготино

    Вкупен буџет: 5.600.000 МКД Период на реализација:  1 јули 2024 –  30 јуни 2026 година Специфична тема: Социјална инклузија Партнери: Конституенти: Семејства и лицата со попреченост, организации на лицата со хендикеп како и лекарските – медицински установи. Засегнатите страни ги опфаќаат лицата со попреченост, старателите, здравствените работници, организациите во заедницата…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор