280291792 1713187105697535 1467997809606102995 n

Посета на делегација на Швајцарската амбасада на Рурална Коалиција

Вчера ја имавме таа чест да ја пречекаме Високата делегација на Embassy of Switzerland in North Macedonia и заедно со амбасадорката на Швајцарија, H.E. Veronigue Hulmann, амбасадорката и шефица на Евро-азиската дивизија во Берн, г-а Anna Ifkovits Horner, како и Carin Salerno, шефица на Западно Балканската дивизија да ги разгледаме и продискутираме позитивните промени кои што сме успеале да ги направиме со програмата на Civica Mobilitas. Но, исто така разговаравме и отворивме дебата за овозможувачката околина во која што делуваат граѓанските организации особено на локално ниво, за потребата од достигнување на балансиран регионален и локален развој, како и за неопходноста од градење на цврсти и стабилни партнерства со сите локални чинители, општини, локален бизнис сектор, медиуми.

Говоревме за состојбата со одржливоста на граѓанските организации особено на оние помалите, како и за извори на финансирање на активностите во заедницата кои што ќе бидат различни од она што во моментот го имаме односно странската финансиска поддршка. Особено ја истакнавме потребата од создавање на реални но и долгорочни партнерства со институциите и Владата која што е клучна не само за финансирањето на активностите на граѓанското општество туку и за реално наше вклучување во процесите на креирање на политики и донесување на одлуки.

И секако говоревме за достигнувањата на Рурална Коалиција, за предизвиците во производството на храна, за органското производство, но и за потребата од адаптација на земјоделското производство кон климатските промени. 

Говоревме исто така и за положбата на жените од руралните средини, за заложбите на нашите членки во Руралното Женско Лоби, за нашите мартовски кампањи, за потребата од засилено застапување на локално ниво особено кога е во прашање економското јакнење, но и учеството на жените во процесите на донесување на одлуки на локално ниво.

Не ги испуштивме ниту младите и предизвикот како да ги задржиме во руралните средини, но и колку и како ги поддржува државата во остварувањето на нивните цели и идеи и колку вложува во руралниот развој.

Ги дискутиравме потребите и идните насоки за развој на граѓанското општество, државното финансирање, транспарентноста и отчетноста и на институциите, но и на граѓанските организации, конструктивноста и ефективноста на граѓанското учество во консултативните процеси на донесување на политики и стратешки документи, но и насоките во кои што треба да се движи развојот на локалната заедница паралелно со развојот на граѓанското општество.

На средбата беа присутни и нашите членки од Локалната Акциска Група ЛАГ АБЕР 2015 кои што пак говореа за воспоставувањето на една таква структура како еден од начините како да се инволвираат во развојот на заедницата сите локални чинители, а каде што всушност и ја реализиравме посетата како наши членки од Североисточниот плански регион. Исто така делегацијата имаше можност да слушне и за воспоставувањето на првата енергетска задруга во нашата земја токму од нејзините членови што пак само по себе станува и повеќе од потреба со оглед на енергетската криза со која што се соочуваме.

Секако дека на крај ги почестивме со производите од Наша тезга кои што искрено се надеваме дека ќе им се допаднат!

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор