рурална коалиција

Јавна дебата на тема: “Со конструктивни консултации до реални политики

Земјоделците сметаат дека и понатаму се потребни унапредувања во делот на отвореноста и конструктивноста на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кога станува збор за нивното вклучување во процесите на креирање на мерки и политики.

На вчерашната јавна дебата во организација на Рурална Коалиција во рамките на проектот за институционално јакнење поддржан од програмата на Цивика мобилитас, беше истакнато дека Министерството треба да се залага за целосна инклузивност на земјоделците, но исто така и прифаќање на предлозите на земјоделците изнесени во телата во кои што е овозможено нивното учество. Исто така упатија на фактот дека е потребно вклучувањето во работните тела на Министерството треба да им биде познато на сите, треба да ги знаат условите согласно закон кои што треба да ги исполнат за да се вклучат, а Министерството е должно да го обезбеди вклучувањето на сите засегнати чинители во секторот.

Потсекторските групи беа истакнати како едни од најзначајните тела кои што го овозможуваат вклучувањето на земјоделците во креирањето на политиките, но Менде Трајковски од Сојузот на пчеларите, истакна дека се соочуваат со проблем кој ги поврзува сите и бараат начин како да се изнајде решение за патните трошоци, со тоа што треба брзо да се делува од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за издвојување на средства од буџетот. Кон оваа дискусија се придружи и Томе Тимов како претседател на локалното здружение Хорти Еко кој што е и член на потсекторската група за цвеќарство и хортикултура кој што токму поради непокривањето на патните трошоци многу ретко присуствувал на состаноците на потсекторската група кои што од друга страна се и ретки, па апелираше и тој да се изнајде решение и за патните трошоци, но и ваквите состаноци да бидат далеку почести, да се објавуваат сите записници и донесени одлуки за да може секој да се информира и да се вклучи со свои предлози, а не само членовите на групите.

Раководителот на секторот за рурален развој при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, г-динот Гоце Георгиевски истакна дека сите политики се земени во предвид во овој кризен период, меѓутоа и дава критика дека треба повеќе да се земе сериозноста во обзир и за тоа каде се пресликуваат тие механизми во социјалната политика, и притоа како заклучок го истакна земањето во предвид на предлозите и препораките кои се носат како политики, но исто така и меѓусебното почитување.

Инклузивноста во работните групи е доста опфатена што значи секој треба да го даде својот придонес во зависност од групата што ја претставува. Во текот на дебатата беа презентирани формите и механизмите за вклучување во работата на Министерството за земјоделство како што се Советот за земјоделство и рурален развој, потсекторските групи, социјалните и економски партнери на Министерството, а беше презентирано и кратко видео за важноста на учеството на граѓанските организации во секторските работни групи, а Лилјана Јоноски, како извршна директорка на Рурална Коалиција, истакна дека од особено значење е транспаретноста, но и отчетноста на институциите, а вклучувањето на земјоделците и граѓанските организации од самиот почеток во процесите на креирање на политики и
мерки ќе значи и успешна имплементација на истите, но и креирање на мерки согласно потребите на земјоделците.

Како препораки од дебатата произлегоа: унапредувањето на комуникацијата и транспарентноста на институциите, изнаоѓање на демократски начин за вклучување на граѓанските организации и земјоделците во работните тела на МЗШВ, воспоставување редовен канал за информирање и комуницирање со сите засегнати чинители, редовно објавување на повици за членство и одржување состаноци, зголемување на транспарентноста на работата на телата по примерот на ИПАРД-комитетот кој што се смета за едно од најтранспарентните тела кое што овозможува вклучување на сите засегнати чинители.

Целосната анализа на телата и механизмите кои што го овозможуваат вклучувањето на земјоделците и граѓанските организации е достапна тука.

Цивика мобилитас е програма на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ) за поддршка на граѓанското општество во Македонија, која ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ од Шведска.

Продолжи со читање

  • МЦМС ја започна новата антикорупциска програма

    Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го започна спроведувањето на програмата „Градење општество отпорно на корупција“, која ќе се реализира во периодот од 1 јануари 2026 до 30 јуни 2028 година со финансиска поддршка од Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија.

  • Потврда на долгогодишното македонско-холандско пријателство

    Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) на 16 јануари 2026 година беа домаќини на Н.Е. Узлем Џанел (Özlem Canel), Амбасадорка на Кралството Холандија во Република Северна Македонија и Иван Илиев, советник за економија и трговија во Амбасадата.

    „Денес беше убава прилика за освежување на долгото пријателство меѓу МРФП и Амбасадата на Кралството Холандија“, истакна Лазар Неданоски, извршен директор на МРФП.На средбата, која помина во пријатна и отворена атмосфера, директорот на МЦМС, Александар Кржаловски, потсети на почетоците на соработката со Холандија и на клучните поединци кои придонеле за развојот на организацијата. МЦМС како организација е основана во 1993 година, како потфат на домашни иницијативи поддржани од Холандската меѓуцрковна помош (ХМП) и агенциите на Светскиот совет на црквите (ССЦ). Пет години подоцна, во 1998 година, МЦМС ја основаше Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), фокусирана на развој на малите претпријатија, преку пристап до финансиски услуги и промоција на претприемништво.

    Директорот на МРФП, Неданоски, даде хронолошки приказ на развојот на Фондацијата, нагласувајќи дека поддршката од Кралството Холандија била од клучно значење во првите години од нејзиното работење. Според него, таа поддршка не била важна само од финансиски аспект, туку имала значително влијание и врз организацискиот развој на МРФП, како и врз пошироката заедница мултиплицирајќи го ефектот во развојот на институциите, организациите и нивните лидери.
    Амбасадорката Џанел изрази задоволство што поддршката од Кралството Холандија резултирала со одржливи организации кои успешно работат и го пренесуваат своето искуство на други организации и институции. На средбата беше разговарано и за можностите за идна соработка.
     

  • Презентиран Индексот на политички интегритет

    На 27 ноември 2025 година во Клубот на пратеници се одржа презентацијата на првиот Индекс за политички интегритет (ИПИ) во земјата – инструмент создаден да ја измери, поттикне и промовира културата на интегритет во политичкиот и јавниот живот. Настанот беше проследен од голем број претставници на институции, медиуми, граѓански организации. Во своето…

  • Bure-Cycle: Од отпад до иновативен велосипедски паркинг

    Во светот каде ресурсите се ограничени, а отпадот се зголемува, секоја мала идеја за реупотреба има големо значење. Еко Логик со својот проект Bure-Cycle го покажува токму тоа – како старите метални буриња можат да добијат нов живот и да станат функционални, визуелно привлечни и одржливи велосипедски паркинзи за јавни простори. Иницијативата се роди од […]

  • Младите уметници го освојуваат јавниот простор: PATS – Уметност за активизам и општествени промени

    Европскиот проект „Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS“ (Performance Artists Take The Streets – PATS) официјално започнува со јасна и силна мисија: да им овозможи на младите уметници нови простори, алатки и можности за креативно изразување и општествен ангажман. Уметноста како глас на промената PATS е проект финансиран преку Erasmus+ програмата на Европската […]

  • Високите цени ја истиснаа корупцијата од првото место, но таа и понатаму е меѓу најголемите општествени предизвици

    За разлика од 2021 и 2023 година, кога корупцијата беше препознаена како најголем општествен проблем, во 2025 година граѓаните на прво место ги издвојуваат високите цени (46,6%), додека корупцијата е веднаш зад нив (40,1%). Ова укажува дека инфлацијата, растечките трошоци за живот и намалената куповна моќ ја зголемуваат економската несигурност, но и дека корупцијата останува еден од клучните општествени предизвици.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор