ФРЛЗ штип

Информативна сесија за промоција на правото за пристап до информации од јавен карактер

Во четврток, 14-ти април 2022 година во просториите на Млади Хаб, Штип, Проектот на УСАИД за граѓанско учество ќе организира информативна сесија за промоција на правото за слободен пристап на информации од јавен карактер.

Информативната сесија ќе се состои од кратка презентација на улогата и работата на Агенцијата за заштита на на правото на слободен пристап и информации од јавен карактер. Настанот ќе служи за развивање на дискусија за искористување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер.

Сесијата за млади ќе започне во 11 часот а сесијата за новинарите и претставниците на институциите и на граѓанските здруженија ќе започне во 13 часот.

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор