НРЦ

Повик за ангажирање на надворешен експерт

Здружение Национален ромски центар (НРЦ) од Куманово објавува „Повик за за ангажирање на надворешен експерт за подготовка на документ со наоди и препораки за унапредување на системот на заштита и потреба од воспоставување на специјализирани сервиси за жени жртви на семејно насилство во Североисточен плански регион“ повикувајќи ги сите субјекти кои ги исполнуваат условите да поднесат понуди со следниве содржински спецификации:

1.Општи услови

1.1 Набавувач на услуги: ЗГ „Национален ромски центар” со седиште во Куманово ул. „Доне Божинов“ 11/5.

1.2 Предмет на барањето: „Повик за за ангажирање на надворешен експерт за подготовка на документ со наоди и препораки за унапредување на системот на заштита и потреба од воспоставување на специјализирани сервиси за жени жртви на семејно насилство во Североисточен плански регион

1.З. „Национален ромски центар“ (НРЦ) го спроведува проектот „Застапување за обезбедување на специјализирани сервиси за помош и поддршка на жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство” финансиран со поддршка на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, и заради остварување на планираните проектни активности го објавува овој повик.

Цели на проектот се :

-Унапредување на системот на заштита, пристапот доинформации и директна помош и поддршка за жените жртви на родово базирано и семејно насилство и нивните деца;

-Унапреден пристап до релевантни податоци преку анализи за состојбата со насилство врз жените и семјното насилство на локално ниво;

-Унапреден дијалог со локалните релевантни чинители за подобрување на системот на заштита, пристап до информации и директни сервиси за помош и поддршка за жени жртви на насилство и семејно насилство.

Опис на позицијата:

Надворешен експерт за подготовка на документ со наоди и препораки за унапредување на системот на заштита и потреба од воспоставување на специјализирани сервиси за жени жртви на семејно насилство во Североисточен плански регион .

Број на позиции: 1

2. Понуда

2.1  Понудувачот треба да ги исполни следните услови:

  • Завршено високо образование,
  • Минимум 3 годишно документирано работно искуство за подготовка на документи со наоди и препораки во областа на семејно насислство
  • Минимум 5 годишно работно искуство со граѓански организации;
  • Работно искуство со граѓански организации кои работат во областа на семејното насилство и /или на прашања поврзани со семејно насилство ќе се смета како предност;
  • Познавање на Microsoft Office и обезбеден пристап до интернет.

3. Пријава

3.1. Понудувачот треба да достави:

  • Работна биографија;
  • Диплома за завршен факултет (копија);
  • Писмо за интерес со кратко писмо кој ќе докаже дека поседува соодветно знаење и искуство за спроведување на активностите предмет на повикот со документирано работно искуство;
  • Примероци од претходна работа за спроведени минимум 3 слични работни задачи во последните 3  години;
  • Изјава за минимум 5 годишно работно искуство во работа со граѓански организации,
  • Изјава за искуство во работа со граѓански организации кои работат во областа на семејното насилство и /или на прашања поврзани со семејно насилство
  • Тековна состојба во оригинал не постара од 6 месеци доколку е правно лице;
  • Предлог методологија за подготовка на документ со наоди и препораки за унапредување на системот на заштита и потреба од воспоставување на специјализирани сервиси за жени жртви на семејно насилство ;

4. Опис на позиција: „Експерт  за подготовка на документ со наоди и препораки за унапредување на системот на заштита и потреба од воспоставување на специјализирани сервиси за жени жртви на семејно насилствовоСевероисточен плански регион

4.1.Број на  позиции:

  • (1) позиција ако се пријавуваат физички лица со заедничка понуда
  • Едно правно лице (здружение на граѓани или трговско друштво)

Предвиден бруто износ со вклучени патни трошоци за еден експертски ден: 10.000 денари

5. Работни задачи за потребите на проектот „Застапување за обезбедување на специјализирани сервиси за помош и поддршка на жени и деца жртви на родово базирано и семејно насилство

Селектираниот субјект ќе треба да ги постигне следните резултати, задачи и одговорности:

  • Разработка на понудената предлог-методологија за подготовка на документ со наоди и препораки за унапредување на системот на заштита и потреба од воспоставување на специјализирани сервиси за жени жртви на семејно насилство.
  • Изработка на документ со наоди и препораки за унапредување на системот на заштита и потреба од воспоставување на специјализирани сервиси за жени жртви на семејно насилство.
  • За оваа активност е предвиден ангажман од 6 работни дена.
  • Изработка и достава на извештај за спроведени активности и пополнет образец timesheet.
  • Прифаќање и почитување на принципите и етичките вредности на организацијата.
  • Комуникација и соработка со сите лица вклучени во проектот.
  • Одржување на минимум два работни состаноци за консултации со тимот на НРЦ и Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство.

Здружение „Национален ромски центар“ со избраниот субјект ќе склучи договор за соработка. Исплатата ќе се изврши на две рати и тоа: прва рата во износ од 30% од вкупниот бруто износ на понудената и прифатена цена по склучување на договорот и втора рата 70% по завршување на ангажманот и одобрување на доставен на извештај и time sheet од страна на проектниот координатор.

6. Критериуми за избор на најповолен понудувач:

Работна биографија –  20 поени

Искуство и квалитет – 40 поени

Предлог методологија – 40 поени

7. Облик и содржина на понудата

4.1 Понудата се изработува во писмен облик.

4.2 Име, адреса и седиште на понудувачот на услуги, даночен број, број на телефон, е-маил адреси за контакт како и лица за контакт.

4.3 Тековна состојба од набавувачот (доколку се работи за правно лице), не постара од шест месеци.

Ве Молиме вашите понуди да ги испратите по електронска пошта (e-mail) на следната адреса info@nationalromacentum.org и marinkovska@nationalromacentrum.org најдоцна до (понеделник) 15.11.2021 година до 12 часот.

Повикот може да го превземете на следниот линк:ж

http://www.nationalromacentrum.org/mk/wp-content/uploads/Јавен-повик-за-надворешен-експерт.lnk_.pdf

Куманово   08.11.2021    Координатор на проект
Ивана Маринковска

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор