опм

Тренинг за членови на телата за сертификација организиран во рамките на проектот „Развој на партнерства помеѓу граѓанското општество и бизнис секторот “

Организацијата на потрошувачи на Македонија заедно со двете партнерски организации Зенит и Креација, се стреми да ги подобри односите меѓу потрошувачите и деловната заедница со издавање на сертификатот „Фер со потрошувач“. Овој сертификат може да го добие компанијата која што ќе ги оствари  шесте критериуми со соодветни индикатори за постигнување на резултатите.

Организацијата на потрошувачи на Македонија и партнерите сертифицираа повеќе од 43 компании и истите може да се најдат на следниот линк: fersopotrosuvacot.mk

Во рамките на проектот „Развој на партнерства помеѓу граѓанското општество и бизнис секторот“ финансиран од Шведската меѓународна агенција за развој и соработка (SIDA) и Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (BCSDN), коj се спроведува преку ConWeb, мрежа на национални организации за потрошувачи во Југоисточна Европа кои се состојат од Центар за заштита на потрошувачите од Црна Гора (CEZAP), Организација на потрошувачи на Македонија (ОПМ) и Национална организација за потрошувачи на Србија (NOPS). Организацијата на потрошувачи на Македонија организираше обука на 29.09.2021 година за членовите на тела за сертификација за доделување на сертификат „ФЕР СО ПОТРОШУВАЧ“  на CEZAP и NOPS .

На тренингот што се одржа преку платформата ZOOM присуствуваа околу 22 претставници на три организации: Организација на потрошувачи на Македонија (ОПМ), Центар за заштита на потрошувачите на Црна Гора (CEZAP) и Национална организација на потрошувачи на Србија (NOPS).

Тренингот имаше за цел да ја постигне зајакнување на капацитетите за обезбедување услуги до компаниите во развивање и промовирање на нивната корпоративна општествена одговорност во областа на потрошувачките проблеми и еколошки прашања поврзани со потрошувачката и да се формираат тела за сертификација во CEZAP и NOPS. Учесниците на CEZAP и NOPS имаа можност да добијат знаење со цел да се запознае со суштината на општествената одговорност на компанијата, особено во заштитата на правата и интереси на потрошувачите, еколошки прашања поврзани со потрошувачката (на пр. енергија и интензитет на трошење ресурси на домашни уреди, им обезбеди на потрошувачите информации за влијанијата врз животната средина од нивните решенија за купување или информации за соодветно отстранување или повторна употреба на производи на со рок на траење).

Д-р Ристо Иванов, експерт во областа, им објасни на идните верификатори на компаниите коишто ќе аплицираат за сертификација, придобивките од сертификатот, шемата за сертификација на компаниите, улогата на телата за сертификација, како да се провери придржувањето кон критериумите, како да се подготви план за подобрување на компаниите и како да се подготви извештај за верификација.

По обуката, учесниците имаа тест и проценка на резултатите од тестот и добија сертификат за да станат верификатори на компаниите.

Учесниците на обуката изразија благодарност до донаторите Шведската меѓународна агенција за развој и соработка (SIDA) и Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (BCSDN), кои го финансираат овој проект и ја поддржуваат оваа иницијатива.

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор