опм

Фокус група “Развој на партнерства помеѓу граѓанското општество и бизнис секторот“

Организацијата на потрошувачите на Македонија, денес одржа Фокус група  организирана во рамки на Проектот “Развој на партнерства помеѓу граѓанското општество и бизнис секторот“ финансиран од страна на Шведската меѓународна агенција за развој и соработка (SIDA) и Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (BCSDN), а којшто се спроведува преку ConWeb што претставува мрежа на национални потрошувачки органиозации на Југоисточна Европа која ја сочинуваат Центар за заштита на потрошувачите на Црна Гора (CEZAP), Организацијата на потрошувачите на Македонија (ОПМ) и Националната организација на потрошувачите на Србија (NOPS).

На Фокус групата  која се одржа во Стопанска комора на Република Северна Македонија, присуствуваа околку 15 претставници на бизнис секторот, граѓански здруженија, претставници на Советотот за заштита на потрошувачи на Град Скопје, претставници на Стопанска комора на Северна Македонија, каде што покрај  со физичкото присуство,  дел од учесниците имаа можност да  се вклучат и онлајн преку платформата Webex.

На Фокус групата свое излагање имаа д-р Ристо Иванов, експерт во областа којшто ги објасни начинот и чекорите за стекнување на Сертификатната марка „Фер со потрошувачот“, начинот на апликација на компаниите, критериумите коишто треба да ги исполни копманијата за да може да се здобие со сертификатот, беше објаснет Кодексот за фер однос кон потрошувачите, како и можноста за добивање на субвенции од Министерството на економија за сертифицираните компании.  Претставници на Организацијата на  потрошувачи на Македонија, претседателката, д-р Маријана Лончар Велкова, дипл. правник Татјана Тасевска  и  м-р Мартина Грнчаревска пред компаните ги презентираа проблемите со кои се соочуват потрошувачите и алтернативниот начин на решавање на споровите помеѓу потрошувачите и компаниите.

На фокус групата имаше можност да се споделат различни искуства од компаниите и Организациите на потрошувачи во делот на потрошувачките проблеми со цел да се изнајде најдобар начин за нивно решавање.

Продолжи со читање

  • 🚨НАЦИОНАЛНИОТ КАЛЕНДАР НА ЖЕНСКИ СПОРТСКИ НАТПРЕВАРИ Е ТУКА!

    ЧЕТИРИ СПОРТОВИ, ЕДНА ЦЕЛ А ТОА СЕ ПОЛНИ ТРИБИНИ ЗА НАШИТЕ ШАМПИОНКИ! Четири спортови. Повеќе градови. Една заедничка цел – да ги наполниме трибините за женскиот спорт! Од октомври до декември 2026, најавуваме низа возбудливи натпревари во кошарка, фудбал, ракомет и одбојка, на кои на нашите спортистки им е потребна…

  • Трето продолжение на обуката на тренери за управување со животната средина

    На 29.10.2026 год. (четврток) во Велес извидниците од велешкиот одред кои што учествуваа на тренингот за тренери организираа трет настан на кој што присуствуваше Анастасија Давчева ИО“Димитар Влахов”- Велес. Исто така овој настан беше организиран заедно во соработка на ОБСЕ и учениците од СОУ “Јовче Тесличков“ во Велес  оддржаа презентација…

  • Учество на конференцијата „Дигитализација на противпожарната заштита“

    На 28 октомври 2026 година, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, на конференцијата „Дигитализација на противпожарната заштита“ учествуваа по еден претставник на ДПД Свети Николе, на ТППЕ Свети Николе и на кол-центарот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) во Свети Николе. Настанот беше организиран од Сојузот на стопански комори на Македонија, преку Комората за…

  • ENSURE мобилност во Темишвар: нови знаења, соработка и благодарност до домаќините

    Тричлена делегација на Доброволното противпожарно друштво Свети Николе учествуваше на мобилноста за партнерско учење во рамките на проектот ENSURE, која се одржа од 12 до 16 октомври 2026 година во Темишвар, Романија, како дел од WP4 – Twinning Programme. Наш домаќин беше партнерската организација CPIP – CENTRUL PENTRU PROMOVAREA INVATARII PERMANENTE TIMISOARA ASOCIATIA, чиј тим…

  • ВОСПОСТАВУВАЊЕ ДИЈАЛОГ ПОМЕЃУ ЖЕНИТЕ И ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ ВО ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

    Жените и локалната власт во Кривогаштани во дијалог за економско јакнење и развој на женското претприемништво На 29 октомври 2026 година, во Општина Кривогаштани, се одржа средба посветена на унапредување на дијалогот помеѓу жените и локалната власт, со фокус на економското јакнење на жените, развојот на женското претприемништво и создавањето родово одговорни локални политики и…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор