[Aggregator] Downloaded image for imported item #52443

Учество на конференцијата „Дигитализација на противпожарната заштита“

На 28 октомври 2026 година, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, на конференцијата „Дигитализација на противпожарната заштита“ учествуваа по еден претставник на ДПД Свети Николе, на ТППЕ Свети Николе и на кол-центарот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) во Свети Николе.

Настанот беше организиран од Сојузот на стопански комори на Македонија, преку Комората за превенција и заштита од пожари и кризен менаџмент. Преку стручни излагања и презентации беа претставени можностите на дигиталните технологии за електронска евиденција, следење на системите за заштита од пожари и поефикасно управување и надзор.

Учеството беше можност за размена на искуства и запознавање со современи пристапи за унапредување на противпожарната заштита. Изразуваме благодарност до организаторите за поканата и за создадената можност за стручно усовршување и меѓуинституционална соработка во интерес на побезбедни заедници.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на ДПД - Свети Николе

Продолжи со читање

  • ENSURE мобилност во Темишвар: нови знаења, соработка и благодарност до домаќините

    Тричлена делегација на Доброволното противпожарно друштво Свети Николе учествуваше на мобилноста за партнерско учење во рамките на проектот ENSURE, која се одржа од 12 до 16 октомври 2026 година во Темишвар, Романија, како дел од WP4 – Twinning Programme. Наш домаќин беше партнерската организација CPIP – CENTRUL PENTRU PROMOVAREA INVATARII PERMANENTE TIMISOARA ASOCIATIA, чиј тим…

  • ВОСПОСТАВУВАЊЕ ДИЈАЛОГ ПОМЕЃУ ЖЕНИТЕ И ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ ВО ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

    Жените и локалната власт во Кривогаштани во дијалог за економско јакнење и развој на женското претприемништво На 29 октомври 2026 година, во Општина Кривогаштани, се одржа средба посветена на унапредување на дијалогот помеѓу жените и локалната власт, со фокус на економското јакнење на жените, развојот на женското претприемништво и создавањето родово одговорни локални политики и…

  • Посета на Британската амбасада во Скопје: јакнење на соработката и еднаквите можности во пожарникарството

    На 6 октомври 2026 година, претставници на Доброволното противпожарно друштво Свети Николе, предводени од командирот Кирил Михајлов, заедно со пожарникарки од Црна Гора и Хрватска и претставнички на британската хуманитарна организација „Operation Florian“, ја посетија Британската амбасада во Скопје. Делегацијата беше примена од господинот Даниел Филер (Daniel Fieller), заменик-шеф на мисијата. На средбата беа претставени…

  • Eco-Competent: Climate Café отвори разговор за климатската анксиозност и менталната благосостојба на младите во Штип

    Што чувствуваме кога размислуваме за климатската криза? Како климатските промени влијаат врз нашата ментална благосостојба и како грижата за иднината на планетата може да стане поттик за позитивна промена? Овие прашања беа во фокусот на Climate Café, одржано во MladiHub Штип, каде што млади луѓе се собраа да разговараат за климатската анксиозност и емоциите поврзани […]

  • Националниот извештај за 2025 година: финансиска неизвесност, незавршени реформи и ограничено граѓанско учество

    Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го објави Националниот извештај за Северна Македонија за 2025 година „Матрица за мониторинг на овозможувачката околина за развој на граѓанското општество“. Наодите укажуваат на продолжен јаз меѓу законски загарантираните слободи и условите во кои граѓанските организации секојдневно работат. Намаленото финансирање, одложувањето на клучните реформи и недоследните јавни консултации ја ограничуваат способноста на секторот да обезбедува услуги, да ги застапува потребите на граѓаните и да придонесува кон отчетноста на институциите.

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор