Viber image 2026 10 31 11 37 30

Втора обука за јакнење на партиските капацитети за управување со интегритет

Институтот за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје, на 30 и 31 октомври во Велес одржа дводневна обука со 16 членови на политичката партија Движење ЗНАМ кои моментално раководат со јавни институции. Обуката беше посветена на практични пристапи за справување со корупциските ризици при вршењето на функцијата.

Учесниците разговараа за формите на корупција и како тие се појавуваат во секојдневната работа на институциите. Посебно внимание беше посветено на нивните лични обврски како раководители, на обврските на институциите кон Државната комисија за спречување на корупцијата и на новиот Закон за системот на внатрешна финансиска контрола. Преку интерактивни работилници и групна работа, учесниците ги мапираа корупциските ризици во институциите со кои раководат. Се фокусираа на слабостите во клучните процеси, како вработувањето, јавните набавки и давањето услуги, како и на ризиците поврзани со луѓето и организациската култура. На крајот предложија конкретни мерки за намалување на мапираните ризици, кои можат да се спроведат со постојните ресурси и надлежности.

Ова е втора обука од циклусот на Институтот за демократија за јакнење на интегритетот и антикорупциските капацитети на политичките партии.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Институт за демократја ИДСЦС

Продолжи со читање

  • 🚨НАЦИОНАЛНИОТ КАЛЕНДАР НА ЖЕНСКИ СПОРТСКИ НАТПРЕВАРИ Е ТУКА!

    ЧЕТИРИ СПОРТОВИ, ЕДНА ЦЕЛ А ТОА СЕ ПОЛНИ ТРИБИНИ ЗА НАШИТЕ ШАМПИОНКИ! Четири спортови. Повеќе градови. Една заедничка цел – да ги наполниме трибините за женскиот спорт! Од октомври до декември 2026, најавуваме низа возбудливи натпревари во кошарка, фудбал, ракомет и одбојка, на кои на нашите спортистки им е потребна…

  • Трето продолжение на обуката на тренери за управување со животната средина

    На 29.10.2026 год. (четврток) во Велес извидниците од велешкиот одред кои што учествуваа на тренингот за тренери организираа трет настан на кој што присуствуваше Анастасија Давчева ИО“Димитар Влахов”- Велес. Исто така овој настан беше организиран заедно во соработка на ОБСЕ и учениците од СОУ “Јовче Тесличков“ во Велес  оддржаа презентација…

  • Учество на конференцијата „Дигитализација на противпожарната заштита“

    На 28 октомври 2026 година, во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, на конференцијата „Дигитализација на противпожарната заштита“ учествуваа по еден претставник на ДПД Свети Николе, на ТППЕ Свети Николе и на кол-центарот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) во Свети Николе. Настанот беше организиран од Сојузот на стопански комори на Македонија, преку Комората за…

  • ENSURE мобилност во Темишвар: нови знаења, соработка и благодарност до домаќините

    Тричлена делегација на Доброволното противпожарно друштво Свети Николе учествуваше на мобилноста за партнерско учење во рамките на проектот ENSURE, која се одржа од 12 до 16 октомври 2026 година во Темишвар, Романија, како дел од WP4 – Twinning Programme. Наш домаќин беше партнерската организација CPIP – CENTRUL PENTRU PROMOVAREA INVATARII PERMANENTE TIMISOARA ASOCIATIA, чиј тим…

  • ВОСПОСТАВУВАЊЕ ДИЈАЛОГ ПОМЕЃУ ЖЕНИТЕ И ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ ВО ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

    Жените и локалната власт во Кривогаштани во дијалог за економско јакнење и развој на женското претприемништво На 29 октомври 2026 година, во Општина Кривогаштани, се одржа средба посветена на унапредување на дијалогот помеѓу жените и локалната власт, со фокус на економското јакнење на жените, развојот на женското претприемништво и создавањето родово одговорни локални политики и…

  • Посета на Британската амбасада во Скопје: јакнење на соработката и еднаквите можности во пожарникарството

    На 6 октомври 2026 година, претставници на Доброволното противпожарно друштво Свети Николе, предводени од командирот Кирил Михајлов, заедно со пожарникарки од Црна Гора и Хрватска и претставнички на британската хуманитарна организација „Operation Florian“, ја посетија Британската амбасада во Скопје. Делегацијата беше примена од господинот Даниел Филер (Daniel Fieller), заменик-шеф на мисијата. На средбата беа претставени…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор