3d0c23aa4c91e65b367c

Дали сте љубопитни за вистинската потрошувачка на гориво на автомобилите!?

Кои главни загадувачи, поврзани со емисиите од возилата, се регулирани на ниво на ЕУ?

Кои главни загадувачи, поврзани со емисиите од возилата, се регулирани на ниво на ЕУ?

Главните загадувачки емисии кои произлегуваат од моторите кои работат на бензин, дизел и алтернативно гориво се: јагленород моноксид (СО), азотни оксиди (NO и NO2, групно наведени како NOx), неизгорени јагленоводороди (HC) и честички (PM). Овие емисии на загадувачи се регулирани со „европските стандарди за емисии“. Јагленородниот двооксид (СО2) не е загадувач бидејќи не предизвикува здравствени проблеми или не им штети на растенијата и животните на директен начин, но тој е главниот стакленички гас. Зголемувањето на концентрацијата на СО2 во атмосферата придонесува кон глобалните климатски промени. Заради оваа причина, Европската унија, исто така, поставува специфични цели на емисии на СО2 за возилата преку наменско законодавство.

Која е врската помеѓу потрошувачката на гориво, загадувачите и емисиите на СО2 од мојот автомобил?

Која е врската помеѓу потрошувачката на гориво, загадувачите и емисиите на СО2 од мојот автомобил?

Потрошувачката на гориво и емисиите на СО2 се директно поврзани; колку автомобилот троши повеќе гориво, толку повеќе произведува СО2. Објаснувањето е едноставно: горивата содржат јагленород кој произведува енергија кога ќе се изгори. Оваа енергија го движи возилото. СО2 е производ на согорениот јагленород. Содржаниот јагленород во горивото е карактеристика за секој вид на гориво (бензин, дизел, итн.), што значи дека емисиите на СО2 можат лесно да се пресметаат доколку се познати потрошувачката и видот на горивото. За споредба, емисиите на загадувачи од автомобилите (NOx, HC, CO и PM) се посложени, бидејќи тие зависат од многу фактори, не само од потрошувачката на гориво. На пример, кај дизел автомобилите, емисиите на NOx воглавно зависат од работните услови (температура – притисок) на моторот и од ефикасното работење на автомобилските системи за „дополнителна обработка“.

Како се утврдува официјалната потрошувачка на гориво и емисиите на СО2 од мојот автомобил?

Како се утврдува официјалната потрошувачка на гориво и емисиите на СО2 од мојот автомобил?

Официјалната потрошувачка на гориво и емисиите на СО2 се определуваат во контролирани услови во лабораторија со употреба на „динамометар на шасија“, тоа е еден вид лента за трчање за автомобили. Автомобилите се возат по динамометарот на шасијата следејќи прецизна низа на забрзувања и забавувања наречени „циклус“. Пред секој тест, динамометарот на шасијата се калибрира врз основа на масата на возилото и на други отпори кои возилото ги искусува при возење по патот. До 2017 година, циклусот кој се користел за мерење на официјалните емисии на загадувачки материи и потрошувачката на гориво во автомобилите во ЕУ бил новиот европски циклус на возење (NEDC-New European Driving Cycle). Меѓутоа, NEDC произвел потрошувачка на гориво и вредности на емисии на СО2 кои се повеќе се разликувале од реалните бројки. Затоа, NEDC постепено се заменил со постапката за тестирање на лесни возила хармонизирана во светски рамки (WLTP-Worldwide Harmonised Light Vehicles Test Procedure), која дава пореални резултати. Понатаму, тестирањето за реални емисии од возење (RDE- Real Driving Emissions), постапка за тестирање на пат, неодамна е додадена во постапката за сертифицирање на автомобили за вкрстена проверка на вредностите на емисиите на загадувачки материи измерени во лабораторија од страна на WLTP.

Ако официјалната потрошувачка на гориво и емисиите на СО2 се веќе наведни во сертификатот за регистрација на возилото и во брошурата за автомобилот, зошто вредностите на потрошувачката на гориво наведени на оваа веб-страница би биле корисни?

Во последните две децении, реалните вредности на потрошувачката на гориво на новите патнички автомобили биле сè поинакви од официјалните спецификации на производителите на автомобили. Просечното отстапување од официјалното ниво на потрошувачка на гориво во 2001 година било околу 9%, но во 2017 година достигнало просечна вредност од 39%, без да има никаква промена во постапката за сертифицирање во тој период. Иако неодамнешното префрлување од новиот европски циклус на возење (NEDC) кон процедурата за тестирање на лесни возила хармонизирана во светски рамки (WLTP) веројатно ќе го намали јазот помеѓу официјалната и реалната потрошувачка на гориво и вредностите на емисиите на СО2, постојат индикации дека во иднина би можела да остане значителна разлика.
Наспроти ова, проектот MILE21 има за цел на потрошувачите да им даде на располагање реални потрошувачки на гориво и вредности на емисии за нови и постари модели на автомобили. За да се добијат овие вредности, ќе бидат земени во предвид податоците за потрошувачката на гориво обезбедени директно од потрошувачите преку веб-страницата MILE21, како и други извори на податоци.

Која е врската помеѓу потрошувачката на гориво, загадувачите и емисиите на СО2 од мојот автомобил?

Која е врската помеѓу потрошувачката на гориво, загадувачите и емисиите на СО2 од мојот автомобил?

Потрошувачката на гориво и емисиите на СО2 се директно поврзани; колку автомобилот троши повеќе гориво, толку повеќе произведува СО2. Објаснувањето е едноставно: горивата содржат јагленород кој произведува енергија кога ќе се изгори. Оваа енергија го движи возилото. СО2 е производ на согорениот јагленород. Содржаниот јагленород во горивото е карактеристика за секој вид на гориво (бензин, дизел, итн.), што значи дека емисиите на СО2 можат лесно да се пресметаат доколку се познати потрошувачката и видот на горивото. За споредба, емисиите на загадувачи од автомобилите (NOx, HC, CO и PM) се посложени, бидејќи тие зависат од многу фактори, не само од потрошувачката на гориво. На пример, кај дизел автомобилите, емисиите на NOx воглавно зависат од работните услови (температура – притисок) на моторот и од ефикасното работење на автомобилските системи за „дополнителна обработка“.

Зошто мојата потрошувачка на гориво се разликува од вредноста декларирана од производителот на автомобили?

Зошто мојата потрошувачка на гориво се разликува од вредноста декларирана од производителот на автомобили?

И покрај неодамнешното усвојување на процедурата за тестирање на лесни возила хармонизирана во светски рамки (WLTP), кое може да доведе до пореални вредности на потрошувачката на гориво декларирана од производителите, вистинските вредности добиени при возење на пат, сеуште се разликуваат од оние кои произлегуваат од лабораториските тестирања. Во реалниот свет, многу различни аспекти можат да направат автомобилите да трошат повеќе гориво отколку во лабораторијата, вклучително и температурата на околината, сообраќајот, стилот на возење, климатизацијата и оптоварувањето на автомобилот.

Колку се сигурни и точни податоците прикажани на оваа веб-страница?

Колку се сигурни и точни податоците прикажани на оваа веб-страница?

Mile21.org ќе состави податоци од повеќе извори на податоци за возила. Овие податоци ќе вклучуваат официјални податоци (на пр. спецификации на моторот и официјални вредности на потрошувачката на гориво за секој модел на автомобил), податоци за потрошувачката на гориво добиени од статистички модели, податоци за тестирање на реални емисии и податоци за потрошувачка на гориво на пат кои ги споделуваат корисниците на веб-страниците. Официјалните податоци ќе се потпираат на информациите од производителите, а на веб-страницата ќе бидат поставени непроменети.
Теренските и лабораториските мерења ќе ги вршат LAT и TNO, кои имаат долгогодишно искуство во оваа област и, според тоа, ќе можат да обезбедат дека тестирањата се вршат според строг научен протокол и со користење на добро инженерско знаење.
Податоците за потрошувачката на гориво кои ги споделуваат корисниците, при внесување, ќе биде проверена нивната веродостојност, но невистинитите записи не можат целосно да се избегнат. Сепак, иако искуството на индивидуални возачи може значително да се разликува, збирните податоци од поголема група возачи ќе дадат добра индикација за тоа како функционира одреден модел на возило во реалноста.

Зошто мојата потрошувачка на гориво се разликува од вредноста декларирана од производителот на автомобили?

Зошто мојата потрошувачка на гориво се разликува од вредноста декларирана од производителот на автомобили?

И покрај неодамнешното усвојување на процедурата за тестирање на лесни возила хармонизирана во светски рамки (WLTP), кое може да доведе до пореални вредности на потрошувачката на гориво декларирана од производителите, вистинските вредности добиени при возење на пат, сеуште се разликуваат од оние кои произлегуваат од лабораториските тестирања. Во реалниот свет, многу различни аспекти можат да направат автомобилите да трошат повеќе гориво отколку во лабораторијата, вклучително и температурата на околината, сообраќајот, стилот на возење, климатизацијата и оптоварувањето на автомобилот.

Како можам да ја намалам потрошувачката на гориво и емисиите на СО2 со еко-возење?

Како можам да ја намалам потрошувачката на гориво и емисиите на СО2 со еко-возење?

Потрошувачката на гориво и емисиите на СО2 се директно поврзани: заштедата на 10% гориво емисиите на СО2 ги намалува за 10%. Користењето горива со повеќе био-примеси како Е10 наместо Е5, исто така, ќе ги намали вкупните емисии на стакленички гасови, бидејќи јагленородот кој е содржан во „био“ делот од горивото е од обновливи извори наместо од фосилни горива.
Општо земено, потрошувачката на гориво најефективно можете да ја намалите со избегнување на непотребно запирање, како и со избегнување на големи брзини на автопатот, обично над 100 km/час. Ова е затоа што после запирање, најголемиот дел од моќноста која моторот треба да ја снабди, е потребна за повторно да се забрза до полна брзината или да се протурка возилото низ воздухот, дури и кај многу глатко возило. Ако многу возите низ град, вашата потрошувачка на гориво може значително да се намали ако го предвидите пропуштањето на возилото на семафор од 100 и повеќе метри. Истото важи и за сообраќајниот метеж. Ако возите побавно по автопатот, патувањето очигледно ќе трае малку подолго. Во реални околности, оваа разлика е честопати занемарлива (неколку минути), освен ако не се возат многу долги растојанија по автопатот. Забелешка: водете сметка за безбедноста. Никогаш не создавајте небезбедни ситуации заради еко-возење.
Одржувањето на возилото во соодветна состојба исто така ќе помогне да се избегне голема потрошувачка на гориво: притисок во гумите, паразитско запирање (плочки на сопирачките кои го допираат дискот на сопирачката во тек на возење), балансирање на тркалата (на пр., небалансираност предизвикана од помали несреќи), непотребен голем товар или носачи на покривот (т.е. носачи за скии и синџири за снег кои и во лето се возат во багажникот); сите можат да придонесат за поголема потрошувачка на гориво.

Како може MILE21 да ми помогне да дознаам која е реалната потрошувачка на гориво на мојот автомобил? Како може да ми помогне да донесам информирана одлука за набавка ако планирам да купам автомобил?

Како може MILE21 да ми помогне да дознаам која е реалната потрошувачка на гориво на мојот автомобил? Како може да ми помогне да донесам информирана одлука за набавка ако планирам да купам автомобил?

Партнерите на MILE21 развиле модели кои предвидуваат реална потрошувачка на гориво врз основа на трендовите определени со следење/надгледување на потрошувачката на гориво на пат. Проектот MILE21 ќе ги прошири и користи овие модели за да обезбеди реални податоци за потрошувачката на гориво на корисниците. Надгледувањето ќе се прошири со користење на повратни информации од корисниците низ цела Европа, што дополнително ќе ги подобри предвидените вредности на потрошувачката на гориво. Кога потрошувачите размислуваат да купат ново возило, тие можат да ги споредат реалните вредности на потрошувачката на гориво за возилата кои се од интерес.

Продолжи со читање

  • МЦМС ја започна новата антикорупциска програма

    Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го започна спроведувањето на програмата „Градење општество отпорно на корупција“, која ќе се реализира во периодот од 1 јануари 2026 до 30 јуни 2028 година со финансиска поддршка од Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија.

  • Потврда на долгогодишното македонско-холандско пријателство

    Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) и Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) на 16 јануари 2026 година беа домаќини на Н.Е. Узлем Џанел (Özlem Canel), Амбасадорка на Кралството Холандија во Република Северна Македонија и Иван Илиев, советник за економија и трговија во Амбасадата.

    „Денес беше убава прилика за освежување на долгото пријателство меѓу МРФП и Амбасадата на Кралството Холандија“, истакна Лазар Неданоски, извршен директор на МРФП.На средбата, која помина во пријатна и отворена атмосфера, директорот на МЦМС, Александар Кржаловски, потсети на почетоците на соработката со Холандија и на клучните поединци кои придонеле за развојот на организацијата. МЦМС како организација е основана во 1993 година, како потфат на домашни иницијативи поддржани од Холандската меѓуцрковна помош (ХМП) и агенциите на Светскиот совет на црквите (ССЦ). Пет години подоцна, во 1998 година, МЦМС ја основаше Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), фокусирана на развој на малите претпријатија, преку пристап до финансиски услуги и промоција на претприемништво.

    Директорот на МРФП, Неданоски, даде хронолошки приказ на развојот на Фондацијата, нагласувајќи дека поддршката од Кралството Холандија била од клучно значење во првите години од нејзиното работење. Според него, таа поддршка не била важна само од финансиски аспект, туку имала значително влијание и врз организацискиот развој на МРФП, како и врз пошироката заедница мултиплицирајќи го ефектот во развојот на институциите, организациите и нивните лидери.
    Амбасадорката Џанел изрази задоволство што поддршката од Кралството Холандија резултирала со одржливи организации кои успешно работат и го пренесуваат своето искуство на други организации и институции. На средбата беше разговарано и за можностите за идна соработка.
     
  • Презентиран Индексот на политички интегритет

    На 27 ноември 2025 година во Клубот на пратеници се одржа презентацијата на првиот Индекс за политички интегритет (ИПИ) во земјата – инструмент создаден да ја измери, поттикне и промовира културата на интегритет во политичкиот и јавниот живот. Настанот беше проследен од голем број претставници на институции, медиуми, граѓански организации. Во своето…

  • Bure-Cycle: Од отпад до иновативен велосипедски паркинг

    Во светот каде ресурсите се ограничени, а отпадот се зголемува, секоја мала идеја за реупотреба има големо значење. Еко Логик со својот проект Bure-Cycle го покажува токму тоа – како старите метални буриња можат да добијат нов живот и да станат функционални, визуелно привлечни и одржливи велосипедски паркинзи за јавни простори. Иницијативата се роди од […]

  • Младите уметници го освојуваат јавниот простор: PATS – Уметност за активизам и општествени промени

    Европскиот проект „Младите уметници го освојуваат јавниот простор – PATS“ (Performance Artists Take The Streets – PATS) официјално започнува со јасна и силна мисија: да им овозможи на младите уметници нови простори, алатки и можности за креативно изразување и општествен ангажман. Уметноста како глас на промената PATS е проект финансиран преку Erasmus+ програмата на Европската […]

  • Високите цени ја истиснаа корупцијата од првото место, но таа и понатаму е меѓу најголемите општествени предизвици

    За разлика од 2021 и 2023 година, кога корупцијата беше препознаена како најголем општествен проблем, во 2025 година граѓаните на прво место ги издвојуваат високите цени (46,6%), додека корупцијата е веднаш зад нив (40,1%). Ова укажува дека инфлацијата, растечките трошоци за живот и намалената куповна моќ ја зголемуваат економската несигурност, но и дека корупцијата останува еден од клучните општествени предизвици.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор