НРЦ

Барање за прибирање понуди за хотелско сместување и угостителски услуги за одржување обука

Почитувани,

Здружение Национален Ромски центар (НРЦ) од Куманово објавува „Барање за прибирање на понуди“ повикувајќи ги сите регистрирани правни субјекти, да поднесат понуди со следните содржински спецификации:

1.Општи услови

1.1 Набавувач на услуги: ЗГ “Национален Ромски Центар” со седиште во Куманово ул. „Доне Божинов“ 11/5.

1.2 Предмет на барањето: Барање за прибирање на понудиза хотелско сместување и угостителски услуги за одржување обука

1.З. „Национален ромски центар“ (НРЦ) го спроведува проектот „Организациски развој на НРЦ и подобрени способности за вработување и претприемништво кај Ромите, особено кај жените и младите“ со финансиска поддршка на We Effect, и заради остварување на планираните проектни активности јавно го објавува ова барање.

Цели на проектот

Зголемени капацитети и пристап до пазар на труд за Ромите, да ги искористат можностите за вработување и бизнис можностите  на  пазарните системи.

Зголемени организациски капацитети на Здружението Национален  ромски центар.

1.4. Набавката на ова Барање не е делива. Изборот ќе се направи согласно најдобриот финансиски интерес за понудените стоки и услуги.

2. Понуда

  • Понуда за одржување на обука за 6 и 7јули 2021 година за 20 учесници
  • Понудата треба да содржи цена за сместување во еднокреветна соба со доручек, ручек и вечера за вкупно 6 лица
  • Ручек за 20 учесници на 06.07.2021 и за 1 4на 07.07.2021(во оваа бројка не се вклучени 6-те лица во полн пансион).
  • Настанот ќе започне со ручек на 06.07.2021 и ќе заврши на 07.07.2021 по ручекот.За реализација на настанот ќе биде потребно да се обезбедат сите потребни услови согласно Протоколот за заштита од Ковид 19.
  • Понудата треба да содржи цена и за сала за состаноци, вода за време на обуката и 2 кафе паузи. Локацијата на понудувачот треба да е во близина на Куманово. Понудената цена треба да е во денари.

3. Критериуми за избор на најповолен понудувач:

  • Цена
  • Квалитет

Цената носи максимум 80 бодови, квалитетот носи максимум 20 бодови.За добитник на повикот по барањето за доставување на понуди се смета понудувачот кој ќе добие најмногу поени.

4. Облик и содржина на понудата

4.1 Понудата се изработува во писмен облик со понудена цена во денари

4.2 Име, адреса и седиште на понудувачот на услуги, даночен број, броеви на телефон, факс, е-маил адреси за контакт како и лица за контакт

4.3 Карактеристики на понудата

4.4 Рок и начинот на испорака на стоките и услугите

4.5 Рок и начин на плаќање

Ве Молиме вашите понуди да ги испратите по електронска пошта (e-mail) на следната адреса info@nationalromacentum.orgи curcinska@nationalromacentrum.orgнајдоцна до 25.06.2021 година до 16 часот.


БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ ПОНУДИ (за хотелско сместување и угостителски услуги за одржување обука) was first posted on June 14, 2021 at 2:13 pm.
©2016 “Национален Ромски Центар“. Use of this feed is for personal non-commercial use only. If you are not reading this article in your feed reader, then the site is guilty of copyright infringement. Please contact me at dalibor.sojic@gmail.com

Продолжи со читање

  • Метаморфозис го одбележува Меѓународниот ден за универзален пристап до информации – 28 септември преку промоција на резултати од Индексот на отвореност на извршната власт

    Според Индексот на отвореност за 2024 година, исто како и претходната година, Владата на Северна Македонија е најотворена институција меѓу групите од извршната власт, министерства и органи на државната управа, исполнувајќи 77,32 % од критериумите. Во споредба со претходната година има забележано пад од минимален 1 отсто, кој се повторува втора година по ред. Фондација […]
    The post Метаморфозис го одбележува Меѓународниот ден за универзален пристап до информации – 28 септември преку промоција на резултати од Индексот на отвореност на извршната власт first appeared on Metamorphosis.

  • Програма за Текстилијада #9

    📢 ТЕКСТИЛИЈАДА 9 – Штип03–04 октомври 2025 📅 Петок, 03.10.2025 10:00 – Отворање на „Текстилијада 9“ – Откривање на мурал „Иднината

  • МЛАДИТЕ УЧЕА КАКО ДА ВРШАТ МОНИТОРИНГ НА РЕЧНИТЕ КОРИТА

    Младите од Општина Карпош, Општина Зелениково и Општина Ѓорче Петров, учеа како да вршат мониторинг на речните корита.

    Вчера, во Домот на култура во општина Ѓорче Петров се одржа едукативен настан посветен на мониторинг на водните текови, во организација на граѓанските организации Resource Environmental Center – REC North Macedonia, Center for Environmental Democracy – Florozon и Еко Логик.

    Настанот е дел од проектот „Брза проценка на водотеците на Западен Балкан – Фаза 2“, поддржан од U.S. Forest Service and Department of Defense EUCOM and Forest Service International Foundation.

    Настанот започна во 09:30 часот со едукативна сесија, по што следеше практична теренска вежба на реката Лепенец. Таму младите учесници и претставници од општините имаа можност директно да ја применат СВАП методологијата (Stream Visual Assessment Protocol) и да научат како се проценува состојбата на едно речно корито. Дополнително, беа идентификувани и жешки точки долж реката Лепенец.

    Целта на овој настан беше да ги запознае младите и претставниците од општините со современи методи за проценка на квалитетот на водните текови, да ги зајакне капацитетите на локалните чинители – институции, граѓански организации и експерти, како и да поттикне поширока јавна дискусија за заштита и одржливо управување со водните ресурси.

    Настанот беше наменет за млади на возраст од 15 до 30 години како и за претсавници од општините од општините Карпош, Зелениково и Ѓорче Петров, кои преку интерактивна едукација и теренска работа стекнаа нови знаења и вештини за мониторинг и заштита на речните корита.

  • Младите од општина Карпош, општина Зелениково и општина Ѓорче Петров,  учеа како да вршат мониторинг на речните корита

    Скопје, 24 септември 2025 година Вчера, во Домот на култура во општина Ѓорче Петров се одржа едукативен настан посветен на мониторинг на водните текови, во организација на граѓанските организации Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ) – Северна Македонија, ФЛОРОЗОН – Центар за еколошка демократија и Еко Логик. Настанот е дел од проектот „Брза проценка […]

  • Локалната самоуправа сè уште далеку од вистинска отвореност – просекот порасна на 40%

    Фондација Метаморфозис и Рурална Коалиција ги претставија наодите од Процената на доброто владеење во единиците на локалната самоуправа во Република Северна Македонија изготвена преку Индексот на отвореност за 2025 година на тематскиот форум „Отворена општина – активна заедница“. Процената претставува длабинска анализа на работата на локалната самоуправа која дава резиме на вкупните перформанси на локалната […]
    The post Локалната самоуправа сè уште далеку од вистинска отвореност – просекот порасна на 40% first appeared on Metamorphosis.

  • Пријави се за коучинг сесија за справување со родово базирано сајбер насилство во Штип

    Иницијатива за европска перспектива во партнерство со ГО Заеднички вредности а во рамки на проектот Младите жени против онлајн насилство, започнува спроведување на групни коучинг сесии во 4 градови низ земјата (Скопје, Куманово, Штип, Струмица).  ✨ Што добиваш?🔹 Специјално развиена програма за коучинг🔹 Мултисекторско учење: правници, психолози и експерти за сајбер-безбедност Повикот…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор