174546404 1438187836530798 8691019015953716325 n 1024x576

Рурална Коалиција го надоградува знаењето и учи од експерти!

Како дел од Increasing Civic Engagement in the Digital Agenda мрежата која што ги опфаќа граѓанските организации од Западен Балкан, а која што е насочена кон доближување на Дигиталната агенда до граѓаните, но во исто време и зголемена употреба на е-услугите, тимот на Рурална Коалиција има можност да следи континуирани вебинари преку кои што го надоградува своето знаење и учи експерти кои што доаѓаат од земја која што е предводник во дигитализацијата, а тоа е Естонија.

На последниот вебинар кој што се одржа вчера, проектниот тим на Коалицијата имаше можност да ги види и да ги развие алатките кои што ќе ја зголемат промоцијата на е-услугите, но и преку користење на новите медиуми, особено социјалните мрежи, да допре до различните таргет групи со фокус на земјоделските и руралното население, а се со цел да успее да изгради успешна комуникација, да понуди препораки, но и да го зголеми учеството на сопствената таргет група во практикувањето на демократското е-општество.

Во исто време, Рурална Коалиција токму во рамките на оваа мрежа го спроведува проектот “Дигитализација во земјоделството – СЕГА”, а наскоро ќе ја промовира и првата платформа за е-земјоделски услугии директна поддршка на локалното население во добивањето на е-услугите.

Продолжи со читање

  • Новиот нацрт-кодекс на новинарите на Македонија отворен за коментари

    Почитувани медиумски работници и сите чинители во медиумскиот сектор, во продолжение го споделуваме нацрт-текстoт од новиот Кодекс на новинарите составен од осумнаесет членови. Ве покануваме да ги споделите Вашите коментари и мислења, со што ќе дадете значаен придонес за подобрување на тековната работна верзија. Коментарите можете да ги испратите на е-пошта: contact@znm.org.mk до 18 мај, […]

  • Подигнување на свеста за дигиталната безбедност кај младите: Метаморфозис одржа обуки за учениците од American High School Skopje

    Во насока на подигнување на свеста за дигиталната безбедност кај младите, Фондацијата Метаморфозис одржа серија интерактивни обуки за учениците од прва до четврта година во средното училиште American High School Skopje. Обуките беа реализирани во две одделни сесии, во рамки на класниот час. Првата обука беше посветена на основните концепти на дигиталната безбедност и предизвиците […]

  • Првомајски одредски тим билдинг

    Во периодот од 1-3.05.2026 год. нашите членови во извидничкиот центар “Голозинци“ во истоименото село организираа одредски тим билдинг кој го водше началникот на одред Иван Гушев. На овој одредски тим билдинг се работеше на следните подрачја: подготовки за наредните акции, Вардарска регата “Гемиџии“ и други пловидби, изборната настава по Извидништво…

  • Претставување на XXVI Вардарската регата “Гемиџии 2026“ на ТВ Сител

    На 1.5.2026 год. (петок), во утринската програма на ТВ Сител во Скопје “Ја сакам Македонија“  претставниците на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, м-р Ангелче Гушев и Владимир Ивановски – Вуцо како главни организатори на Вардарската регата, земаа учество во споменатата емисијата со водителот Александар Блажевски. За потребите на оваа…

  • Доделени годишните награди на СЕММ за новинарски стории

    Советот за етика во медиумите на Македонија денеска ги додели годишните награди за најдобра новинарска сторија на тема „Факти и дезинформации за климатските промени“.
    Првата награда ја доби новинарот Михајло Милошески, од „360 степен… Повеќе… “Доделени годишните награди на СЕММ за новинарски стории”
    Source

  • Осма едукативна работилница за здравјето на мајките и децата одржана во Свети Николе

    На 27.04.2026 година во Свети Николе се одржа осмата по ред едукативна работилница посветена на здравјето на мајките и децата, со посебен фокус на мајчиното ментално здравје. Работилницата беше наменета за жени кои се бремени или се во период до 12 месеци по породувањето. Целта на работилницата беше да им…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор