|

ЗДРУЖЕНИЕ ЗА МУЛТИКУЛТУРНА ИНТЕГРАЦИЈА, „ИНКЛУЗИЈА“, ОХРИД

Вкупен буџет: 330.000 денари

Времетраење: 01.01.2021 – 30.05.2021 (5 месеци)

КОНСТИТУЕНТИ

Здружението за мултикултурна интерграција „ИНКЛУЗИЈА“, Охрид е формирано на 23.01.2011 година со цел почитување на човековите права, демократијата, еднаквост, слободата на изразување, солидарност и социјална вклученост на младите луѓе од македонска и од помалите етнички заедници во општина Охрид и во Република Северна Македонија. Активностите се спроведуваат преку нивно активно учество во процесите на донесување одлуки, со лидерство, неформално образование, младински активизам, младинска работа, волонтеризам и креирање социјално свесни и одговорни млади луѓе, кои треба да станат идни лидери во заедниците од кои што доаѓаат.

Наша главна целна група се средношколци на возраст од 15-19 години, како и млади луѓе до 30 годишна возраст, кои потекнуваат од диферентни етникуми.

ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС

Низ една призма – сите сме исти

ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА

Потребата е посебно дефинирана кај учениците од шесто до деветто одделение како и кај средношколците од различни етнички заедници во градот кај кои честа појава е непознавање на јазикот, традициите, културата и обичаите на другиот етникум.

Според истражувањата спроведени за потребите на други проекти, младите генерации не ги знаат културно – историските одлики на етникумите кои живеат во овој регион, не создаваат мостови на заеднички пријателства и доверба и имаат висок праг на нетолеранција на секаква основа.

Од тој аспект, сметаме дека реализацијата на проектот, ќе придонесе кон унапредувањето на ваквата состојба во општината.

Општината нема интегриран пристап за поттикнување на интеркултурното разбирање и толеранција, помеѓу младите од регионот. Ова ќе биде опфатено со проектот, затоа што младите од различни етнички заедници имаат потреба од обуки за зајакнување на нивните капацитети во неколку области, како што се: лидерски вештини, креирање јавни политики и стратегии, мултикултурни дружења и претставување на културите преку мултикултурни средби, итн.

Младите лидери од општината, имаат потенцијал да ги променат и подобрат ситуациите во Охрид, но потребни им се насоки и воспоставена форма за идентификување и анализирање на проблемите, подготвување и предлагање локални иницијативи, како и лобирање и застапување за нивна реализација.

Проектните активности се создадени, за да се поттикне отворена комуникација и да се стимулираат младите луѓе да учествуваат во нивната реализација. Учеството на општината и училиштата обезбедува долгорочна визија за градење толеранција и разбирање, во регионот. Вклучувањето на општинските власти ќе создаде цврста основа за понатамошен развој на младинската соработка, во овој дел од земјата.

Проектот е дизајниран да гради партнерства и вмрежување меѓу младинските невладини организации, општините, училиштата, младите и граѓаните од различни етнички заедници, кои егзистираат по должината на езерото.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Градење интеркултурно и толерантно општество преку суштинска политичка поддршка со која Република Северна Македонија ќе се гради како граѓанска држава на сите што живеат во неа: Македонци, Албанци, Турци, Срби, Власи, Роми, Бошњаци, Египќани и сите други заедници во насока на поголема интеркултурна комуникација и градење на дух на меѓусебно почитување.

Специфична цел: Да се зголеми меѓукултурната комуникација и соработка помеѓу основните и средните училишта и кај останатите млади луѓе од општината, да се  развијат лидерските вештини кај младите и тие да се здобијат со вештини за управување со носечки иницијативи со цел интеграција на заедниците, да се претстават позитивните аспекти на живеењето во мултикултурна средина, да се зајакне меѓуетничката толеранција и да се препознае важноста на заедничкиот културен дух, кај младите генерации.

РЕЗУЛТАТИ

  1. Воспоставена соработка со осум oсновни и четири средни училишта во Охрид, опфатени 300 ученици во основно и во средно образование, како и 100 родители;
  2. Реализирани исто толку заеднички работилници  во секое од основните и средните училишта ( со присуство на 20 ученици на секоја работилница посебно.  На работилниците ќе бидат опфатени осум теми: толеранција, дискриминација, предрасуди, стереотипи, насилство, говор на омраза, ефективна комуникација, градење доверба и соработка;
  3. Организирана една кафе средба, односно дискусија на 20 млади лица со тројца претставници на МПЦ, ИВЗ и Католичката црква во Охрид, на теми поврзани со верската толеранција и заедничкиот соживот. На крајот на средбата, учесниците ќе пуштат 20 балони и ќе поделат картички со пораки за мир, толеранција и соживот;
  4. Организиран мултиетнички и мултикултурен камп со учество на 20 средношколци и студенти од различни етнички заедници, двајца обучувачи и двајца претставници на здружението. Учесниците на кампот ќе се стекнат со неопходните лидерски вештини и знаења, во однос на темата;
  5. Еднодневна виртуелна едукативна екскурзија, на која ќе учествуваат 20 средношколци, студенти и претставници на здружението. На овој настан, кураторите од националната установа „Завод и музеј“ од Охрид, ќе направат онлајн (online) тура низ најзначајните културно – историски споменици на заедниците кои живеат во општината. По завршувањето, видеото ќе биде поставено и на Јутјуб (YouTube);
  6. Напишани и објавени новинарски текстови поврзани со македонската, албанската, турската, српската, влашката и египќанската традиција, во соработка со етнолог од заводот и музеј од Охрид. Текстовите треба да бидат објавени на веб портал и документирани со камера, со цел да можат да се постават на Јутјуб (YouTube) и да бидат претставени на видео бим;
  7. Мултикултурна визита, со 20 учесници од различни институции, граѓани, претставници на политички подмладоци, пратеници во собранието и советници, како и репрезенти на граѓански организации.

АКТИВНОСТИ

  1. Конститутивна средба со тимот, задолжен за реализација на проектот;
  2. Мултикултурни работилници во основните и во средните училишта, со цел да се развие свесноста и да се поттикне почитта за постоењето сличности и разлики, во обележјата на различните етникуми и вери;
  3. Толерантно кафе –дискусија на 20 млади со претставници на МПЦ, ИВЗ и Католичка црква од Охрид, на теми поврзани со верската толеранција и заедничкиот соживот и суштината на мирот и соработката;
  4. Младински мултикултурен камп во траење од 2 дена;
  5. Како дел од активностите на овој проект предвидено е да се организира и посета на децата на верските објекти (црква и џамија) со цел да се запознаат но и да ги почитуваат културните разлики.
  6. Пишување и објава на новинарски текстови за обичаите, традицијата, културата и храната на избраните етникуми (Македонец, Египќанец, Албанец, Србин, Влав и Турчин) и нивното преведување на повеќе јазици;
  7. Мултикултурна визита, со која ќе се означи крајот на проектот и ќе се презентираат резултатите пред јавноста.

Веб страна

Продолжи со читање

  • Здружение на новинарите на Македонија (ЗНМ)

    Вкупен буџет: 3.240.057 МКД Период на реализација: 01.01.2026 – 31.10.2026 (10 месеци) Специфична тема: Борба против корупција и истражувачко новинарство Партнери: Македонски институт за медиуми (МИМ) Конституенти:  Новинари и уредници од локални, приватни и национални медиуми Новинари и уредници од Македонската радио телевизија (МРТ) Медиумски професионалци и медиумски организации Граѓани како корисници…

  • Зелен институт – Скопје

    Вкупен буџет: 2.999.983 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Зелени иницијативи Партнери: Здружение на сопственици на приватни шуми – Берово Конституенти:  Граѓани; земјоделци; сопственици на приватни шуми; локални заедници; граѓански организации; локални власти и јавни институции; образовни институции; медиуми. За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Нула биоотпад: Системски…

  • РЕСИС – Скопје

    Вкупен буџет: 3.000.000 МКД Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: ОВОЗМОЖУВАЧКА ОКОЛИНА ЗА РАЗВОЈ НА ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО Партнери: Совет за етика во медиумите во Македонија – СЕММ Конституенти:  Граѓански организации и неформални групи кои работат на теми поврзани со општествен развој и јавни политики, активни граѓани, млади и…

  • Отворете ги прозорците

    Вкупен буџет: 2.998.600 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Социјална кохезија Партнери: ЗЕТА – организација за попреченост и правда Конституенти:  Млади лица; лица со попреченост; граѓани со ограничен пристап до дигитални услуги; граѓански организации; локални и централни институции; јавни службеници; образовни институции; медиуми. За проектот поддржан од…

  • Здружение на еколози „Натура“ – Струга

    Вкупен буџет: 2.848.300 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Зелени иницијативи Партнери: Извиднички одред „Мирко Милески“ – Кичево Конституенти:  Граѓани од Југозападниот регион (Струга, Охрид, Вевчани, Дебар и Кичево); млади лица; жени; ученици и наставници; граѓански организации; локални власти и општински администрации; образовни институции; медиуми; локални заедници;…

  • Младински сојуз – Крушево

    Вкупен буџет: 2.999.227 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Унапредување на дигиталната трансформација Партнери: Конституенти:  Млади лица од Крушево и целните општини; граѓани од локалните заедници; граѓански организации; локални власти и општински совети; јавни институции; образовни установи; медиуми. За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Мојот глас во мојот…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор