Здружение на граѓани Центар за управување со знаење Скопје
Вкупен буџет: 330.000 MKД
Времетраење: 01.03.2021 – 31.10.2021 (8 месеци)
КОНСТИТУЕНТИ
Целна група на самата акција се институциите и вработените во државната и јавна администрација. Акцијата, врз основа на претходно утврдена база на податоци од државни органи и јавниот сектор, ќе опфати одреден процент на државна администрација на национално ниво, вклучително и онаа на општинско ниво, институции од областа на образованието, одбраната и јавното здравство.
ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС
НАДМИНУВАЊЕ НА ЈАЗОТ ВО ДИГИТАЛНИТЕ ВЕШТИНИ НА ДРЖАВНАТА И ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА (Е-АДМИНИСТРАЦИЈА)
ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА
Имајќи предвид дека Северна Македонија се движи кон ЕУ и го структурира својот државен и јавен сектор во согласност со тој на Европската Унија, исклучително е важно да се направи истражување за постоечкиот јаз во дигиталните вештини на државната и јавната администрација во нашата земја. На тој начин ќе се направи пресек и ќе се дознае какви се сегашните вештини и какви се потребите, а потоа, резултатите ќе се споредат со резултатите од Европската Унија. Сознанието ќе овозможи да се подготват предлог мерки за надминување на овој јаз и зголемување на ефикасноста на државната и јавната администрација.
ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ
Општа цел: Општата цел на оваа акција е подготовка на Документ за политика (Policy brief) со предлог мерки за надминување на јазот кој постои во државната и јавната администрација во однос на познавањето на дигиталните вештини потребни за зголемување на ефикасноста и продуктивноста, но и давање на брзи, квалитетни и електронски услуги во насока на искористување на придобивките од технологијата и подобрување на севкупната конкурентност на државата.
Специфична цел/и: Спроведување на истражување за идентификување на јазот во дигиталните вештини кој постои во државната и јавната администрација и идентификување на предлог мерки со кој истиот би можел да се надмине.
РЕЗУЛТАТИ
- Мапирање на државни органи, односно создавање база на стратифициран примерок кој ќе влезе во истражувањето на државната и јавна администрација;
- Прилагодување на истражувачката методологија од Мекинзи применета во ЕУ со анкета и прашалник;
- Анализа/Извештај од наодите од анкетата со предлози на мерки за надминување на истото;
- Тркалезна маса со претставници од државната и јавната администрација за презентација и верификација на наодите;
- Документ за политика (Policy brief).
АКТИВНОСТИ
- Идентификување на државните органи и јавни институции и разработка на примерокот кој ќе влезе во истражувањето на државната и јавна администрација;
- Развој на база на податоци од државни органи и јавни институции;
- Прилагодување и подготовка на прашалникот и спроведување на анкета. Анкетата се заснова на методологија подготвена од страна на консултантската куќа Мекинзи за потребите на ЕУ;
- Чистење и процесирање на податоците добиени преку анкетата;
- Подготовка на анализа од наодите за јазот во дигиталните вештини и развивање предлог мерки согласно наодите;
- Логистика за одржување на тркалезна маса со претставници од клучни институции, граѓанскиот сектор и коморите;
- Дисеминација за настанот – застапеност на социјални мрежи, изработка на инфографици и дополнителни материјали;
- Подготовка на Документ за политика (Policy brief)


![Logoa za [ЦМ ПГ] i [ЦМ ГГА]](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/01/logoa-za-cm-pg-i-cm-gga-768x384.jpg)
![Logoa za [ЦМ ПГ] i [ЦМ ГГА](1)](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/01/logoa-za-cm-pg-i-cm-gga1-768x384.jpg)
![Logoa za [ЦМ ПГ] i [ЦМ ГГА](2)](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/01/logoa-za-cm-pg-i-cm-gga2-768x384.jpg)
![Logoa za [ЦМ ПГ] i [ЦМ ГГА](3)](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/01/logoa-za-cm-pg-i-cm-gga3-768x384.jpg)
![Logoa za [ЦМ ПГ] i [ЦМ ГГА](4)](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/01/logoa-za-cm-pg-i-cm-gga4-768x384.jpg)
![Logoa za [ЦМ ПГ] i [ЦМ ГГА](5)](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/01/logoa-za-cm-pg-i-cm-gga5-768x384.jpg)