|

МАКЕДОНСКО ПЕНОЛОШКО ДРУШТВО Скопје

Вкупен буџет: 1.798.005 МКД

Времетраење: 18 месеци

КОНСТИТУЕНТИ

Целните групи на оваа акција се поделени на директни и индиректни.

Директна целна група се лицата кои работат во Општинските совети за превенција на детско престапништво.

Индиректни целни групи се децата, останатите здруженија на граѓани, државните институции и пошироката јавност.

ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС

ПРЕВЕНЦИЈА НА ДЕТСКО ПРЕСТАПНИШТВО

ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА

Во Република Северна Македонија општински совети за превенција на малолетничко престапништво се формирани само во 18 општини, а дел од нив се нефункционални, иако се формирани. Изработката на програми е формална обврска на надлежните органи, но податоците од локално ниво, што ќе бидат предмет на анализа во овој проект, ќе овозможат таргетирање на најзастапените ризик фактори во конкретната локална самоуправа. Затоа се опфатени четири плански региони, за да се добијат пореални податоци и слика за она што се случува во областа детското престапништво и процесот на негова превенција.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Намалување на детско престапништво.

Специфична цел/и: Мапирање на локалните ризици за појава на детско престапништво и подобрување на институционалната клима.

РЕЗУЛТАТИ

  1. Идентификувани ризици за детско престапништво во четири плански региони: Скопски, Југозападен, Полошки и Вардарски;
  2. Изготвена публикација со сумарна анализа од спроведеното истражување;
  3. Функционалност на Советите за превенција на детско престапништво;
  4. Изработена пилот-програма за превенција на детско престапништво за 2021-2022;
  5. Изработена интерактивна мапа за прикажување на факторите за детско престапништво.

АКТИВНОСТИ

  1. Утврдување на методологија за истражување;
  2. Изработка на прашалници;
  3. Спроведување полу-структурирани интервјуа со директори на центри за социјални работи (ЦРС), со директори на средни училишта (гимназии и средни стручни училишта) и сектори за внатрешни работи и потпишани меморандуми за соработка со четири директори на Центри за социјални работи;
  4. Прибирање, селектирање, обработка и изведување заклучоци од добиените податоци;
  5. Изработка на инфографици и дистрибуција на публикацијата до сите Центри за социјални работи.
  6. Остварена соработка со Советите за превенција на детско престапништво и изработка на модел-деловник за работа на Советите за превенција на детско престапништво;
  7. Компаративна анализа на програми за превенција на детско престапништво;
  8. Анализа на релевантни документи на меѓународен план;
  9. Нацрт на пилот-програма за превенција на детско престапништво;
  10. Презентација на пилот-програма за превенција на детско престапништво преку веб-страницата и социјални медиуми и праќање на пилот-програмата до релевантните институции;
  11. Сумирање на податоци од публикацијата;

Веб страна

Продолжи со читање

  • Центар за граѓанска иницијатива – Прилеп

    Вкупен буџет: 5.347.857 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 30 јуни 2026  година Специфична тема: Родова еднаквост Партнери: Конституенти: Проектот е насочен кон различни групи и актери во Пелагонискиот регион, со специфичен фокус на маргинализираните заедници и клучните чинители вклучени во промовирањето на социјалните промени и справувањето со…

  • Хелсиншки комитет за човекови права – Скопје

    Вкупен буџет: 5.547.802 МКД Специфична тема: Социјална инклузија Период на реализација:  1 јули 2024 – 30 јуни 2026 година Партнери: Конституенти: Жените од маргинализирани заедници во Скопскиот плански регион кои се во поголем ризик од нееднаков третман поради нивна специфична положба или лична карактеристика. Посебен фокус ќе се стави на…

  • ФИНАНЦЕ ТХИНК – Институт за економски истражувања и политики, Скопје

    Вкупен буџет: 5.600.000 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 31 октомври 2026 година Специфична тема: Образование Партнери: Конституенти: Граѓани, жители на Скопскиот регион; млади од Скопскиот регион; носители на политики за образование, здравство, економски, социјални и политики за млади (МОН, БРО, МЗ, ИЈЗ, МТСП, АВРМ, МФ, МЕ и…

  • Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ) – Северна Македонија Скопје

    Вкупен буџет: 5.500.000 МКД Период на реализација: 1 јули 2024 – 31 октомври 2026 година Специфична тема: Климатски промени/ Животна средина Партнери: Конституенти:  Учениците од 7до 9 одделение од Општинските основни училишта (ООУ) на Скопскиот регион, како идни двигатели во општеството. Учениците и околу 2500 граѓани ќе имаат пристап до корисни печатени…

  • Центар за развој и промоција ПРОМО ИДЕА – Струмица

    Вкупен буџет: 5.589.950 МКД Период на реализација:  1 јули 2024 – 31 август 2026 година Специфична тема: Млади Партнери: Конституенти:  Младите во Југоисточниот регион на Република Северна Македонија, поделени во две подгрупи: од 18 до 21 година и од 21 до 29 години, независно од нивниот социоекономски статус, вклучувајќи ученици, студенти, фриленсери,…

  • Центар за помош на лица со ментален хендикеп ПОРАКА Неготино

    Вкупен буџет: 5.600.000 МКД Период на реализација:  1 јули 2024 –  30 јуни 2026 година Специфична тема: Социјална инклузија Партнери: Конституенти: Семејства и лицата со попреченост, организации на лицата со хендикеп како и лекарските – медицински установи. Засегнатите страни ги опфаќаат лицата со попреченост, старателите, здравствените работници, организациите во заедницата…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор