Рурална Коалиција во наредните 18 месеци ќе работи на проектот „Дигитализација во земјоделството – СЕГА!“
Проектот Дигитализација во земјделството – СЕГА! ќе се реализира 18 месеци на територијата на 5 општини и тоа:
Кривогаштани,Старо Нагоричане,Врапчиште,Кичево и Струмица. Истиот ќе има за цел да се зголеми довербата на електронското издавање на докуемтни од страна на институциите, но исто така и да се зголеми нивото на дигиталната писменост кај локалното население.
Исто така ќе биде отворен и локале центар за е-поддршка во Кичево кој што пак директно ќе нуди поддршка за граѓаните да може полесно да ги добијат услугите по електронски пат и на таков начин да се скратат гужвите пред шалтерите на институциите.
Рурална Коалиција е една од трите организации од Северна Македонија која што стана дел од мрежата ICEDA – Increasing Civic Engagement in the Digital Agenda и која што во наредниот период ќе работи на формирање и управување со граѓански центар за поддршка на е-владеење преку кој што ќе им помогне на земјоделците и руралното население воошто во користењето на е-услугите, но и зголемувањето на дигиталната писменост на локално ниво. Вакви активности освен во Северна Македонија во рамките на мрежата ИЦЕДА ќе се спроведуваат и во Албанија,Косово,Црна Гора и Србија, а во рамките на проектот “Зголемување на граѓанското учество во дигиталната агенда – ИЦЕДА” која што го спроведува Metamorphosis Foundation ( Северна Македонија ), Академија за е-владеење ( Естонија), Levizja Mjfat!(Албанија), ЦРТА -Центар за истражување,транспарентност и отчетност ( Србија), НВО 35мм ( Црна Гора) и ODK – Отворени податоци Косово (Косово).Проектот се спроведува со финансиска поддршка од Европската Унија.







![[Aggregator] Downloaded image for imported item #50854](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/09/805116099_1781765449632825_2322957291490682722_n-768x1152.jpg)

![[Aggregator] Downloaded image for imported item #50718](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/09/GI-ESCR-768x258.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #50748](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2026/09/Tekstilijada10_A2PosterPrint-768x1086-1.jpg)
