|

ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ ЧЕТВРТИОТ ЛИСТ СКОПЈЕ

Вкупен буџет: 328.000 денари

Времетраење: 10.07.2020 – 10.01.2021

КОНСТИТУЕНТИ

Целна група е целото население со фокус на младите, но и нивното пошироко опкружување, како што се донесувачи на одлуки кои влијаат на политиките, секојдневното живеење и просперитетот на младите како лидери во решавање на општествените предизвици, особено во полето на животната средина, култура, социјална политика, но и поддршка на целокупните реформи во земјава потребни за членство во Европската Унија.

ЗА ПРОЕКТОТ ПОДДРЖАН ОД ЦИВИКА МОБИЛИТАС

ЗА ВОДА СЕ РАБОТИ!

ЗА ШТО Е ПОТРЕБНА АКЦИЈАТА

Согласно податоците добиени од МЖСПП, состојбата со реките во државава е загрижувачка. Особено алармантна ситуацијата со реката Вардар, која од една страна е извор на живот на голем број населени места по нејзиното течение, а од друга страна токму луѓето на кои им е најпотребна, несовесно се однесуваат кон истата. Реката Вардар е преполна со цврст отпад, а уште посериозно е испуштањето на разни течни хемикалии од фабриките кои се наоѓаат долж нејзиното течение. По нејзиното течение од изворот до крајната гранична точка се може на секој чекор да се видат во водите диви канализации, градежни материјали, пластични материјали, трупови на изумрени животни, ѓубре и секаков органски отпад и сл. Во години кога се поголемо значење се дава на климатските промени и животната средина, а во земјава доминантен е фокусот на квалитетот на воздухот, неоправдано се занемарува прашањето на квалитетот на водите и последиците кои може да настанат од негрижата за нив.

ЦЕЛИ И РЕЗУЛТАТИ

Општа цел: Општа цел на проектот е придонес кон одржлив развој и квалитетна животна средина во Република Северна Македонија.

Специфична цел: Специфична цел е јакнење на свеста на јавноста и надлежните инстуции,информирање на јавноста, создавање на интерес на медиумите, невладините и граѓански организации за состојбата на водите, пред се на реката Вардар.

РЕЗУЛТАТИ

  • Подготвен документарен филм за состојбата на квалитетот на водата и опкружувањето околу течението на реката Вардар;
  • Зголемена свест на јавноста за загаденоста на водите во Република Северна Македонија.

АКТИВНОСТИ

  1. Собирање на податоци, анализи и досегашни истражувања за загаденоста на реките во државава;
  2. Интервјуа со надлежни институции и експерти;
  3. Земање примероци и тестирање на квалитетот на водата;
  4. Снимање на целото течение на реката Вардар со особен осврт на локации кои се видливо загадени;
  5. Продукција и постпродукција на документарниот филм;
  6. Промоција на документарниот филм;
  7. Испраќање копии од документарниот филм до надлежните институции, медиумите, релевантните меѓународни институции, и др.

Продолжи со читање

  • Здружение на новинарите на Македонија (ЗНМ)

    Вкупен буџет: 3.240.057 МКД Период на реализација: 01.01.2026 – 31.10.2026 (10 месеци) Специфична тема: Борба против корупција и истражувачко новинарство Партнери: Македонски институт за медиуми (МИМ) Конституенти:  Новинари и уредници од локални, приватни и национални медиуми Новинари и уредници од Македонската радио телевизија (МРТ) Медиумски професионалци и медиумски организации Граѓани како корисници…

  • Зелен институт – Скопје

    Вкупен буџет: 2.999.983 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Зелени иницијативи Партнери: Здружение на сопственици на приватни шуми – Берово Конституенти:  Граѓани; земјоделци; сопственици на приватни шуми; локални заедници; граѓански организации; локални власти и јавни институции; образовни институции; медиуми. За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Нула биоотпад: Системски…

  • РЕСИС – Скопје

    Вкупен буџет: 3.000.000 МКД Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: ОВОЗМОЖУВАЧКА ОКОЛИНА ЗА РАЗВОЈ НА ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО Партнери: Совет за етика во медиумите во Македонија – СЕММ Конституенти:  Граѓански организации и неформални групи кои работат на теми поврзани со општествен развој и јавни политики, активни граѓани, млади и…

  • Отворете ги прозорците

    Вкупен буџет: 2.998.600 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Дигитална инклузија и добро владеење Партнери: Здружение за унапредување на младинскиот активизам ЗЕТА Конституенти:  Млади лица; лица со попреченост; граѓани со ограничен пристап до дигитални услуги; граѓански организации; локални и централни институции; јавни службеници; образовни институции; медиуми. За…

  • Здружение на еколози „Натура“ – Струга

    Вкупен буџет: 2.848.300 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Зелени иницијативи Партнери: Извиднички одред „Мирко Милески“ – Кичево Конституенти:  Граѓани од Југозападниот регион (Струга, Охрид, Вевчани, Дебар и Кичево); млади лица; жени; ученици и наставници; граѓански организации; локални власти и општински администрации; образовни институции; медиуми; локални заедници;…

  • Младински сојуз – Крушево

    Вкупен буџет: 2.999.227 денари Период на реализација: 01.01.2026 – 31.12.2026 (12 месеци) Специфична тема: Унапредување на дигиталната трансформација Партнери: Конституенти:  Млади лица од Крушево и целните општини; граѓани од локалните заедници; граѓански организации; локални власти и општински совети; јавни институции; образовни установи; медиуми. За проектот поддржан од Цивика мобилитас: Мојот глас во мојот…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор