Инфографик

Само 4% е уделот на државното финансирање во приходите на граѓанските организации за 2022г.

Приходи на граѓанските организации од државата за 2022 година.

Во 2022 г. приходот на граѓанските организации од централниот буџет изнесувал 307.999.072 денари. Oд овие средства 213.882.847 денари се доделени со јавен оглас додека 94.116.225 не се огласени. Имајќи ги предвид вкупните приходи на граѓанските организации, државното финансирање, односно парите од централниот буџет, изнесуваат 4%. Споредбено со претходната година, уделот на централното државно финансирање останува ист и изнесува околу 5 милиони евра. Гледано по буџетски корисници, особен пад има кај средствата доделени за Агенцијата за млади и спорт. Во 2021 г. биле доделени околу 88 милиони денари додека во 2022 г. 5,3 милиони денари. Новина во 2022 г. се средствата кои ги додели Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците (14.528.000 денари), износ кој е помал од првично планираниот (20.000.000 денари) во донесениот буџет за таа година. За забележување е и тоа што Министерството за правда за прв пат додели средства за седум граѓански организации по пат на јавен оглас. Износот е 1.050.000 денари или по 150.000 денари по организација.

Инфографик-1

За жал после повеќе од 10 години Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија во 2022 г. не додели средства на јавен повик иако програмата за поддршка на граѓанските организации беше претходно донесена преку партиципативен процес. Минатата година од Генералниот секретаријат на Владата беа доделени вкупно 17.840.000 денари без јавен оглас и тоа 15 милиони за Црвениот крст на РСМ и 2,8 милиони денари на шест граѓански организации.

Во услови на стагнација на процесот на реформа на државното финансирање за граѓанските организации и продолжениот бојкот на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество не се создаваат услови за исполнување на обврската на Владата за постепено растење на средствата за организациите. Согласно Акцискиот план за спроведување на Стратегијата за соработка и развој на граѓанскиот сектор 2022-2024, Владата се обврза учеството на државното финансирање во приходите на граѓанските организации да биде 20% во 2022г., 25% во 2023г. и 30% во 2024г.

Највисок и најнизок доделен грант од државно финансирање на централно ниво за 2022 година.

Во 2022 г. најнискиот доделен грант за граѓанска организација од централниот буџет е 13.760 денари и го доделило Министерството за култура. Највисокиот доделен грант изнесува 12.180.000 денари и го доделило Министерството за труд и социјална политика. Истите износи, од истите министерства, за истите организации биле доделени и во 2021 година. Во 2022 г. од ставката 463 – трансфери до невладини организации доделен е грант за Црвениот крст на РСМ во износ од 15 милиони денари.

Планирани средства за граѓанските организации за 2023 година

Во Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 г. од ставката 463 – трансфери до невладини организации планирани се 886.250.000 денари. Во овие средства не се земени предвид средствата кои се доделуваат од Министерството за правда бидејќи најчесто средствата од ставката 463 се доделуваат на политички партии и на Министерството за култура бидејќи нема планирано средства во оваа ставка. Останува да се види дали овие средства ќе претрпат промени со ребалансите на буџетот кои следуваат во есенскиот период и висината на реализација на овие средства согласно планираното. Охрабрува фактот што во 2023 г. се планираат значително повеќе средства за разлика од претходните години, но немање на политичка волја да се донесе систем на државно финансирање по терк на земјите од Европската Унија го прави процесот непредвидлив и подлежен на ад-хок промени во текот на годината.

Инфографик-2

Застапуваме за реформа во државното финансирање на граѓанските организации!

Продолжи со читање

  • Граѓанските организации дискутираа за како подобро да ги промовираат своите постигнувања

    Комуникациите и видливоста на Цивика мобилитас и на граѓанските организации беа тема на работилницата што се одржа на 11 февруари 2026 година во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар. Вкупно 21 претставник од 20 граѓански организации, актуелни добитници на партнерски грантови (ЦМ-ПГ-2), дискутираа за комуникациските предизвици и како полесно да ги…

  • Граѓанското учество е право и одговорност на сите

    Во фокусот на овој број на Граѓаните за промена е граѓанското учество. Тема која граѓанските организации и во овој квартал не само што ја дискутираа туку и ја практикуваа. Колегите од ПроЛокал, од Битола, тоа го правеа на регионално и на локално ниво, во цела Пелагонија. Заедно со партнерите од…

  • Светски ден за борба против ракот: само 10 отсто од жените опфатени со скрининг за рак на грлото на маткатa

    Иако ракот на грлото на матката е едно од ретките малигни заболувања што речиси целосно може да се превенира, во Северна Македонија секоја година заболуваат околу 200 жени, а помеѓу 40 и 60 жени го губат животот од оваа болест. Алармантен е податокот дека во 2024 година со организираниот скрининг…

  • Тематски форум за користење на податоците за вистинските сопственици во борбата против корупцијата

    СООПШТЕНИЕ ЗА МЕДИУМИ САМО ЗА ДВА МЕСЕЦА, 3.000 ФИРМИ ШТО ДОБИЛЕ ТЕНДЕРИ ГИ ОБЕЛОДЕНИЛЕ СВОИТЕ ВИСТИНСКИ СОПСТВЕНИЦИ НА ЕЛЕКТРОНСКИОТ СИСТЕМ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ Скопје, 28 јануари 2026 година  |  Повеќе од 30 претставници на клучни јавни институции, граѓански организации, медиуми и меѓународни организации денеска дискутираа за можностите и начините на користење на податоците од Регистарот за вистински сопственици на правните субјекти како алатка за борба против корупцијата. Швајцарскиот амбасадор во земјава, Н.Е. Кристоф Сомер истакна…

  • Дали Македонија конечно ќе знае каде ѝ се стипендистите?

    Македонија секоја година губи потенцијал на млади луѓе колку еден цел мал град. Само во Словенија, во последните неколку години, заминуваат просечно по околу 1000 македонски студенти. Додека најдобрите умови од нашите средни училишта ги освојуваат амфитеатрите во Виена, Берлин, Љубљана или Амстердам, државата со години се соочуваше со институционален…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор