20200429 cm akciski grantovi
|

Избрани се нови 12 акциски грантисти на Цивика мобилитас

Вонредната состојба во земјава не влијаеше на процесот на евалуација на доставените пријави на повикот за акциски грантови (ЦМ-АКТ-05). Комисијата за избор на грантови по електронски пат ги оцени пријавите, по што одлучи дека добитниците на акциски грантови се 12 организации, и тоа:

Акциите на новите грантисти ќе се спроведуваат во 10 различни сектори. Дел од нив ќе се осврнат кон преговорите со ЕУ за поглавјето 27 кое се однесува на животната средина; ќе ја подигнуваат свеста кај локалното население за зачувување на Шар Планина како природно богатство; а исто така ќе ја прошират мрежата на дневна редистрибуција на вишоци од храна во Североисточниот и Пелагонискиот регион.

Покрај тоа, организациите ќе се занимаваат со детско престапништво; ќе ги јакнат капацитетите за социјално претприемништво кај децата без родители и родителска грижа; ќе ги унапредуваат знаењата и вештините на новинарите за практикување инклузивно новинарство; а исто така ќе им помогнат на лицата без извод од посебната матична книга на родените и без лична карта да ги стекнат истите.

Понатаму, тие ќе ги градат истражувачките капацитети на граѓански организации; ќе иницираат разработка на „етноцентричните“ наративи по предметот „Историја“; ќе ја надгледуваат отчетноста на политичките партии во спроведувањето на нивните ветувања; а исто така ќе учествуваат во креирањето и донесувањето одлуки за подобрување на бизнис климата.

Поддржаните акции во главно се од национален размер, додека две од нив ќе се спроведуваат на регионално ниво. Грантистите доаѓаат од пет региони, најголем број од нив се од скопскиот, потоа од полошкиот, источниот, пелагонискиот и југоисточниот регион.

На повикот што беше отворен до 3 март 2020 г. беа поднесени 109 пријави за акциски грантови, од кои 95 ја поминаа административната проверка.

Продолжи со читање

  • Граѓански импулс #9: месечен осврт на активностите на грантистите

    Ако треба да се опише месецот со еден збор тогаш септември дефинитивно беше зелен. Најприсутни и најистакнати беа проектите кои работат во полето на животната средина, a по нив и оние кои се занимаваат со борбата против корупција, родовата еднаквост и реформите во образованието. Во Европа се собрани околу 225…

  • Завршија инфо-сесиите за новиот повик за партнерски грантови на Цивика мобилитас

    Тимот на Цивика мобилитас на крајот на септември и почетокот на октомври одржа три информативни средби посветени на новиот повик за партнески грантови (ЦМ-ПГ-2). На сесиите, кои се одржаа во Тетово, Струмица и Скопје, учествуваа повеќе од 100 претставници на граѓански организации заинтересирани за учество во повикот. „Присутните поставуваа прашања поврзани…

  • Помалите општини предводници во отвореноста: дигиталните алатки ја зајакнуваат довербата  меѓу граѓаните и локалната власт

    Дали општината каде што живеете е навистина отворена кон вас? Одговорот на ова прашање го дава Индексот на отвореност за 2025 година, кој открива дека некои од помалите општини се меѓу најдобрите примери за транспарентност и отчетност. На врвот на листата се Крива Паланка (71%), Берово (69%) и Демир Хисар…

  • Граѓанските организации предлагаат решенија за подобри локални политики и услуги

    Граѓанските организации – грантисти на програмата „Цивика мобилитас“, ги формулираа и доставија своите предлози до кандидатите на локалните избори 2025. Предлозите се насочени кон подобрување на транспарентноста, отчетноста, граѓанското учество, квалитетот на јавните услуги на локално ниво, како и обезбедување финансирање на граѓанските организации. Секој од овие аспекти е детално…

  • Информативни сесии за повикот за партнерски грантови ЦМ-ПГ-2

    Цивика мобилитас ги поканува сите здруженија, фондации и сојузи заинтересирани за новообјавениот повик за партнерски грантови да учествуваат на информативните сесии кои ќе се одржат на три локации според следниов распоред: Тимот на Цивика мобилитас, на сесиите подетално ќе информира за повикот, за неговите специфики, за тоа што се очекува…

  • Цивика мобилитас достави предлози до кандидатите на локалните избори 2025

    Предлозите на граѓанските организации поддржани од Цивика мобилитас денес (12.09.2025 година) стигнаа на адресите на кандидатите за градоначалници и членови на општинските совети. Тие се собрани и дискутирани од актуелните грантисти за време на последната Средба за вмрежување, одржана на крајот на јуни оваа година. Во овој партиципативен процес учествуваа…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор