Promotivna debata 21102016 1

Дебата за аспектите на граѓанското содружништво

Објавувањето на публикацијата „Поимот граѓанско содружништво“ од Готје Пирот, од Универзитетот во Лиеж, Белгија, која за македонската публика ја преведе проф. др. Ило Трајковски беше поводот за организирање на промотивна трибина наречена „Граѓанското здружување и развојот“ што се одржа на 20 октомври 2016 година на Филозофскиот факултет во Скопје.

 

Promotivna debata 21102016 1

„Во Македонија, граѓанското општество го врзуваме за политиката и политичкиот развој. Од она што ќе го слушнеме денес, ќе видиме дека граѓанското општество е многу повеќе од тоа. Темата е актуелна и значајна не само во овој момент, туку и во иднина таа ќе добива на значење“, рече во воведното обраќање Трајковски.

Редакторот на публикацијата, проф. др. Милева Ѓуровска потенцираше дека се забележува полет во граѓанското содружништво. „Сликата за граѓанското општество во една земја, многу говори за самата држава“, рече таа.

За граѓанското општество и развојот на медиумите зборуваше проф. др. Снежана Трпевска од Институтот за комуникациски студии. Според неа, медиумите и граѓанското општество се развивале паралелно, но медиумите биле апсорбирани од државната сфера. „Граѓанскиот сектор е извор на спротивставување, на новитет и на критичката мисла. Медиумите не им дадоа гласност на овие атрибути. Тие не ги отвораат критички прашањата што ги засегаат граѓаните. Напротив, ги засилуваат пораките од политичарите“, рече таа.

Promotivna debata 21102016 2

Никица Кусеникова од Конект зборуваше за економскиот аспект на граѓанското општество. „Граѓанските организации се мали субјекти. Речиси 70% од нив (од 3938 кои поднеле завршна сметка или дале изјава) имаат годишни буџети од 2500 евра. Буџетите на организациите се 0.94% од БДП на Македонија или во апсолутни бројки околу 80 милиони евра. Но, ако се има предвид дека 60% се донации најчесто обезбедени од странски донатори, може да се заклучи дека организациите донеле квалитативно други приходи во државата кои другите субјекти не ги генерираат“, рече Кусеникова. Според неа, граѓанскиот сектор вработува вкупно 1897 лица, но, има поголем потенцијал особено во делот на ангажмани за повремени и привремени работи.

За улогата на граѓанското општество во руралниот развој зборуваше прф. др. Ана Котевска од Факултетот за земјоделство и храна. „Граѓанските организации го надополнуваат државниот сектор во нашата област и нивната улога е многу значајна. За да се постигнат подобри резултати потребно е земјоделците да бидат организирани, а за тоа ни се потребни здруженијата, затоа што тие можат да ги јакнат производителите“, рече таа.

Promotivna debata 21102016 3

Даниела Стојанова од МЦМС зборуваше за довербата во граѓанското општество, но и за солидарноста како еден од клучните елементи на содружништвото. „Граѓанските организации можат и треба да имаа став за јавните политики, но многу често се плашиме да го спомнеме тоа за да не бидеме погрешно разбрани, како политичките партии да го имаат целосно присвоено изразот политика“, рече таа.

Во дискусијата што следуваше се отворија повеќе прашања. Дали граѓанското општество и државата се во постојана „борба“? Може ли граѓанското општество да биде контра моќ? Што е контратежа на моќта на државата? Која е улогата на образованието? Дали ги учиме децата да бидат иницијативни и да бидат граѓани во вистинска смисла на зборот? Одбегнувајќи да ги научиме, ја губиме борбата за моќ засекогаш. Во таква констелација на заробено општество и граѓанските организации, или дел од нив, се заробени во таа моќ и стануваат дел од неа.

Публикацијата ја издаде Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) како дел од програмата Цивика мобилитас.

Продолжи со читање

  • Ајде да решиме заедно!

    „Овие протести покажаа дека храброста и истрајноста можат да променат многу. Од борба за воздух – до пример за човечност и заедништво. Нека ова биде инспирација и за другите иницијативи низ Македонија“,  вака им се обрати на собраните граѓани еден од членовите на независната иницијатива „Стоп за Вардариште“ кои 40…

  • За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Месечен преглед на медиумските објави #2

    Месечен преглед на медиумските објави [20-30 октомври 2025] За што зборуваа кандидатите во изборната кампања: Периодот по првиот изборен круг, помеѓу 20 и 30 октомври, донесе висока медиумска активност и интензивен онлајн ангажман. Иако првичниот еуфоричен тон по изборните резултати постепено се намали, јавниот простор остана динамичен, исполнет со анализи,…

  • Кога штедењето станува политичка одговорност

    „Штедењето на државно ниво не значи одрекување од трошоци, туку нивно рационализирање и насочување кон политики што создаваат додадена вредност – образование, здравство, инфраструктура и иновации“, вели Благица Петрески, извршна директорка на „Фајнанс Тинк“ (Finance Think), и така концизно ја објаснува суштината на јавните финансии: „Владата треба да штеди на…

  • За што зборуваат кандидатите на локалните избори 2025? #6

    НЕДЕЛЕН ПРЕГЛЕД #6 [20 – 26 октомври 2025] И по завршувањето на изборниот процес, изборите продолжија да ја диктираат медиумската агенда. Иако бројот на објави е нешто помал од претходните недели, јавниот интерес остана висок. Со повеќе од 4.400 медиумски текстови и 560 објави на социјалните мрежи, медиумскиот простор остана…

  • Соработката меѓу граѓанските организации и бизнис секторот носи многу заемни придобивки

    „Причината поради која сите сакаме да соработуваме е затоа што сите сакаме да имаме корист. Без разлика дали доаѓате од бизнис секторот или од граѓанскиот, треба да почнете да развивате покомплексно разбирање за заемните придобивки“, им рече Сајмон Форестер, меѓународниот експерт на Цивика мобилитас, на учесниците на  работилницата „Зајакнување на…

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор