[Aggregator] Downloaded image for imported item #43688

Здружение на Еколози „Натура“ доби проект поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас

Унијата на екологисти „Натура“ од Струга со задоволство информира дека е избрана за добитник на регионалниот проект „Граѓанска мрежа за чист воздух во Југозападен регион“, при што нашата организација е носител на проектот, а партнер во имплементацијата е Скаутската група „Мирко Милески“ од Кичево.
Проектот ќе трае 12 месеци и ќе биде активен до крајот на 2026 година, Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас.

Цел и значење на проектот
Квалитетот на воздухот во југозападниот регион претставува еден од најсериозните еколошки и здравствени предизвици. Недостигот од доволни локални мерења, ограничената транспарентност на податоците и ниското ниво на граѓанско учество го отежнуваат ефективното справување со загадувањето на воздухот. Проектот има за цел да ја промени оваа состојба преку активно граѓанско учество, отворени податоци и структуриранa соработка со општините.

Што конкретно ќе се реализира?
• 📡 Поставување на 30 уреди за мерење на квалитетот на воздухот, управувани од граѓани, со јавно визуелизирање на податоците во реално време.
• 👥 Обука на 100 граѓани, наставници и млади активисти за граѓански мониторинг, користење податоци и застапување.
• 🤝 Воспоставување регионален механизам за дијалог (Регионален совет за чист воздух) меѓу граѓаните и општините за планирање и давање конкретни препораки за политики.

Географска покриеност
Проектните активности ќе се спроведуваат во 5 општини од југозападниот регион:
• Струга
• Дебар
• Охрид
• Вевчани
• Кичево

Очекуван импакт
Проектот ќе придонесе за:
• зголемена транспарентност и јавен пристап до податоците за загадување на воздухот,
• зајакнување на граѓаните како активни чинители во процесите на одлучување,
• подобрување на соработката помеѓу граѓанскиот сектор и локалната власт,
• интегрирање на мерки за чист воздух во општинските планови и политики (ЛЕАП, климатски стратегии, локални буџети).

НВО „Натура“, како носител на проектот, останува посветена преку овој граѓански мрежен пристап и пристап базиран на податоци да придонесе кон почист воздух, подобро здравје и попартиципативно еколошко управување во југозападниот регион на Северна Македонија.

#CHinMK#CivicaMobilitas

Civica MobilitasEmbassy of Switzerland in North MacedoniaИзвиднички одред “Мирко Милески” / Scout group “Mirko Mileski”

📌 Детални информации за активностите и јавните повици ќе бидат објавени наскоро на нашата веб-страница и на социјалните мрежи.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение на еколози „Натура“

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор