5 Scaled

Завршна конференција на проектот “Превенција од ризици за одржливи практики за животна средина за земјоделци – ПРЕСПА”

На 9 октомври во салата на Општина Девол во Албанија  се одржа завршната конференција од проектот “Превенција од ризици за одржливи практики за животна средина за земјоделци – ПРЕСПА” кој е финансиран од Европска Унија од програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија, а е во реализација на Здружение Центар за граѓанска иницијатива од Прилеп, Општина Ресен, Организација за управување со дестинации од Корча и Општина Девол.

Пред полниот салон беше кажано дека успешно заврши овој проект кој донесе успешно наместени канализациони мрежи и пречистителни станици и тоа во Долно Перово во Општина Ресен во Северна Македонија и во Шуец, Ракитцки и Заградец во општина Девол во Република Албанија.

– Ова се инвестиции кои директно влијаат врз животот на овие граѓани, но и за заштита на животната средина. Се надевам дека оваа соработка и ваквите проекти ќе продолжат и во иднина, веќе се познаваме меѓу себе и имаме нови пријателства. Во општината Девол сме благодарни за успешното завршување на овој проект – рече градоначалникот на Општина Девол Едуард Дуро…

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Центар за граѓанска иницијатива

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор