25488401 1631497143577222 8151933705791519992 o

ЗАКЛУЧОЦИ ОД ФОРУМОТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ПОСВЕТЕН НА ПРАВАТА НА МАРГИНАЛИЗИРАНИТЕ ЗАЕДНИЦИ

На 6 декември 2017 година (среда) во ЕУ Инфо Центарот, во организација на Институтот за човекови права (ИЧП) се одржа Форумот за човекови права посветен на човековите права на маргинализираните групи во Република Македонија по повод Меѓународниот ден на човекови права и слободи – 10-ти декември.

Исто така, на форумот беше промовирано видеото „Илустрирани човекови права“ кое што го изработи ИЧП.

На Форумот за човекови права секој од говорниците имаше свои искажувања, а потоа се отвори дискусија со присутните од публиката при што можеме да ги констатираме следниве заклучни согледувања:

Г-а Светлана Цветковска – Советник за недискриминација во Министерството за труд и социјална политика – ги презентираше измените кои се составен дел на новиот Предлог-Закон за спречување и заштита од дискриминација кои овозможуваат зголемена заштита на правата на маргинализираните групи и тоа особено следниве измени: проширување на основите за дискриминација (сексуална ориентација, родов идентитет и др.), професионализација на Комисијата за заштита од дискриминација и воведување на нивна стручна служба, можноста за граѓански организации да застапуваат лица пред Комисијата и сл.

Г-дин Петруш Тоинес – Меѓународен лидер на тимот на програмата Цивика мобилитас – го истакна значењето на инклузијата на сите лица, особено на припадниците на маргинализираните заедници, при што ја презентираше книгата “Inclusion Matters, the Foundation for Shared Prosperity” која на многу достапен начин ja прикажува важноста за вклучувањето на припадниците на ранливите групи во сите општествени процеси.

Г-а Искра Росо – Извршна директорка на здружение на граѓани за поддршка на лица со посебни потреби СОЛЕМ – истакна повеќе проблеми кои произлегуваат од неколку закони, а кои особено им го отежнуваат остварувањето на човековите права на лицата со интелектуална попреченост. Таа посочи дека и понатаму треба да се поддржуваат и унапредуваат сервисите за овие лица кои се развиваат во последниве години, а потребна е и поголема промоција на предизвиците со кои се соочува оваа ранлива категорија. На тој начин ќе се овозможи и нивно препознавање со цел овозможување на нивните човекови права во пракса.

Г-дин Петар Јорданоски – од Канцеларијата на Совет на Европа во Скопје – презентираше состојби во казнено-поправните установи кои се во најмала рака загрижувачки. Од искажувањето може да се заклучи дека однесувањето и третманот на лицата кои се наоѓаат во овие установи се граничи со тортура, како и висок степен на нехумано и деградирачко однесување, а загрижувачки е и присуството на коруптивно однесување од страна на овие лица. Се јавува голем проблем и во однос на презентираната состојба дека нема акции во делот на заштита на човековите права и поведување судски постапки од страна на лицата лишени од слобода.

Г-а Маргарита Цаца Николовска – Претседателка на ИЧП и поранешна судијка на ЕСЧП и судијка и потпретседателка на Уставниот суд на Босна и Херцеговина – беше модератор на настанот и по секое поеднинечно искажување од страна на панелистите, како и по прашањата на присутните во публиката, даваше сублимирани коментари од кои посуштински беа следниве:

(1) да се направат сите напори за измените кое се содржани во новиот Предлог-Закон за спречување и заштита од дискриминација да бидат усвоени во Собранието на РМ од причина што истите се резултат на широк консултативен процес и придонес од сите засегнати страни;

(2) државата да изнајде начин за превод на презентираната книга од страна на г-дин Петруш Тоинес со цел да се овозможи нејзин пристап и до припадниците на различни маргинализирани групи во вистинска смисла на зборот;

(3) да се зголеми промоцијата на потребата од надминување на пречките со кои се соочуваат лицата со интелектуална попреченост, како и и нивно правилно дефинирање (лица со интелектулана попреченост, наместо лица со ретки болести и сл.) за да нема недоразбирања или пак навредливи обраќања кон овие лица;

(4) да се овозможат похумани услови, како и да се испитаат подетално причините за коруптивното однесување на лицата лишени од слобода, како и за нивната пасивност во однос на заштита на нивните човекови права.

Институтот за човекови права и понатаму ќе продолжи да ги следи состојбите во овие области и соодветно ќе реагира.

Воедно на Форумот беа изложени и фотографиите кои што ни пристигнаа на објавениот конкурс на тема: „Човековите права преку слика“ со цел зголемување на промоцијата и зајакнување на свеста за важноста на човековите права и нивното остварување.
За таа цел присутните има можност да ги изберат најдобрите три фотографии кои исто така се јавно објавени.

Овој Форум бешe дел од активностите кои Институтот за човекови права ги реализира во рамките на институционалниот грант  од програмата Цивика мобилитас. За повеќе информации можете да го посетите нивниот профил.

Продолжи со читање

  • Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода

    Кои се приоритетите за твојата населба? Заедно со Општина Кисела Вода, ги покануваме граѓаните да се вклучат во креирањето на буџетските приоритети за 2027 година. Предложи. Дискутирај. Приоритизирај. Не можеш да присуствуваш? Испрати го својот предлог тука: https://tinyurl.com/PrijaviProblem Твојот глас е важен за буџетот на твојата општина! #CHinMK #CivicaMobilitas Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in […]
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода first appeared on Finance Think.
    The post Вклучи се во креирањето на буџетските приоритети на Општина Кисела Вода appeared first on Finance Think.

  • 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон!

    На 27 и 28 октомври, Finance Think учествува на Euromed Summit 2026 во Лисабон, Португалија, претставуван од извршната директорка, Благица Петрески.Во фокусот на дискусиите беа предизвиците на пазарот на труд, несовпаѓањето меѓу вештините и потребите на работодавачите, развојот на човечкиот капитал и економската конкурентност – теми кои се во сржта на истражувачката и аналитичката работа […]
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! first appeared on Finance Think.
    The post 🌍 Finance Think на Euromed Summit 2026 во Лисабон! appeared first on Finance Think.

  • Претставување на Вардарската регата на утринската програма “Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5

    На 29.10.2026 год. (четврток) на покана на редакцијата на националната ТВ Канал 5 во рамките на утринската програма “Здраво Македонијо“ во друштво на Жана Ѓоргиева, Емилија Вучиновска (miss urban viba), естрадниот уметник Дејан Николовски – Чуле учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ и координатор на Вардарската регата…

  • Струмица: Женските кружоци бараат поголема поддршка и учество во локалното одлучување

    Струмица, октомври 2026 – Поголема вклученост на жените во месните заедници, обезбедување простор за нивно организирање и подобра институционална поддршка за нивните иницијативи беа дел од главните теми на јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, одржана на 28 октомври во Струмица. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Организацијата […]

  • Прилеп: Жените од локалните заедници со конкретни предлози за поголемо учество во одлучувањето

    Прилеп, октомври 2026 – Во Прилеп се одржа јавната дебата „Женското лидерство како огледало на заедницата“, посветена на можностите и предизвиците за учество на жените, особено од руралните средини, во процесите на локално одлучување. Дебатата ја организираше Хуманитарното здружение „Мајка“ – Куманово, во соработка со Здружението за рурален развој „ЛАГ Агролидер“, во рамки на проектот […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор