„Заедно сме побезбедни и посигурни“ е новата акција на Медиа плус

„Заедно сме побезбедни и посигурни“ е новата акција на Медиа плус

Градење на партнерски однос меѓу граѓаните, заедниците, граѓанските организации и локалните власти преку Советите за превенција во делот на сигурноста, безбедноста и превенцијата, е акцијата на Здружението „Медиа плус“ од Штип, поддржана од Цивика мобилитас. Насловот на проектот е „Заедно сме побезбедни и посигурни“, каде во средиштето се локалните Совети за превенција како мост за соработка и вмрежување.

Тоа се новоформирани тела при Општините, со цел значително да ја подобрат јавната безбедност и превенцијата, различните безбедносни теми од интерес на граѓаните и општината. Со тоа, и градење на доверба, како и партнерски односи во превенирањето на појавите што влијаат на јавната безбедност и безбедноста на сообраќајот.

Зошто токму Советите за превенција е своевидната алатка за интервенција?

Затоа што на ова тело му се дава дополнителна важност и моќ со законските измени. Со него заседава градоначалникот на Општината, а вклучува и јавен обвинител, претседател на Советот на Општината, командир на полицијата, претставници од граѓански организации, медиуми и други релевантни актери. Во последната година има зголемен број на сообраќајни инциденти, нараснати проблеми во заедниците, кои бараат превентивна акција со вклучување на сите актери, предводени од граѓаните, со што ова тело е одличен пример за тело кое е дел од локалната власт, а во кое активно делуваат и граѓанските организации. При тоа ќе се промовира и поддржи соработката на двете страни (ГО и локални власти), а ќе се информираат и ќе се охрабрат и граѓаните да дадат свој придонес.

Тимот на Медиа плус ќе истражува, анализира, ќе ги прашува граѓаните и властите, ќе зборува за позитивните примени на решенија и вмрежување во заедницата. Ќе инсистира на поголема улога на граѓаните и граѓанските организации во тој однос преку ангажирање на по тро организации во секоја од општините.
Намерата е на крајот од акцијата да се создадат отворени, транспарентни и зајакнати Совети и граѓани, кои соработуваат, информираат и алармираат за важните прашања за заедницата.

Проектот ќе се спроведува во осум градови од осумте плански региони во период од 18 месеци.

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор