[aggregator] downloaded image for imported item #39854

Заедничко создавање на безбеден простор

ХОПС веќе со години создава различни модели на поддршка, насочени кон ранливи групи и кон новите генерации. Искуството од работата со едните го користиме за да ги поддржиме другите, секогаш барајќи нови патишта што младите навистина ги разбираат и прифаќаат. Ова искуство сега нè води кон нов дигитален простор, наменет да биде и инфо-центар и место за поддршка, отворено за сите што сакаат да знаат повеќе за новите психоактивни супстанции и да останат безбедни.

Trip Tapes Македонија е младинска harm reduction заедница создадена во рамките на NextGen проектот на ХОПС, со цел да одговори на новите предизвици поврзани со употребата на нови психоактивни супстанции (НПС) меѓу младите. NextGen започна како обид да се вклучат младите генерации во дизајнирањето на пораки и содржини што се автентични за нивната култура и секојдневие, наместо да се користат стари и застарени пристапи кои младите веќе не ги слушаат и не им веруваат.

Првата активност беше креирањето на Instagram каналот Trip Tapes Македонија, кој брзо привлече заедница од млади што се препознаа во неговиот стил: директен, без осуда, со мемиња, реални приказни и aftercare потсетници. Trip Tapes стана првиот канал кај нас што зборува за НПС од перспектива на младите, со фокус на намалување на штети и промовирање на свесност и грижа.

Заедницата се прошири и со објавување на анкети и истражувања што ни помогнаа да разбереме што младите навистина ги интересира – нивните дилеми, стравови и навики. Овие податоци станаа основа за понатамошни активности. Потоа, експериментиравме со отворање на Reddit каналот GlitchNauti, кој брзо беше цензуриран и затворен од алгоритмите што не прават разлика меѓу промоција на дроги и harm reduction содржини за помош и поддршка. Овој момент уште еднаш ја нагласи потребата младите да имаат сопствен, безбеден простор, независен од комерцијални платформи. Во подготовка е и нов портал кој ќе биде информативен и едукативен, со можност за разговор еден-на-еден и професионална помош и поддршка во врска со новите психоактивни супстанции.

Trip Tapes денес не е само Instagram профил – тоа е и музички подкаст на SoundCloud, кој носи звук и ритам на младинската сцена. Преку музиката, младите повторно се препознаваат, се поврзуваат и градат заедница што оди подлабоко од инфо-постови: таа станува дел од нивната култура.

Со други зборови: Trip Tapes е автентичниот глас и креативниот пулс на младите генерации што им овозможува тој глас да стане поддршка, сигурност и заедничка грижа.


Финансирано од Европската Унија. Ставовите и мислењата искажани во оваа објава се исклучиво на авторите и не ги одразуваат нужно ставовите на Европската Унија или на АНПЦДЕФП. Европската Унија и АНПЦДЕФП не сносат одговорност за нивната содржина

The post Заедничко создавање на безбеден простор appeared first on ХОПС.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение ХОПС – Опции за здрав живот Скопје

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор