Aa 768x1024.jpg

Во Дневниот центар во с. Градец набавена е најнова рехабилитациона и асистивна технологија

Со цел олеснување на процесот на рехабилитација и оспособување на децата и лицата со попреченост набавени и ставени во функција се неколку помагала.

Помагалата за рехабилитација овозможуваат контролирано оптоварување на човечкото тело при вежби за рехабилитација. Лесно се прилагодуваат на различните состојби на корисниците и вештините за движење и стабилност, нудејќи многу програми и функции.

Дигиталната интерактивна табла им овозможува на корисниците мулти сензорно искуство со цел подобрување на манипулацијата со раце, координација очи-раце, визуелна перцепција, препознавање на форми, меморија, концентрација, просторна ориентација, време на реакција и снаодливост.

И во следниот период ќе се работи на доопремување на центарот со ИТ-технологија.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор