ПРОДОЛЖЕН РОК: ОТВОРЕН ПОВИК за изразување на интерес за членување на еден претставник од заинтересирани граѓански организации во Советот за координација и следење на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 година
Отворениот повик треба да овозможи пријавување на 1 (еден) претставник од заинтересирани граѓански организации кои ги споделуваат вредностите на Партнерството за отворена власт и се залагаат за поголема партиципативност, отвореност и отчетност на властите и ги применуваат тие принципи во своето работење, за нивно учество во Советот за координација и следење на Националниот акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 година при процесот на спроведување и следење на НАП за ПОВ 2024-2026 година.
Продолжениот рок за поднесување на пријавите е 13 јуни 2025 година.
Пријавувањето за членство во Совет за координација и следење на НАП за ПОВ 2024-2026 година се врши по електронски пат, со доставување на пополнета пријава и потребните документи на следната електронска адреса: danche@metamorphosis.org.mk
Погледнете го целиот повик, образецот за пријавување и потребните документи на следниот линк.
Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Фондација Метаморфозис







![[Aggregator] Downloaded image for imported item #42982](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2025/12/zabava3-971x1024-1-e1767105422413-768x546.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #42953](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2025/12/10-1024x768-1-768x576.jpg)