[Aggregator] Downloaded image for imported item #41194

Велешките извидници – речни номади чувари на природата – иницираат заштита на реката Вардар

Со реализирање на пловидбата на 4.10.2025 год. Велешките извидници кои се нарекуваат  речни номади и чувари на природата ја подигнаа еколошката свест за заштита на реката Вардар преку реализацијата на  мини регатата преку која младите извидници  стануваат лидери преку зајакнување на локалните институции и придонес во заедницата и јакнење на нивната врска со нивните конституенти и граѓаните и општествено одговорни лица во промоцијата  на слободата на изразување, човековите права и интеграцијата како и двигатели на промена за слободно и одговорно инклузивно општество со акцент на развиениот рурален туризам како алатка за промоција на младите и останатите граѓани во општествените процеси во носењето на одлуки, ќе се  креира простор за слободно изразување на мислењата и погледите на младите.

“ Во Вардар деновиве пливаат најверојатно повеќе шишиња отколку риби. Дождовите го свлечкаа отпадот од бреговите и сега го носи реката. Организаторите на вардарската регата „Гемиџии“ констатираа дека тие одамна пловат по мртва река, која одеднаш оживува кога ќе ја прејде границата со Грција. И шишињата не се единствениот проблем. Во неа има сепарации за песок, неконтролираното излевање отпадни води, црпењето вода за наводнување, диви депонии и многу друго… Прочитајте го разговорот со Ангел Гушев: https://prizma.mk/gushev-pravime-regata-po-mrtva-reka/“

Оваа активност која се нарекуваше Велешките извидници – речни номади чувари на природата имаа за цел да го промовира течението на реката Вардар и негова заштита. Со нашето пловење и нашето актуелизирање на еколошкитепроблеми порталот на ПРИЗМА ги идентификува велешките извидници за борци за здрав животна средина и заштита на реката Вардар. Велешките извидници ги идентификуваат и можните и потенцијалните загадувачи на реката Вардар на овој потег.

Оваа активност е во рамки на глобалната иницијатива Champions for Nature Challenge и проектот Green Skills Rising, Сојузот на извидници на Македонија каде се дава поддршка на млади извидници кои се подготвени да преземат локални еколошки иницијативи и да бидат двигатели на позитивна промена во своите заедници. Овој повик имаше за цел да ги охрабри младите да иницираат мали, но влијателни акции кои ќе придонесат кон заштита на природата, практикување на одржливи решенија и унапредување на своите зелени вештини.

Champions for Nature Challenge е глобална иницијатива развиена од Светската организација на извидничкото движење (WOSM) во партнерство со UNICEF. Оваа програма е дел од пошироката рамка Earth Tribe и има за цел да ги поттикне младите да станат активни учесници во заштитата на животната средина и одржливиот развој. Програмата се фокусира на две главни области: „Подобри избори“ (Better Choices), која се однесува на развој на одржливи навики и одговорна потрошувачка, и „Природа и биодиверзитет“ (Nature and Biodiversity), која се фокусира на заштита и зачувување на природните екосистеми.

Линкови од Вардар:

https://youtube.com/shorts/afQqZoKdd2k?si=zNCeK3E5lkxSPomx

https://www.youtube.com/shorts/qH-t-ufhbBY?feature=share

The post Велешките извидници – речни номади чувари на природата – иницираат заштита на реката Вардар appeared first on Scout Veles.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Извиднички одред “Димитар Влахов“ - Велес

Продолжи со читање

  • Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество на средба со организациите во Куманово

    На 1 октомври 2026 година претставници на Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество се сретнаа со граѓанските организации и активистите од Североисточниот регион. Средбата беше посветена на улогата, работата и соработката со Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, како значаен механизам за унапредување на дијалогот меѓу институциите и граѓанските организации.

  • OТВОРЕНО ПИСМО | Дали претседателката Сиљановска-Давкова легитимира организации поврзани со движења против правото на абортус?

    Мрежа за заштита од дискриминација испраќа отворено писмо до претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод нејзината неодамнешна средба со претставнички на здружението „Јас сум жена“. Со […]

  • Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина

    Од 5 до 7 октомври, во Приштина се одржа Civil Society & Think Tank Forum 2026, официјалната платформа на граѓанското општество во рамки на Берлинскиот процес, на кој учествуваше и Finance Think. Во текот на трите дена, низ повеќе тематски дискусии, претставниците на граѓанските организации и тинк-тенковите од Западен Балкан имаа можност да дадат свои […]
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина first appeared on Finance Think.
    The post Finance Think на Форумот за граѓански организации и тинк-тенкови 2026 во Приштина appeared first on Finance Think.

  • Граѓанското општество од Западен Балкан го даде својот придонес во пресрет на Самитот на Берлинскиот процес

    Овогодишниот Форум на граѓанското општество и тинк-тенк организации (CSF 2026) се одржа во Приштина од 5 до 7 октомври. Форумот, како официјална платформа на граѓанскиот сектор во рамките на Берлинскиот процес, уште еднаш ја потврди незаменливата улога на граѓанскиот сектор како мост меѓу граѓаните, експертската заедница и донесувачите на одлуки.

  • Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе

    Одржана базична обука за прва помош во Свети Николе На 4 и 5 октомври 2026 година, во просториите на ООУ „Гоце Делчев“ во Свети Николе, се одржа базична обука за прва помош, организирана со поддршка на Operation Florian од Велика Британија. На обуката учество земаа членови од три доброволни противпожарни друштва: ДПД Свети Николе, ДПД…

  • ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ

    Вчера (7.10.2026 година) на Пленарна седница на Собранието на Република Северна Македонија, на прво читање беа разгледани предлог измени и дополнувања на Законот за животната средина. Веќе за 13.10.2026 година е закажана седница на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање на […]
    The post ЗАКОНИТЕ МОРА ДА ГИ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ЗА ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, А НЕ ДА ГИ КРЕИРААТ appeared first on Myla.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор