Урбан дијалог… денови на креативно работење во Маврово
Претставници на Гаус Институт, МНД-Битола, граѓанските организации „Новак 2014“-Новаци и Лидер Плус -Могила, од 14 до 16 декември во Маврово, врз принципот „работа во мирни услови“ (Work in Peace), што значи не под притисок на урбаниот метеж и нон-стоп ѕвонење на мобилните телефони, одржаа „Обука за обучувачи“.
Оваа активност која е во рамките на проектот Иницијативата за јакнење на партиципативната култура во урбанистичкото планирање во Република Македонија овозможи на едно место да се соберат и дружат експерти и претставници на граѓанскиот сектор од пелагонискиот регион, а со единствена цел да се „рефрешираат“ досегашните и обезбедат нови знаења кои пак ќе бидат пренесувани на јавноста во пелагониските општини.
Проектот координиран од м-р Александра Лозановска им овозможи на учесниците да се запознаат со информатички и комуникациски алатки за учество на граѓаните во урбанистичкото планирање, со посебен акцент на веб алатка за што говореше проф. д-р Игор Неделковски, додека за процесната вештина лобирање и нејзина примена во пракса со посебен акцент на урбаниот дијалог, говореше доц. д-р Марјан Танушевски.
Обуката за обучувачи од првиот момент се реализираше динамично, интерактивно и со голема соработка, од што произлезе заклучокот дека освен квалитет… тоа беа и инспиративни денови на креативно работење за сите учесници.
Продолжуваме со следната фаза од овој проект поддржан од ЦИВИКА Мобилитас.



![[Aggregator] Downloaded image for imported item #41227](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2025/11/mk1.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #41232](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2025/11/0-02-05-6a49106fa1b0e26564e238f00517702071294e723f8493ed455f8dcb698d1f65_774730386973985d-768x1024-1.jpg)
![[Aggregator] Downloaded image for imported item #41281](https://civicamobilitas.mk/wp-content/uploads/2025/10/img_0087-768x1024.jpg)

