Astra 2025.jpg

Учество на ЕСЕ на годишниот состанок на мрежата АСТРА за 2025 во Краков

Координаторот на Програмата за јавно здравје на Здружение ЕСЕ учествуваше на годишниот состанок на мрежата АСТРА за 2025 година во Краков, Полска — живописен и инклузивен простор кој ги обедини организациите – членки и сојузниците од Централна и Источна Европа и Централна Азија.

Во текот на два интензивни дена исполнети со дискусии, размена на искуства и заедничко планирање, учесниците се осврнаа на клучните постигнувања, ги идентификуваа заедничките предизвици и придонесоа кон насочувањето на стратешките приоритети на ASTRA за периодот 2025–2026. Програмата опфати:

  • ажурирања од организациите – членки,
  • World Café сесија за најдобри практики,
  • работилници за застапување на ниво на ЕУ и ОН,
  • специјализирана сесија за намалување на граѓанскиот простор и подемот на анти-џендер движењата во регионот.

Еден од најзначајните моменти на средбата беше започнувањето на процесот на консултации за новата стратегија на ASTRA, кој поставува основа за обновена регионална визија. Во рамки на настанот се одржаа и сесии за самозаштита и лична моќ, како и снимања за претстојниот документарен филм на ASTRA, што додаде креативна и лична димензија на собирот.

Средбата уште еднаш ја потврди улогата на ASTRA како клучна платформа за соработка, солидарност и акција во унапредувањето на сексуалното и репродуктивното здравје и права.

This post was originally published on this site

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор