Untitled Design (21)

Тркалезна маса помеѓу донесувачи на одлуки и млади на локално ниво

Во рамки на проектот „Младите се гласот на промените во општините“, во Прилеп  се одржа Тркалезна маса помеѓу донесувачи на одлуки и млади на локално ниво на кој учество зедоа градоначалниците на Општина Прилеп и Општина Крушево, членови на советите на двете општини, претставници на локални здруженија, младински активисти и млади од Прилеп и Крушево. 

Целта на Тркалезната маса беше да се поттикне отворен и конструктивен дијалог помеѓу младите и локалните донесувачи на одлуки, како и да се зајакне поддршката за младинските иницијативи и младинскиот активизам на локално ниво. 

На настанот беа презентирани два Документи со препораки, изработени од младите, кои ги отсликуваат потребите и предизвиците со кои се соочуваат младите во двете општини. Препораките повикуваат на: 

  • поголема одговорност и отчетност на локалните власти; 
  • континуирана институционална поддршка за младинскиот активизам; 
  • создавање услови за активно учество на младите во процесите на локално донесување одлуки. 

На Тркалезната маса учесниците овозможија квалитетна дискусија, размена на мислења и отворање на можности за понатамошна соработка меѓу младите и локалните институции. 

Младински Совет Прилеп во партнерство со Здружение на млади ЕМПАУРИНГ Крушево го спроведува проектот „Младите се гласот на промените во општините“. Овој проект е субгрант добиен во рамки на „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2“ финансиран од Европската Унија. Содржината на веста не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија и на Граѓанскиот ресурсен центар.

#јасграѓанинот

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Здружение МЛАДИНСКИ СОВЕТ Прилеп

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор