Трибина: „Жените и фудбалот, половата дискриминација и медиумската покриеност во Македонија“
Објавено: 17/10/2017
Организацијата на жените на општина Свети Николе ги поканува сите заинтересирани на трибината: „Жените и фудбалот, половата дискриминација и медиумската покриеност во Македонија“. Настанот ќе се одржи на 18 октомври 2017 година со почеток во 19 часот во големата сала во општина Свети Николе.
Целта на трибината е да се поттикнат позитивни општествени промени за надминување на половата дискриминација, еманципацијата и сексизмот на фудбалските терени како и поголема медиумска застапеност на женскиот фудбал во Македонија.
На трибината ќе земат учество жени со фудбалска кариера од Свети Николе, спортски работници, тренери, професори по физичка култура, новинари, членови на невладини организаци и граѓани на Свети Николе и пошироко.
Организацијата на жените на општина Свети Николе е корисник на институционален грант од Цивика мобилитас. За повеќе информации можете да го погледнете нивниот профил.