20180420 cgk vest

Тендери со една понуда

Ниската конкуренција на тендерите е еден од најзначајните индикатори за слабостите на системот на јавни набавки во земјава. Просечниот број на понудувачи во последните неколку години изнесува 2,9. Она што дополнително загрижува е уделот на тендери на кои имало само една понуда. На ниво на Влада и Собрание, просечниот удел на тендери со една понуда е 27%, движејќи се од 7% до 41% кај одделни институции. Ова го доведува во прашање обезбедувањето на некои од основните принципи во јавните набавки, како што се конкуренцијата, еднаквиот третман и недискриминацијата на фирмите. Во услови на немање конкуренција, доведено е во прашање економичното, ефикасното, ефективното и рационалното користење на буџетските средства. Она што е дополнително загрижувачки е што кај 11-те институции кај кои учеството на тендери со еден понудувач е поголемо од 30%, вкупната вредност на набавките изнесува повеќе од 100 милиони евра.

Центарот за граѓански комуникации е косрисник на институционален грант од Цивика мобилитас.

Продолжи со читање

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор