[Aggregator] Downloaded image for imported item #48854

Технолошкиот развој ја засилува улогата на Советите за етика во регионот

Претставници на Советите за етика во медиумите на Западен Балкан и Турција, деновиве се сретнаа на регионален состанок во Сараево, посветен на предизвиците за медиумските саморегулаторни тела и нивно прилагодување кон условите на медиумскиот простор што брзо се менува.
На агендата беа теми што се однесуваа на долгорочната финансиската одржливост и независноста на само-регулаторните тела, следењето на технолошкиот развој и користењето нови алатки на вештачката интелигенција во новинарството, улогата на телата за етика во медиумите кон инфлуенсерите и другите креатори на содржини, како и механизмите што произлегуваат од регулативата на ЕУ за поднесување жалби во случај на кршење на професионалните стандарди на онлајн платформите.
Советите за етика од Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Црна Гора, Србија, Косово, Албанија и Турција, веќе неколку години обединети во проектот „Градење доверба во медиумите на Југоисточна Европа: поддршка за новинарството како општо добро”, поддржан од УНЕСКО, а финансиран од Европската Унија, и натаму ќе дејствуваат во одбрана на граѓаните од неодговорно и непрофесионално новинарство, но и во одбрана на слободата на медиумите од политички и бизнис притисоци, штитејќи ја при тоа својата неависност но и долгорочна одржливост.

Посебна сесија на дводневниот состанок беше посветена на новата регулатива на ЕУ за дигиталните платформи и медиумите – Актот за дигитални услуги (DSA), Актот за дигиталниот пазар (DMA) и Европскиот акт за слобода на медиумите (EMFA).  Во овој контекст, меѓународниот експерт за слобода на говор и регулација на медиумите, др. Жоан Барата, пред учесниците на состанокот посочи можности за зајакнување на улогата на саморегулаторните тела, во согласност со стандардите на ЕУ, додавајќи дека и големите онлајн платформи треба појасно да ја препознаат улогата на професионалните медиуми, нивните уредувачки стандарди и механизмите за преземање одговорност.

Од своја страна, професорот др. Борислав Вукојевиќ, од факултетот за политички науки во Бања Лука, на сесијата со наслов „Вештачка интелигенција, новинарска етика и улогата на саморегулаторните тела на Западен Балкан во иднина“ – предизвика посебно интересирање со излагањето за можностите за напредно користење на ВИ во редакциите, осносно за неопходноста од редовни обуки за новинарите и другите медиумски работници за успешно да го следат технолошкиот развој, како додадена вредност во професијата.

Различни ставови, претставниците на саморегулаторните тела изнесоа во однос на нивната евентуална улога кон инфлуенсерите, кои во некои земји стануваат главен извор за информации на младите, или пак имаат значајно влијание за време на извори. Додека едни за залагаат за мапирање и разговор со дел од креаторите на содржини во онлајн просторот, други сметаат дека медиумите и инфлуенсерите немаат заедничко кога станува збор за професионалните стандарди, поради што Советите за етика во медиумите не би требало да го шират радиусот на делување.

Петтиот регионален состанок на медиумските саморегулаторни тела на Западен Балкан и Турција ја потврди неопходноста од соработка во регионот во името на поодговорното новинарство и заштитата на јавниот интерес, во момент кога медиумите се соочуваат со политички и економски притисоци, брзи технолошки промени, со содржини генерирани од ВИ и промена во начинот на кој публиката им пристапува на информациите.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Совет за етика во медиумите на Македонија (СЕММ)

Продолжи со читање

  • Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест

    Зад секоја вест за насилство врз дете, стојат дете со нарушено чувство на сигурност, семејство кое живее во страв и неизвесност; и заедница што треба да се запраша дали можела да стори нешто порано. Но, не секое насилство станува вест. Некои деца молчат од страв […]
    The post Насилството врз децата не почнува кога ќе стане вест, а превенцијата не треба да започне откако насилството ќе стане вест appeared first on Myla.

  • Eco Social Voices претставен на YCDF Skopje Local Point: Младите како двигатели на климатските промени

    Климатската акција започнува со младите, нивните идеи и можноста активно да учествуваат во создавањето промени. Во Europe House во Скопје, Еко Логик, во партнерство со Youth Climate Diplomacy Forum (YCDF), го претстави проектот Eco Social Voices на презентацискиот настан посветен на YCDF Skopje Local Point. Настанот беше можност за запознавање со целите, визијата и активностите […]

  • Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување

    На 16 и 17 октомври 2026 година, Институтот за европска политика (ЕПИ) го организираше првиот модул за обука во рамките на проектот „Decode the EU – Communicating EU policies together“ во Струмица. Дводневната работилница собра 10 новинари од различни медиуми, со цел да се зајакне аналитичкото известување засновано на докази за процесот на пристапување на […]
    The post Новинарите ги декодираат институциите на ЕУ, acquis и политиките за проширување appeared first on EPI.

  • Извидниците од Велес волонтерски работеа на санирање на конференциската сала во ИЦО – Охрид

    Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Валентин Јанкуловски, Благој Јорданов и Владимир Ивановски-Вуцо во периодот од 16 до 18 октомври 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид работена на санирање на Конференциската сала на ИЦО – Охрид. Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја…

  • Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација

    Силните економии се градат врз силни партнерства. Finance Think и British Business Association in North Macedonia – Британската бизнис-асоцијација во Северна Македонија вчера потпишаа Меморандум за разбирање, поставувајќи основа за поблиска соработка за прашања важни за бизнис-секторот, носителите на политики и општеството. Партнерството ја поврзува широката деловна мрежа на Британската бизнис-асоцијација со економските истражувања и […]
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација first appeared on Finance Think.
    The post Меморандум за разбирање со Британската бизнис-асоцијација appeared first on Finance Think.

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор