502462878 1098212348997958 2868138878337567759 n.jpg

Студија за продуктивноста на настан од Организацијата на работодавачи

Денес на настанот организиран од @Организација на работодавачи на Македонија – ОРМ ја претставивме студијата  „Подобрување на бизнис продуктивноста: Сеопфатна анализа на продуктивноста и нејзините двигатели во фирмите во Северна Македонија“
Студијата нуди длабински увид во состојбата со продуктивноста на фирмите, преку анализа на вкупната факторска продуктивност.
 Идентификувани се клучните надворешни и внатрешни детерминанти на продуктивноста.
Панел-дискусијата го збогати настанот со мислења и перспективи од високи претставници од Владата, бизнис-секторот и академијата:
  • Vladanka Trajkoska, Претседателка на ОРМ
  • Марјан Ристески , Заменик Министер за економија и труд
  • Angel Dimitrov, Претседател на Собранието на ОРМ
  • Доц. д-р Dejan Stankov, Директор на Државен завод за статистика
  • Сашо Клековски, Директор на Фонд за здравствено осигурување на Македонија
  •  Д-р Даниела Бојаџиева, Економски факултет при УКИМ

Целта е да се поттикне креирање ефективни политики и мерки за зголемување на продуктивноста. Студијата е изработена од Finance Think за потребите на ОРМ, а финансиски поддржана од International Labour Organization, Employment and Social Affairs Platform (ESAP) 3.

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Институт за економски истражувања и политики Finance Think

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор