Et5a1489

Стапката на инфертилитет расте, превенцијата не смее да изостане

Фертилитетот во фокус: експерти подготвуваат прв Национален водич за заштита на фертилитетот

Во Република Северна Македонија се раѓаат сѐ помалку деца, а сѐ повеќе луѓе се соочуваат со проблеми со инфертилитет. Со стапка на фертилитет од околу 1,5 деца по жена, значително под нивото од 2,1 потребно за природна обнова на населението, земјата веќе влегува во сериозни демографски предизвици.

Но прашањето кое ретко се поставува е дали правиме доволно за да го заштитиме фертилитетот пред да стане проблем?

Досега, фертилитетот во земјата најчесто се третираше дури кога можностите веќе се намалени, односно кога луѓето се соочуваат со неплодност и бараат третман.

Токму затоа, за првпат во Република Северна Македонија започнува процес за подготовка на Национален водич за зачувување на фертилитетот кај жените и мажите, кој ќе го помести фокусот од лекување кон превенција, и ќе овозможи индивидуите да имаат деца во периодот кога ќе посакаат.

Иницијативата започнува со заедничкото планирање на активностите на ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување и МАГО – Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари, со формирање мултидисциплинарна експертска група, која ќе работи на подготовка на овој документ.

Во работната група учествуваат 10 експерти од различни области, меѓу кои:

• специјалисти гинеколози-акушери од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство
• специјалист психијатар од Универзитетската клиника за психијатрија
• специјалист гинеколог-акушер (матичен гинеколог)
• специјалист по семејна медицина
• специјалист уролог
• специјалист нутриционист
• претставници од Министерството за здравство.

Овој мултидисциплинарен пристап овозможува ризичните фактори за фертилитет да се разгледуваат од повеќе аспекти и да се изготват насоки за здравствените работници, за соработниците и општата популација. Со нив ќе се овозможи здравствена едукација на лекарите и граѓаните за факторите што можат да влијаат врз нивното репродуктивно здравје (примена на позитивните влијанија и заштита од негативните влијанија) – како да се сочува фертилитетот низ целиот животен век – кај девојчиња, момчиња, жени и мажи. Опфатени се ризичните фактори од повеќе аспекти – медицински, психолошки, животен и социјален.

Новиот Национален водич за зачувување на фертилноста кај жените и мажите ќе понуди:

• јасни насоки за рано препознавање на ризици за фертилитет
• поголема улога на примарното здравство
• подобра информираност на младите во училиштата преку програмата за сеопфатно сексуално образование
• подобра достапност на медицински препораки за општата популација
• конкретни препораки за здравствените работници.

Целта е едноставна, но суштинска – фертилитетот да се третира како вредност што се штити навреме, а не како проблем што се решава предоцна.

Фертилитетот не треба да биде тема само кога веќе има проблем. Тоа е здравствен ресурс што треба да се заштити навреме – од младоста, преку превенција, информираност и рано препознавање на ризиците.

Со оваа иницијатива, ХЕРА и МАГО отвораат нов пристап во јавното здравје во нашата земја, што подразбира системска, превентивна и долгорочна грижа за фертилитетот, тема која со години е присутна во јавноста, но ретко добива конкретни политики за превенција.

Контакт за медиуми:
МАГО – Македонска асоцијација на гинеколози и опстетричари
mkd.mago@gmail.com
ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување
hera@hera.org.mk

Оваа вест изворно е објавена на веб-страната на Асоцијација за здравствена едукација и истражување ХЕРА Скопје

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор