Совети за преговарање на хонорарен договор


Фриленс новинарите понекогаш се мачат да ги продадат своите статии – а кога тоа им успева, многумина од нив прифаќаат услови за работа и хонорари кои не секогаш им одговараат.

Во индустрија во која конкуренцијата е јака, создавањето на добри услови за работа може да биде предизвик. Дали уредниците ќе ја одбијат сторијата поради превисоката цена? А што е со угледот? Дали ќе сакаат да работат со новинар кој се обидел да преговара за својот договор?

Ветеранот новинар Алисон Мотлук 18 години работи како фриленсер за публикации како The Economist, The New Scientist и the Globe и Mail. Преку колеги, новинарски синдикати и искуство, таа научила колку е важно да се инсистира за добри услови за работа.

„Нема ништо срамно во тоа да преговарата за вашиот хонорар и условите на договорот, всушност, би рекла дека тоа е веројатно и добро за вашиот однос со уредниците“, вели таа. „Сметам дека кога тие знаат дека се цените, тоа го подобрува вашиот углед кај нив, се разбира доколку условите кои ги барате се фер и разумни.“

Еве некои од нејзините совети:

Внимателно прочитајте го вашиот договор

Новинарите треба да знаат што содржи нивниот договор. Некои клаузули можеби треба да се одбијат или подобрат, особено кога се работи за подолги стории.

Мотлук советува новинарите на обрнат внимание на неколку клаузули:

Хонорари за необјавени стории

Хонорарите за необјавени стории генерално се применуваа кога новинар морал да ја запре работата на одредена сторија на самиот почеток од процесот, на пример поради тоа што сторијата била преслаба. Меѓутоа, сега често се случува уредниците да решат да не ја објават сторијата откако поголемиот дел или целата работа е завршена.

Кога се работи за долга сторија, Мотлук бара 75 проценти хонорар доколку целата сторија е испорачана како што е побарано и 100 проценти хонорар за сторија која е едитирана.

„Авторите нека замислат ситуација во која повикале мајстор дома да им ја реновира бањата, но потоа решиле дека не им се допаѓа или се премислиле. Можат ли да не му платат на мајсторот?“, вели таа. „Не постои друга индустрија во која ја завршувате целата работа на совршен начин и потоа (лицето кое ја побарало работата) се премислува и не го исплаќа целиот хонорар.“

Детали за исплата

Мотлук сега ги менува деталите за исплата откако – како и многу фриленсери – чекала со месеци да биде исплатена, а понекогаш и не била воопшто.

Таа бара рок на испалата, како на пример „во рок од 30 дена од завршувањето“. Во последно време, размислува и да додека реченица како „доколку исплатата не е извршена на време, ќе се пресметува 5 проценти месечно за секој месец доцнење,“ за да го направи договорот појасен.

Клаузула за обесштетување

Оваа клаузула вели дека доколку некој ја тужи публикацијата или новинарот, вториот треба да ги плати судските трошоци на публикацијата независно што судот ќе одлучи. Тоа значи дека новинарот нема целосна контрола врз тоа колку ќе треба да плати.

Мотлук никогаш не ги потпишува таквите клаузули, и не сите публикации ги вклучуваат во нивните договори. Некои јасно наведуваат дека новинарот ќе треба да плати само доколку судот одлучи дека направил некаков прекршок.

Адаптирајте го преговарањето на видот на сторијата

Доколку сторијата е долга и бара правно регулирање, Мотлук советува да потпишете договор. Но за куси стории за кои сте сигурни дека ќе бидат објавени, комуникација преку е-мејл е доволна.

Чувајте ги е-мејловите како евиденција

„Мислам дека е-мејловите за фриленсерите се најдобриот изум,“ вели Мотлук.

Таа ги користи во случај на несогласување за нешто кое бил одоговорено по пат на е-мејл. Таа исто така секој телефонски разговор го резимира во е-мејл порака за да обезбеди писмена евиденција.

Не се плашете да побарате повеќе

Мотлук сега секогаш бара повеќе пари и вели дека во половината од случаите публикацијата се согласува.

Советува да ја знаете минималната цена за која би ја продале својата сторија.

„Публикациите најчесто се обидуваат да ја спуштат цената, но во најлош случај ќе понудат колку што на почетокот понудиле, така што сепак ќе биде цена која за вас ќе биде прифатлива,“ вели таа.

Приклучете се на синдикат или разговарајте со колеги

Мотлук ја започнала својата кариера во Англија каде била дел од Националниот синдикат на новинари и каде нејзините колеги добро ги знаеле своите права. Таа сега е член на Канадскиот медиумски еснаф и верува дека синдикатите се „важен извор на информации и поддршка“.

Таа исто така разговара со своите колеги за комплицирани или успешни искуства.

Меѓутоа, и покрај нејзиното искуство, таа е и понатаму загрижена за преговарањето.

„Секогаш сум загрижена кога преговарам, но исто така сметам дека тоа е безнадежна безда доколку не ги заштитиме своите права или не се бориме за добри хонорари или договори,“вели таа. „Но сé уште често се случува луѓето да се налутат или преговорите за договот да траат толку долго што губам премногу пари само преговарајќи.“

Clothilde Goujard

The post Совети за преговарање на хонорарен договор appeared first on ССНМ.

Продолжи со читање

  • Спортот не е имун на нееднаквост и насилство: потребни се конкретни и системски промени за надминување на пречките

    Со конференцијата „Фер игра: еднаквост и нулта толеранција за родово базирано насилство во спортот“, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) го заокружи процесот на собирање на податоци кои покажуваат како жените се застапени на позиции на одлучување во спортските организации. Истражувањата укажуваат и на искуствата и препознавањето на различните форми на родово базирано насилство врз жените во спортот, нивото на свесност на спортистките и постоењето, видливоста и користењето на механизмите за заштита. Учесниците на конференцијата отворија широка дискусија која овозможи да се согледаат пречките и бариерите и можните решенија.

  • Говорот на омраза во спортот

    Спортските трибини и натаму остануваат простор каде што се шират навредливи и дискриминаторски пораки, особено на етничка и национална основа. Таквиот говор, особено кога е јавно манифестиран, има потенцијал да предизвика длабоки поделби да ја наруши меѓуетничката кохезија, а има потенцијал да предизвика и злосторства од омраза. Во прилог, нашата колешка Наташа Петковска при гостување […]
    Read More… from Говорот на омраза во спортот
    The post Говорот на омраза во спортот appeared first on Хелсиншки комитет за човекови права.

  • Ограничени ефекти од обидот за регулација на онлајн медиумите

    „Порталите конечно ќе се препознаат како медиуми“. „Конечно и порталите влегуваат во закон“. „Владата со измени на закон ќе ги професионализира онлајн медиумите“. Ова се дел од новинарските наслови со кои се најавија измените на Законот за медиуми, со кои требаше да се регулира медиумскиот простор во Северна Македонија кога се во прашање онлајн медиумите. […]

  • ВИ во редакциите – новинарство што се менува  

    Од печатарска машина до интернетот, преку весниците што се печатеа од денес за утре до интернет-порталите што пренесуваат настани во моментот кога се случуваат – технологијата постојано го преобликува начинот на кој се собираат, се објавуваат и се консумираат вестите. Вештачката интелигенција (ВИ) е последната новина што ја трансформира работата во редакциите, давајќи му шанса […]

Регистрирај се и добивај новости, информации и можности од Цивика мобилитас. Испраќаме не повеќе од 1 до 2 пораки месечно.

Регистрирај се за информатор